1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето искуство со слабите оценки

Дискусија во 'Образование' започната од Buttterfly, 18 ноември 2011.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ех ме потсетивте на училишните денови , јас одев со уживање на училиште , за секој предмет во средно си имав посебна тетратка во која си раскажував лекции , за хемија беше најдебела ги обожавав равенките и хемијата , се чудам зошто не отидов на природни науки :?:

    Туку да се вратам на темата , немав искуство со единици , јас одев по натпревари собирав дипломи па за единици не стануваше збор , впрочем во "мое време" тоа беше срам .. Не ми се јасни денешните деца кои како со гордост кажуваат дека ќе одат на полагање :drunk:

    Единствената оцена во дневник помала од 5 беше во 7 мо оделение, 4ка по физичко на полугодие ..
    Искрено стрес беше тоа за мене , едвај ја поправив :D

    На моите им беше досадно на родителска се истото па истото :lol:
     
  2. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И јас сум во слична ситуација како твојата..Од Битола сум и учам во Средното техничко училиште,По техничко цртање професорот ни е навистина строг бара учење човекот..Направив огромна грешка за која ако не се поправи ке се каам до крајот на животот..На почетокот ги наредив сите 5ки и признавам не обрнував внимание на тој предмет па така дојде време и за оценување и незнаев па добив 1 и тоа во дневник...Бев многу шокирана досега никогаш не сум добила единица во дневник,професорите кога ке отвореа во дневникот не им се веруваше и на советот за тромесечие сите се бунеле ама не попуштил..На полугодие ми пиша 2ка ама незнам дали на крајот планира да ми ја поправи во 5ка..

    Верувајте воопшто не ми е за 2ката колку што се плашам за тоа дека ако ми ја остави за крај нема да земам стипендија а се борам за да земам...3000 месечно навистина многу значат.Се трудам,одам на дополнителна настава давам се од себе рече во четврток пак ќе оценува и дека ќе бидам станата....Што мислите вие дали на крајот има шанси да ми ја поправи?? Многу сум загрижена и тажна сум бидејки родителите многу се надеваа на мене а јас заебав се со таа единица...Ех да можев да го вратам времето ама неможам за жал..Не сакам да ми се уништи иднината..Тој ке си замине во пензија на 10 јуни ама ако не земам стипендија ке си ја чукам главата.. :| Од кога имам слаба кај него многу лошо се чувствувамм,неможам да спија дури почна и на сон да ми излегува,постојано мислам на тоа а и на некој начин се плашам од него...Ве молам дајте ми совет немам веќе каде да се обратам ;(
     
  3. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Јас досега имам добиено две единици, една во седмо (по граѓанско), една во осмо (по програмирање), но на тестови.Не дека јас незнаев, но не бев сигурна и ништо не напишав. Тоа сѐ во прво полугодие. Во втото полугодие дум нногу активна и сѐ е топ! Има и четворки покрај петките, но лоши нема :)
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Ќе го поправиш, де. Вежбај Autocad.
     
    На Majuv4ence13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Да не се урочам сега хаха.
    Само на тестови и наставни листови имам добивано 4ки.
    3ка,во шесто,на изненаден наставен лист историја,и тоа беше воопшто највисока оцена на наставниот. :tmi:
     
  6. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Кецот по право на полугодие. :tmi:
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Лани после прво полугодие, на два теста, алгебарски дропки и корени шпацови. :D И ми шибна кец на трето тромесечие, а другите оцени една тројка и две четворки другите петки, среќа стигнав некако до тројка математика на крај, и што е најтрагично и на екстерно ми се падна математика да полагам. |(
    Оваа година немам бандери, ама математика од 4 теста три ми се двојки и еден тројка. :D
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Кец за тромесечие или полугодие не можам да замислам.
    Јас сум една од најдобрите во генерацијата, одам и на натпревари. А и повеќето наставници рекоа дека сум кандидат и за ученик на генерацијата. Сега да не се фалам пред време, ќе видиме што ќе се случи до тогаш.
    Во секој случај, нема опасност за единица на тромесечие кај мене.
    Но еве, признавам. Имам извадено кец плус еднаш. На наставно ливче. Имам традиција да правам глупи грешки на тестови на кои можам да извадам максимални поени.
     
