Која е разликата помеѓу двете маскари од Maybelline? Се мислам дали таа со бело или таа со црно да ја земам затоа прашувам
Искрено, според мене и нема толку голема разлика меѓу нив две освен четката. И двете имаат гумени четки, меѓутоа црната маскара ми се чини како да има поретки и потенки "влакна", додека розовата маскара има накривена четка со погусти "влакна" на едната страна. Поради тоа, црната маскара ми е погодна за долните трепки бидејќи не се размачкува многу, а розовата маскара повеќе ја користам за горните трепки поради формата на четката. Сепак, бидејќи претходно ја користев Golden Rose маскарата и повеќе ми се допаѓаше четката, не сум многу навикната да користам маскари со гумени четки и поретки "влакна". Ова е барем мој личен впечаток за маскарите. Сметам дека розовата маскара е за нијанса подобра од црната маскара, барем според мене. Се надевам дека моето мислење ќе ти биде од некаква помош и корист...
Откако ќе избришам шминка го проаѓам лицето со него, да доизвади шо останало. Не е лошо иако од сите вакви очи ме печат, па не ги користам често, само кога ептен шминка имам на мене...
Доста време ве следам тајно... Ајде да ставам слики и јас од моето скромно катче Тело и лице - лосиони,млека за тело, парфеми... (ги заборавив ролоните и дезодорансите) Се' за очи - маскари, моливчиња, туш Пудри, коректори и прајмер Палети Камени пудри, бронзер, хајлајтер (омилен ) Моливчиња, карминчиња, вазелини (и плус некои заборавени по ташни ) Креми за раце/лице Ги заборавив лакчињата, а се' што имам за нега на коса ми е во купатило така да тоа друг пат П.С. Ако некој ја има сретнато некаде палетата сенки од Мeis (таа што ми е сликната со 8те земјени сенки ) ГО МОЛАМ ДА МИ КАЖЕ ОД КАДЕ ЗА ДА ЈА КУПАМ ПАК ФАЛА
Ова е моето козметичко катче во Малта. Четките ги чувам во теглички мали, а ги мијам еднаш неделно. Го сликав само оној дел што го имам купено тука затоа што порано имам постирано тоа што го имав во Мкд. Дел го донесов овде, дел ми остана дома. Моливчево е темнозелено ама не успеав да го доловам убаво. Сакав да направам еден swatches на палетите. Ако нешто ве интересира пишете ми.
Големите се bh cosmetics, а малата е tecniques. Малата јас немам пробано уште, а bh cosmetics сум најзадоволна, трајни и пигментирани, лесно се блендаат. Најчесто ја користам бледо розевата која не е многу видлива ама со надоградување убаво стои, нежно.
Комбинирана. Океј е за цената, веднаш се впива, но потешко се размачкува на сува кожа. Ја комбинирам со Диферин, и не ми ја суши кожата. Битно ми беше да не е комедогена.