Мацке, ги има во Шатци, 245 денари се. На други места не ги видов мислам. Ако ги приметам ќе ти кажам. Секаде треба да се со оваа цена.
сите имате прекрасни козметички катчиња, ви се воодушевувам и по малку ви завидувам еве некое сличе од моето катче, ке забележите се мие од орифлејм, плус минус нешто друго
Боа одамна го мислам овој парфемов најлево Дона Каран,па да те прашам,како мириса и колку го зема?И од каде Инаку јас ако ги ставам мојте работи,ќе останете ококорени колку МНОГУ работи имам јас ...
И јас одамна сакам да ставам, ама кога ќе погледам некои по 5-6 маскари, 10 креони, сенки колку ти душа сака веднаш се предомислувам
слободно ставете си сликички од тоа што си користите, а воопшто не се секирајте за количината, побитен е квалитетот
Супер колекции женски Неможам никако да ги ставам сликите убаво да се гледаат или се премали или се преголеми
Хахахах моето беше кажано онака засрамено ,мојве не се ни мерат со вашиве.Немам многу работи а не се ни марки.Ама ќе се потрудам да ставам по нешто другава недела . Инаку девојки стварно едно гоооолемо БРАВО за вашиве колекции,прекрасни се,се гледа дека сте негувани и убави женски!
пирамитке сакав да те прашам како си задоволна од шампонот toni&guy мислам така пишува ги имам видено кај нас по маркетиве,за да знам нареден пат да земам ако се убави
Сакаш да кажеш дека имаш малку или многу работи? бидејки на претходната страна пиша дека си имала многу..тоа иронично кажано или? иначе не се срами, и јас имам малку работи, ептен малку за разлика од повекето тука .. да да од поодамна ми е, мислам дека мајка ми го има купено али пред 1-2 години може има.. а ја не ни знаев дека имало и други бои, мислев само розевава е, па кога видов твоите а ова плаво-зеленото трио баш ме бендисва..мислам дека може убаво смоуки ај да се направи а за ова розевово, ако си од скопје, прашај у јуник и по парфимерииве би требало да го има..ако не, па и не е којзнае што..да ти кажам одма дека боите се прилично меки и нежни, ја ја користам тоа најтемната розевка (на искачање обично) и онака мноогу се обидувам да ставам за да добие некаква боја бидејки не пушта многу..не остава толку јако како што изгледа..али вака како нијанси убави се,ми се допагаат
Ника пофалби за изборот Кажи ми тоа триото сенки Дебора или Аура ти е? Ако е аура - давај извештај, баш вчера се мислевме какви се Едит - и тие палетките од 12 сенки - што се, какви се, колку се, од каде се? Уште еден едит со прашање за Лакримоса: Што е она на третата слика измеѓу палетата ко цветче и кармините? Зјапам во него едно 2-3 минути и не можам да го дефинирам Инаку, супер е и твоето катче.
Лакримоса имаме исто млеко за тело Омбиа, ми се допаѓа слично ми е на Елдена. Туку сакав да те прашам за кремите на докторс, за каква кожа ти се, задоволна ли си од нив. Една другарка почна да ги користи,па се фали дека е задоволна, но мислам дека нејзиното пакување е во друга боја. Инаку јас од докторс го користам само кремот против подоцници, не е лош. п.с. Пофалби за сите феминки, навистина имате убава козметика, мене се некако ме мрзи да фотографирам и да ставам слика.
Аура е... Боите се убави не се прејаки светкави, мене ми се свиѓаат, единствено не ми се свиѓа нијансата на таа потемната кафеава бидејки е некако чудна бордо кафеава е али вака ми се допаѓаат боите останатите бои и не се многу скапи
Ника, еве и јас да се вмешам околу Аурата- колку пари ги купи тие тробојни сенки? И што се тие двете бели од Аура на првата слика, некаква пудра, или... ? И цена, плииис