  9. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Единица никогаш, ај да не се урочам :D
    Најниско што сум добила е 3ка во осмо, зашто нели во осмо јас фатив книга, па баш и хемија :lol: Ама се испадна супер на крај ми стави петка жената што да ми прави јас се искомплексирав за таа нејната 3ка и мака и стана :D Во средно сега само до 4ка сум слегнала ама на тест, во свидетелство секогаш само 5ки, дај боже да продолжам така :)
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Еее ми фалат тие времиња кога се замарав со оценки :D Сега учам да положам :D
    Единица ми имаат пишано само една,математика 2 година средно,и тоа за безвеза работа.
    И прокоментирав нешто на професорката,па се изнервира ме крена на табла и ме тераше да решавам задачи од новата,непредадена лекција.И пошто незнаев си ја добив единицата.Ја поправи после во 5че :D
    Во глобала одлична ученичка бев,иако физика секоја година ја започнував со 3че ама после ја оправував работата :D

    Не дека премногу учев,ама си сакав убави оценки,башка си го знаев капацитетот :lol:
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Не се фалам дека сум била најдобра ученичка во генерација, па сум добивла пофалници па благодарници па чуда зошто не ни бев и не ни добивав :D
    Искрено... капацитет сум да седам да научам.. ама пуста мрза.. Во средно не му ја секирав многу за оценките... Оние предмети кои ги сакав и ги учев со задоволство секогаш имав високи оценки зошто ги учев со ќеиф, пример Македонски пишев најубави состави во генерацијата и стално имав 5,
    Англиски јазик - го изучував уште од прво одделение.. одев на курс и ептен го засакав јазикот и не ми беше тешко да учам всушност за тестови не ни учев зошто веќе знаев од претходно,
    Историја ми беше најомилен предмет.. жива опседната сум со историјата.. нон стоп буричкам низ интернет, во книги си читам за периодите што ми се интересни,на часови јас повеќе зборав од професорот :lol: и 5ката ми беше повеќе од заслужена.. Исто имам голема дарба за уметност.. цртање и пеење, така да музичко и ликовно бев прва.
    Тоа беа тие предмети кои ги учев со задоволство додека физика,хемија,математика од никогаш не ми одеа и не се ни трудев да ги научам затоа што знаев точно на што да се определам да изучувам понатаму и затоа по нив доволни ми беа и прелазни пошто и онака не ми беа битни.

    И па фала богу досега не умрев ниту пак ми се заканил некој со пиштол да му ја кажам Питагоровата теорема или некоја хемиска реакција, ниту пак Њутновиот закон ми го побарале во самопослуга |(

    Не се срамам да кажам што по тие предмети сум имала слаби оценки... Не може секој да е надарен по се ете на некој му одат природните науки ама пак не го бива за јазици и уметност и обратно.. Секој си има дарба.. ма да доколку запнев можев да имам високи оценки и по нив но во прашање е желбата..
    Кога се нема воља за нештото џабе е. :)

    Сакам да кажам... секоја оценка што сум ја добила сум ја заслужила и не сум ја добила со бубање колку да ми стои цифрата 5 и утредента тоа што сум го учела сум го заборавила.
    Барем знам дека 5ките ми беа добиени со вистинско знаење кое го имам ден денес.
     
  12. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    О,тие оценки.
    Јас по сите имам некоја оценка измеѓу 5-ка и 4-ка.Никогаш сигурна 5-ка,ама никогаш и сигурна 4-ка.
    Искрено,јас не учам многу односно јас ич не учам а ги цепам повисоките оценки како ништо 8)
    Моите викаат по мене,ама што бре човеку,си научив,за 10мин. за 10мин. :lol:
    Е да,јас многу помнам на час.А да,кога не внимавам на час тогаш е куку леле за лекцијата.А за учење за да бидам сигурна во се што зборам-нема шанси.Крива е мрзата.Ама сепак не би дозволила да попуштам под 4-ка ;)
     
  13. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    До осмо бев одлична ученичка, и учев, многу. Бубав да не речам. Сега од сето тоа, збор не знам да изустам. До толку што ни прва, ни втора светска војна не знам кога се. Катастрофа. Не знам зошто така, ама се што ќе научам - го заборавам. Некогаш некој ќе ми спомне нешто, јас знам дека сум го учела, а како прв пат да го слушам. Ужас.
    Средно сум слаба. Некако ми здосади... учи, учи и на крај како ништо да не си учел. А прилично строго е. Ми здосади и мислам дека кој и да е на мое место ќе се откаже. По 3 саати учам 1 страна од лекција, не е нормално. Можам по цел ден да учам и да ги наредам сите 5.... ама не е тоа-тоа. Знам многу деца што бубаат, ете така бавно си учиме, ама моево е претерување.
    И се откажав.... сега сум стигната до тој степен што се прашувам по колку предемети на полагање ќе одам.

