Не знам точно како би можело да се нарече кафево, не е баш cafe con leche, затоа што и кафето и млекото се ладни. Кафето е Lavazza за еспресо, ставено во француска преса и оставено преку ноќ во фрижидер. Млекото е обично, со најголем процент на млечни масти што може да се најде кај нас (Alpsko 3.5%). А иначе, кафето го додадов во млекото (а не обратно) ради подобр визуелен ефект при мешањето; не прави некоја голема разлика што во што ќе се додаде, затоа што и двете се ладни. Во суштина, тоа е.