Не знаев дали да ја отворам темава во тело или лице, бидејќи сите тие препарати се дел од нашето козметичко катче. Во темава предлагам да постираме лични фотографии со козметичките препарати кои секојдневно ги користиме. Можеби во фотографиите ќе препознаеме нешто кое сакаме да го пробаме па ќе се консултираме што е како е од каде е, и слично. Може да ставите слики со вашите шминки, купки, гелови, тоници, парфеми... се што користите секојдневно. Мислам дека ме разбравте . Ќе се потрудам денес да обезбедам слики и од моето козметичко катче.
Вашето козметичко катче (низ фотографии) Само да го најдам кабелот од тел и ке се обидам да ставам слики од мојата скромна колекција на шминки па ајде чекаме на тебе поздрав
Сузан, поентата на оваа тема е да поставиме свои фотографии од нашата козметика на купче. Едит: Еве да започнам со фотографии на дел од мојата козметика. 1. Пудри, маскари, руменило, моливчиња, сенки... 2. Сјаеви, кармини... 3. Шампон, маска, силиконски капки... 4. Парфеми
Еве и јас се потрудив да направам неколку слики од тоа што секојдневно го користам.Не успеав да сликнам се` што користам затоа што дел од некои работи ги имам заборавено или пак ги немам видено ...
Браво за темата Еве од оно што имам понесено со мене за 4-5 недели престој во МК Неможам повеќе слики да ставам инаку користам Макс Фактор пудра и ланком крема за лице
Извинете, ама јас не ја сфаќам поентата на темава, веќе има доволно слични теми за што користиме за нега на нашето тело и лице, така да навистина ми е излишно постоењето на оваа тема. Веќе се почнавме да сликаме, нема да ме чуди да видам и тема вашето катче со долна облека па да си ги сликаме гаќите, за некоја да добие инспирација и да си купи слични. Мислам, аман
Или можеби просторот (стан,куќа) во кој живееме,дворот,улицата градот итн. Толку од анонимноста на форумот.Претеравте искрено...
На повеќе други форуми (странски) на кои сум член, одлично функционира темава и е една од попосетените. Ако јас лично се прашувам по излишна ми е темата на која се ставаат лични фотографии од аутфит, така многу повеќе се издава идентитетот. Ако сметате дека е излишна слободно избришете ја. п.с. Спомнавте споделување на фотографии од стан, куќа и слично. Баш знам многу добро разработена ваква тема на многу посетен македонски форумски портал. Во темата се бараат совети околу уредувањето на ентериерот и се разменуваат искуства дали за процес на градење/реновирање/купување и слично. Исто така многу одлична тема.
Мене искрено не ми е за анонимноста, едноставно ми е глупава темата покрај толку теми како што се нега на лице, тело, коса. Што ми значи пример да ти ги видам парфемите, кога си има тема за парфеми, а секој си има различен вкус, ако сакам да видам како мириса некој парфем ќе одам во парфимерија и ќе го мириснам, вака на слика не ми значи ништо. За производите за коса доловно дискутиравме во темите, за пудри исто, и таму се истите слики, така да јасна е излиштоста, нели
Мене баш и не ми е јасна излишноста. Но затоа сите тука имаме различни мислења и си ги споделуваме. Плус, не мора сите теми секому да му се допаѓаат. Мене тие теми што не ми се допаѓаат нит ги читам нит ги гледам.
Гирл, не ми е денес денот, така да не сакам да продолжам да ти објаснувам, си го кажав мислењето, и нема потреба повеќе да навлегувам, знам кои теми ти ги читаш и ги гледаш, уживај
Сеси, и ти да си уживкаш. Знам како е кога денот е катастрофален. Многу те почитувам како форумски лик и, и да сакаш немам намера да се расправам. Може само да те гушнам и да ти кажам рилекс грл.
Не сакам да бидам мрчатор, но темава ми мириса на...ај да си измериме, кој има..повеќе. На друг начин не би ја сфатила поентата. Никаде не се објаснува подетално за производите и зошто токму тој. Посебно ми е интересен делот "Ова е само дел од мојата колекција"..
Добро луѓе, ако не ви се свиѓа темата пријавете ја, во секоја тема вакви коментари скоро има.Има модераторки ако сметаат дека е непотребна ќе ја заклучат и готово. И не дека планирам да ставам слики во темава, ама има навистина многу други полоши теми од оваа, па никому ништо.
Ех каако не . A па ние во Македонијава особено па ќе се фалиме ко кузнае шо да имаме. Саде све шанел, ланком и кристиан диор козметика користиме. Ај бе не зезајте, ако е така и во темата за маскара, пудра, и шо ти знам кои се теми беа такви, кога кажуваме кој што користи пак е работава демек иам повеќе пари па каако не ќе ти користам макс фактор или буржоа. Јас користам диор или клиник пудра или не знам што. Ајде не зезајте сеа, не одете во крајност. Ако е така и во темата за лични фотографии од аутфит може да ја сфатам кој има повеќе пари да се пицне става највеќе слики. Ептен се фаќате за ситници. Реков, кому не му се допаѓа нека не ја чита, а уште помалку нека реплицира. Не може сите теми секому да му се допаѓаат...
Темата е ок, има многу други теми кои не прават апсолутно никаква смисла (според мене), па се доста активни. Секој со своите интереси, ако ги анализираме сите теми по сопствена логика јас мислам нема да остани ниедна.
Баш така. Јас лично сум видела еден куп бесмислени теми па поради бесмисленоста на темите лично за мене ниту ги гледам, ниту ги читам, едноставно не ги перцепирам и чао. Дај не се карајте за се и сешто. Добивам впечаток дека на пола теми од форумов обавезно избива некаков куршлус на спротивставени размислувања. Абе луѓе колку глави, толку различни ставови и точка.
Мене ми се допаѓа темата. Па кој ќе ве познае по козметиката бе луѓе? Ама како сакате. Јас овие денови ќе ја сликнам па ќе ставам слики. И мислам дека не е нешто од тој вид еј види јас имам повеќе, туку целта е да се види кој каква козметика користи, па може да се праша и дали му е убава на тој што ја користи па и ние да си купиме