Мојата козметичка колекција Спојлер: рецензија на продуктите Есте Лаудер за жал не ми одговараше, сега го пробувам серумот на виши.Од млекото за чистење на лице на нивеа сум презадоволна, ја вади шминката без триење на лицето, прекрасно е исто и од пилингот за лице на балеа сум многу задоволна. Од сенките од сите сум задоволна посебно sophx. Сјаевите сите ми се погодени , а кармините од trend it up ми се промашај. Пудрата е предобра за тие пари,а стикот покрива се.Коректорот на мејбелајн не ми се допаѓа. Прајмерот крема на нивеа што е 2 во 1 е предобра, прајмерот на лореал е исто многу добар. Од производите за коса најмногу жалам за шампонот на керастазе кој е против опаѓање на косата и не си ја врши својата работа.Пари фрлени во вода 25е.Од колекцијата на Ботаника на Лореал имам капки , шампон и маска.Премногу ја мрсат косата и воопшто не сум задоволна.Од другиот шампон на Лореал сум презадоволна исто и од шампонот на Балеа.Косата ја прават како свила мека и мирисаат преубаво.Посебно пофални зборови за Балеа кој што чини 55центи
Јас конкретно го купив против акни, поради салицилната киселина, но не го користам често за да забележам резултати (користам и други производи во меѓувреме). Имам приметено дека го намалува лачењето на себум следното утро кога ќе се разбудам. Би требало да има резултати ако се користи повеќе пати неделно, не ја суши кожата што е најбитно.
Исчистено и проредено 1.Козметика за коса 2.After shower 3.Препаратива и декоратива лице 4.Кармини и сјаеви и производи за очи и веѓи
Искрено од тој розевиот нити волумен имам повеќе нити нешто особено лесно се расчешлува косата, убаво мириса и наводно има заштита при топлина, искрено не би купила пак, а тој со sea salt е добар, дава волумен, ја држи косата како лак да имаш ставено, а лесно се чешла, составот е емулзија има масни капки да го протресеш за да не се суши косата, тој е 10ка за парите.
Во последно време си го обожавам. Дали дека прв пат ми е волку средено, и дека сите производи ми се на едно место
Како си задоволна од кремата на др. Хаушка? Пишува Мелиса така? Ја користам моментално од роза, но миризот не ми се свиѓа и многу ми е мрсна...
Да Мелиса е кремата Супер е , јас моментално ја користам само како ноќна (за преку ден користам спф крема) . Не е мрсна , лесно се упива , не е мат ,не ги суши сувите делови на кожата. Наменета е за комбинирана мрсна кожа. Таа со роза е за сува кожа , ако имаш масна кожа сигурно дека не ти одговара