кошаркари? :о две лајци инстант кафе (нескафе пример), четири лајце шеќер (јас секој пат ставам помалку оти неќам многу шеќер ми смета) и две лајци вода (колку шо ставаш инсант кафе лажици, толку вода), ги матиш со рачна маталка подолго време, или со миксер да напрајш пена. Е сега немој да ја прајш прецврста и зато се предлага со рачна маталка, пример извај од миксерот едната маталка и така или ако имаш некој слична ама припреми се ... раката ќе те фати. Јас лично на миксер удрив и малку се заборајв и тврда ми дојде првиот пат. Помека полесно се меша, и во топло млеко подобро ми излезе кафето наспроти ладно. Млекото го тураш во чашата, и пената ја ставаш врз млекото. И остатокот од неискористената пена можиш во фрижидер да ја чуваш неколку дена и само да си ставаш врз млеко кога имаш потреба. Се складира.