Да, презадоволна сум. Одлично се пигментирани и многу лесно се нанесува и бленда. Порано воопшто не поднесував руменило во мојата секојдневна шминка ама сега не можам без тој чекор. Да напоменам, јас руменило нанесувам со четката од Ebelin за таа намена и презадоволна сум.
Дали професионално се занимаваш со шминка? Ова е сон на секоја девојка, браво! Огромен избор, одлични нијанси, мноогу работи! Мислам дека низ државичкава, овие што шминкаат и "шминкаат" немаат толку многу шминки и продукти.
Веќе третпат како ми е нарачан, ептен го обожавам, за зима е совршен, баш тежок ама и пријатен. Мене ми е омилен од Авон ама и општо како парфем во топ 5 што сум ги имала.
Пред два/три месеци го средував цело катче. Испофрлав што е со поминат рок, останато дадов на некој или фрлив и тоа. Денеска се фатив пак кај шминката, сеуште има работи за фрлање, иако е мнооогуу намалено од тогаш. Буквално две кутии исфрлив тогаш. Епа сега вака: Прајмери, пудри, коректори: Giordani прајмерот и The One пудрата се со поминат рок, а фини ми беа и скоро полни се Малена пудрата ќе ја дадам на некој, зошто е многу потемна нијанса од мене. Камени пудри, контури Авон пудрата ми е темна, а руменилото ми е многу розево за мој вкус, така да, ќе ги дадам. Сетот со контури е фантастичен!!! Значи подобар склоп не сум имала. Сенки за очи Белата сенка од Голден Роуз ја имам одамна, ја користев како хајлајтер, и многу ми беше убаво, но ми се скрши скоро. Trend it up палетата скоро си ја купив, малку ја испробав, и ми се допаѓа. Маскари и моливи за очи Од Фармаси маскарата на поклон ја добив пред некој ден, уште ја немам ни отворено да видам каква е, од другите сум прилично задоволна, освен од colourbox четката е многу груба. Моливчиња многу ретко користам, овие што ги имам сите на поклон сум ги добила. Моливи за уста, кармини и сјаеви 2 дел Сите кармини ги испофрлав минатиот пат и само овие ми се сега. Баш дречава црвена нијанса долго барав и оваа само ми се погоди, кинеска продавница Од Голден Роуз го добив скоро, ама не ми е по ќеиф нијансата. Четвртиот ми е најомилен. Мат, не ги суши усните, долго стои Од овие некои ќе дадам на малите мои да играат Вториот е исто Кајли ама фејк изгледа па се се избриша. А од лореалот ништо почоколадно не мириса Ајлајнерите малите мои ги гледав ги чепкаа пред некој ден, сега неможам да ги најдам. Ќе ги барам во корпата до играчки
Ви се восхитувам колку убаво си ги средувате. Јас користам само пудра руменило маскара и кармин. Пудра не сум нашла убава, односно ми треба некој бренд кој произведува пудри со голема палета на нијански. Не само 5, морам да си ја најдам мојата боја. Да покрива убаво, но да не ми тежи на лице и да изгледа како малтер. Не е важна цена, ве молам предлог
Ова ми се последните производи што ги купив, ги нарачав на Instagram од официјална страна на LR, малце се поскапички, ама кожата ми е преубава. Топло ги препорачувам. Користев и на балеа но овие се 100% подобри за ходратација на кожата.