Можеш ли да ми објасниш како ја користиш палетата за контурирање на Аура? Ја имам истата, ама не знам да користам такви контури како сенки што се, досега само од тие кремастите сум користела.. Со каква четка ги нанесуваш?
Со оваа четка на Аура контури правам,многу е квалитетна со години ја имам. Иначе палетата е малце чудна и тешко се блендаат контурите па многу ретко ја користам,ја чувам за хајлајтерот и белата камена пудра не се лоши плус ми мириса на ракија малце.
Еве можам јас да ти кажам тоа е руменило/хајлајтер на makeup revolution јас имам купено две нијанси едната од александар другата од golden rose.
Еве сликички од мојaта шмина ( не замерувајте малце е нафрлано ама не сакав да биде фејк да средам ради слика а и искрено ме мрзеше )
Vitacolor е за нормална/сува кожа, има масло така да никако не е за масна кожа, покривна моќ огромна нема потреба од коректор воопшто кога ја користиш неа. Прајмерот ништоо, не гледам никаква разлика кога ќе го ставам и кога не го ставам, но не само од него, воопшто од ниту еден, така да апсолутно не ти е потребен според мене. Јас ради реда го користам, сум го купила па ај да го потрошам.