Досега не сум добила единица, прва година средно сум. Во глобала немам слаби оценки, иако понекогаш знаев да извадам 2 или 3 на тест математика, а и на други тестови. Задоволна сум со 4 и 5, ама не сакам 3. Сега за тримесечје имам две 3, ама ќе ги поправам. Секогаш, било каква и да е оценката, кажувам дома. Моите родители не се строги, и не ме приморуваат да учам.
Еднаш физичко ми стаи 1 колку цела графа зошто сум земала друга топка и дома ми кажаа дека ќе сум ја поправела да не се секирам а ја мртва ладна
Денеска ја добив првата тројка математика кај Јасмина.А останатите ми се 5454 и 5 имав на полугодие.Кој бил во Георги и на кој му предавала Јасмина тој си знае.Активна сум на час и ме знае дека усно сум супер.А плус и уште еден ќе правиме на почеток на март.Една ми вика 4 ќе ми ставела.Е сега вие на кој ви предавала таа кажете ми.
Дo oсмo немaв единици aрнo aмa сегa вo првa гoдинa кaквa мрзa ме фaти убaвo си ги нaредив aмa не се мн ќе се пoпрaвaт
За слабите оценки на учениците не се „виновни“ само децата кои што се помалку и помалку учат!!! Големи „виновници“ се и родителите, кои во денешно време имаат „искривена“ перцепција за образованието!!!
Се што се трудам на училиште е да не добијам лоша оценка зошто после тоа многу лошо се разочарувам и све ми делува како да е завршено, а уствари нема никаква врска. Единица и двојка немам добиено али незнам до кога Тројче често ми се случува на тестови по математика. Многу ми е тешко да и кажам на мајка ми али без разлика на све, никогаш не сум се обидела да скријам за некоја оценка.
Ајде помагајте! Денес добив 3 на писмена работа по македонски јазик, мислам наставничката има згрешено на мојата оценка, мислам на цело одделение ние лута поради некои причини, мислам за тоа не казни, но МИСЛАМ ДЕКА СЛАЖУВАМ ПОВЕЌЕ. Сега како да и кажам на мајка ми, а и добив петка по физика, дали идвете да и ги кажам или само петката, но деновиве рече дека ќе дојде на училиште па да не испадне после да се посрамоте пред наставничката. Осмо сум и знаете сите не фанале УЛАВИТЕ ГОДИНИ и сега незнам што да правам. Ќе може некој совет!?
Најдобро да и го кажеш истово што го напиша тука, дека си добила 3 бидејќи наставничката ви е лута, но сметаш дека заслужуваш повеќе. Секогаш биди искрена, зошто кога-тогаш вистината ќе се дознае и лажејќи само ќе ја влошиш работата. Доколку другите оценки по македонски ти се 5, тогаш оваа 3-ка нема да ти влијае многу. Јас мислам да ги кажеш двете оцени. Таман со петката по физика ќе се извадиш малку .
Дали одлични оценки претставуваат сигурен успех, а пак лоши, сигурен неуспех во иднината? Дали некој би сакал да каже какви му биле оценките и како е сега во животот?
Сум имала единици многууууу да не речам скоро сите,ама такво си беше средното школо што на крај пак завршував со сите 5.Средно повеќе беше на шала,додека пак на факултет не е баш така,сепак да не забегувам од темата,штета е да не се надоградиш,а од мое лично искуство во средно тоа е мн тешко,додека на факултет има ств.учење
Сеа во прва бев несериозна од крај до крај..ич гајле не ми беше за оценки 3ка на тест ми беше максимум.Просекот над 4.32 не ми беше.Ама као шо доаѓаше мај ми чукна нешто во глава дека морам на 4ки и 5ки да се сведам за крај.Седнав-научив-поправив.Од 13 предемти имав 10 за порпавање и од нив само 2-3 ми останаа исто оценките.Лабава сум гајле ми е битно ми е да сум одлична.Учам за себе. Не се замарајте животот не се врти околу оценките.
Веќе е крајот на школската година и имам 3 единици. Не сум тука да се правдам и да викам дека не сум крива ама мислам дека не е фер како професорите попуштаат на некои деца а на некои не. Оваа година вистина можев повеќе да се потрудам ама мора професорите да разберат дека понекогаш ситуацијата дома не е најдобра. Школото ми дава многу стрес што неможам да јадам, да спијам и косата почнува да ми паѓа. Дали некој има совет за како можам да се поправам за следната година (ако не ја повтарам оваа :/ )
Е вака, јас годинава не си ја сфатив баш сериозно и сѐ си учев кампањски Е сеа се топ беше на почеток, не ми правеше некој преголем проблем тоа си добивав 4 и 5.Арно ама, 2 недели бев болна од кои првата недела ништо не можев да учам дека не ми беше добро Втората учев, плачев, што ли не дека сфатив дека сум си се зезнала што не учев со време. Денес се враќам во школо...Ќе видиме што ќе биде од неделава.Минатата година завршив со 4.8 просек, сега се плашам да не имам некој кец за тромесечје Од моево искуство би ви рекла, сфатете го школото сериозно, но не пресериозно. Минатата година некогаш учев и по 10 саати дневно, сега сум преморена и не сакам ни да слушнам за школо
Имав многу слаби оцени и не сум горда на тоа. Не го сфаќав сериозно училиштето, а сега сфаќам дека дипломата и знаењето се битни за да не живееш од минималец.