Се извинувам во првото мислење што има само 5 слики, мислев толку може ако може модераторите нека ги спојат.
Банана пудрата не ми е нешто посебна, ја користам обично во лето кога се потам повеќе зашто имам сува кожа и ако ми светне многу лицето за да матирам, ако ти е мрсна кожата супер би била. Маската ти ја препорачувам, преубаво мириса ќе посакаш да ја изедеш. Полесно ми се расчешлува, има сјај и е многу мека косата од маската.
Pixi Glow tonic, ексфолијант е со гликолна киселина. Ок ми беше, најмногу ми делуваше на порите, ми се стеснија. Скоро потрошено ми е шишенцето ама не планирам да го купам пак дека сега зедов од The Ordinary гликолна киселина да ја пробам.
Па имам комбинирана кожа со одредени суви делови.А со избор на нијанси како е? Погодена ти е? Маската обавезно ке ја земам деновиве,одамна ја меркам