Фала, повели Spoiler: РецепТЧЕ Речептче посебно нема. Многу е едноставна. Во млако млеко потопуваш кекси и ги редиш на табака или што и да е, над нив уште еден ред. 2 реда кекси па хопла, па пак два реда кекси и втор пат хопла. Е сега јас во млекото каде што ги бацкам кексите топам чоколадо или две ако имам претежно црно, овој пат стаив бело. Исто можеш во млекото да додадеш 2-3 лажички какао, ама ако додадеш какао треба и шеќер па јас честопати додавам нескафе од оние 3 во 1. Можеш кокос во млекото или масло од кокос да капнеш во хоплата. Јас во млекото овој пат само бело чоколадо стопив, а во хоплата изматив нескафе и додадов ванила. Во принцип кекси и хопла е, другото по вкус. И кекси од потврдите зошто тие што се ровки се распаѓаат побрзо. Ептен брзо се праи, вкусна е и лесна. Баш летно благо.