Гледам полека и на темава се развива уметност. Од утре ќе мора да се преиспитам што и каде фотографирам.
Може ли пак да ве дружам со нешто што не е кафе? Што да праам, кога не пијам. Јас пијам чај од брусница кога други пијат кафе. Со суво овошје и јатки од страна.
За дождлив ден, ама убав. Чудно, обично сум летно дете но во денови како денес не дозволувам времето да ми влијае на расположение. Туку, забележувам дека во дождливи денови сакам да се релаксирам со топло, благо и млечно капучино. Во комбинација со по некое парче темно чоколадо денес.