Најново од последните 2 месеци. Вака со темава си водам евиденција шо сум си купила да знам од кога ми е...
Парфемот од авон колку од прилика трае и дали треба да познавам претставник за да го нарачам или може директно од страна?
Дечко ми ми го подари, мајка му од колешка претставник во Авон го порачала. Одамна од Авон немам јас порачувано, но порано земав преку луѓе што беа претставници, вака онлајн мислам немаат опција. А, инаку траен е доста, дури некако потежок е од обичниот Far away, но ми се свиѓа, цело време го чувствувам на мене, маиците мирисаат на парфемот се до перење. Ако сакаш потешки парфеми, земи си го, траен е доста.
Производи од кои сум најзадоволна и повторно и повторно ги купувам 1.СПФ 50 кој ми ја хидрира кожата ама нема масен траг и се суши на мат.Конечно носењето спф не ми е мачно 2. Хидратантна крема со многу лесна крем гел текстура 3. Серум со концентриран бакучиол во сквалан. 4. Ноќна крема со пептиди, предобра со преубав мирис. Порано ми ги носеше сестра ми од Србија, ама сега ги најдов и кај нас.
Од GreenHeals.mk имаат страна на фејсбук. Изгледа само што ги имаат увезено производите кај нас, бидејќи фб страната е нова, а и прв пат ги наоѓам тука. Даваат и совети според типот на кожа ептен ми се допаднаа.
За нега лице : (Заборавив гелот за миење на Bioderma да го сликнам ) Фиксатори за лице и тело - тоа десно е со светки и е преубаво. Единствената спф крема што ја користам моментално и ми е при крај Лосионот за тело го обожавам. Мириса појако од парфемот Angel Манијак сум за течни пудри ги користам сите, MAC е при крај, таа на Fenty слабо ја користам зошто баш не ми одговара. Maybelline не сум ја отворила уште од прајмерите, на Катрис е супер, другиот не ми се допаѓа ама ќе го потрошам... Течни мат кармини и еден сјај (на MUA) Обични кармини, во последно време "заразена" со Chilli и Syrup на MAC Течни руменила, хајлајтер , две камени пудри и една во прав и веќе познатата палета со бронзер , руменила и хајлајтер на Бенефит. Најкористени ми се течните руменила и пудрата на Виши, а пудрата на Fenty е најкатастрофалното нешто што го имам купено Коректор и молив/гел за веѓи Коректорот е одличен , но не ми се допаѓа пакувањето Ајлајнерот на MUA ме разочара, не е траен како тој на Есенс. Мора да ставам од базата на MAC за да "држи" инаку се растекува зошто имам масни капаци. На Есенс се знае, не се брише со ништо. Базата ми е при крај и само чекам попуст за да си ја купам пак, а пакувањето ќе оди за Back 2 Mac останатите се моливи за очи и усни. На MUA врв се моливчињата, пигментирани и трајни, одлични за цена од 2 евра Од маскарите , на Korres ми е при крај веќе , а солидна беше. На Мејбилин е супер , а Ланком исто прекрасна, трепавиците како вештачки ми ги прави. Единствена маскара од Ланком што сум останала задоволна. Hypnose ја имав пробано и е катастрофа. Само потешко се вадат овие две..