Ова е само мојата дополна. Денес менпоздравија од iherb. Кога ќе го средам моето хаотично катче ќе сликнам и друго. Ама на овие ептен се израдував
Денес правев генералка, па дојде време малку да го средам и козметичкото катче. Не дека користам се, особено кармините сега за под маски, ама имам опсесија со купување. А има и дел што не е сликан, зошто не сум почнала да користам.
Како си задоволна од Хаушка колекцијата? Ја користам само пудрата и сум презадоволна, па мислам се да земам и дневна за лице и за околу очи
За жал не е од тука. Јас ја нарачав од ихерб и таа и другата вајлет лајтс. А многу се убави боите. Млекото за миење ми е убаво за наутро, наместо гел или пена. И кога чистам шминка, ако нешто остане околу очи, поминувам со млекото на памукче. Кремата мелиса е убава за комбинирана кожа. Таа за околу очи не е ништо подобра од таа на конопка (ја користев пред неа) па имајќи ја предвид цената би се вратила на конопка. Пудрата е убава, ама мене нијансата ми е темна ( во аптека ме убедуваа дека најсветлата ќе ме прави како дух) и сега стои, се мислам како да ја користам.
Лесно се нанесува, не остава бели траги, има мат ефект. Убава е и за под шминка. Само не ми се допаѓаше што има прилично алкохол, кој се осеќа и на мирис.