    А за на факс, кој знае... ќе се влечам со години, изгледа.
    И криво ми паѓа. Некој ќе седне и ќе прочита. Јас ќе се убијам од учење, и пак ништо на крај. Кај ќе одам во животов без школо. Не ми е сеедно. Не е фер, ама тоа е.
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Јас дека позната како одлична ученичка,ми се здосади и почнувам да олабавувам хаха дека средно пусти мерак.Учам брзо, сфаќам на час доаѓам дома читам еднаш ,лекцијата научена.Во втора година сакав да увидам какво е чувството да се добие единица и правевме тест математика ,мада задачите половично ги знаев тестот не го решив и си добив единица,колку сум се смеела ,мислам дека кога ќе ми текне се цепам од смеење. :rofl:
     
  15. Tina-Melody

    Tina-Melody Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Најмала ми е 3 сега во шесто а имав и една во петто.
     
  16. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Искрено,сум имала од сите оценки по нешто,најчесто ниските оценки ми биле по математика или физика,нели,бидејќи јас сум еден голем антиталент за овие два предмети,можеби можам да научам,ама ај што ме мрзи,па и се нервирам кога нема да разберам нешто,со сила убавина не бидува. :lol: Најважно ми е другите предмети да ми се петки,за овие два предмети веќе се навикнав ниски оцени да добивам,ама се трудам да научам што повеќе,не велам не.
     
  17. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Јас завршив основно и од 4 до 8 одд. сум со 5,00 просек. Единица не сум добила, напротив јас сум една од тие кои и за четворка се нервираат. Во средно не знам како ќе бидам, бидејќи сум свесна дека е потешко. Татко ми и братучетките од негова страна ми велат да не се секирам за оцените, бидејќи се е за ученици.
    ПС:Не учам за оценка, туку имам знаење уште од прво одделение.
     
  18. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Како се мотивиравте за да учите? Мислам јас сакам да учам али никако не ми се фајка книга да седнам и кога ке седнам читам читам читам може два саати али никако збор да ми се пикне в глава а и како што ни даваат по 3 лекции за нареден ден јас никако неможам да постигнам :@ мала помош :(
     
  19. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Оваа година добив една единица по математика. :lol: Ама тоа во тефтер бидејќи продолжив да се зборувам и по опомената на наставничката. Најниска оцена на тест ми е тројка, усно не сум добила некоја слаба оцена. Всушност и не памтам кога последен пат сум имала некоја четворка. (со исклучок на онаа од лани од екстерно заради која не ги имав сите бодови :devil: ) Друго петка до петка, така да не може да се каже дека имам некое искуство со слабите оценки. :)
     
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Лани попуштив со учењето.Од 1-7 јас отсекогаш бев најдобра, на тромесечие, полугодие, крај на година, тестови, наставни листови имав само петки- се нервирав за четворка.

    Е лани, за прво тромесечие имав 3 или 4 четворки а за трето тромесечие исто 4 четворки.Математика почнав на секој тест да добивам четворки, понекогаш тројки и еднаш на еден наставен добив двојка.Уште го чувам, како спомен де. :D А да, еднаш и во шесто исто по математика добив еднаш тројка и еднаш 2 на изненаден наставен лист. :rofl: Тогаш секако бев во шок, бидејќи бев навикната постојано на петки и петки.
    Шта чеш, не ми оди математика.Еве и оваа година за жал ја започнав со 3-ка по предметов :(
    Се нервирам, ама зошто знам дека знам и вежбам многу и тоа со наставник ама не тестовите губам концентрација и се бунам.А по други предмети немам никакви проблеми ниту на испрашувања ниту на тестови.

    Смешното лани беше што имав четворка физичко и тоа два пати, и на прво и на трето тромесечие.За инат не вежбав зошто наставникот ме нервира(ше) ама на крај јас си страдав.
    Единица среќа се' уште немам добиено.

    За оваа последна година од основно ќе се потрудам поретко да имам четворки, за да малку од малку ги засенам послабите оценки од математика :D. Но во средно ќе се опуштам... :rofl: :D