Јас ставив слики зошто едноставно ме мрзи да копам по интернетов па по сите теми да ставам слики од тоа што го користам Мојата намера не беше еве видете имам пари па користам Lancome,Chanel тие производи ги купувам за истите пари како во Мк да купувам на пазар
Незнам што толку коментари не ви се допагала ако не ви се допага игнорирајте ја . Мене едноставно ми е ок да видам кој каква козметика користи и доколку нешто ме интересира да прашам колку се задоволни и колку чини. Незнам зошто толку многу не ја коментиравте темата за храбрите фименки кои трчат низ цел град да соберат гардероба само да се сликаат и да објават слики?
Мене темава ми изгледа сосема ок. Погоре се спомна дека темава мирисала на тоа кој колку имал. Не ми изгледа така. Ако е за тоа, исто и во темата каде се покажуваат комбинациите на облека, според вашето мислење испаѓа дека се фали секој со тоа колку гардероба има, и каква. Али поентата е нели друго. И двете теми се ок. Така да не е толку страшна темава колку што се прикажа, барем мое мислење. Плус си пронајдов нешто што го користев одамна а не ми имаше текнато на тоа. Ама сега пак ќе си го купам.
Не сум премногу преокупирана со козметика. До пред година дена да ме прашавте кои козметички производи ги користам ќе речев МАМООООО ШТО КОРИСТИМЕ? Се ми купуваше она освен лакови Сега си купувам јас, иако пак си крадам нешто од неа. Иначе баш во неделата правев генералка и исфрлив пола козметика, па не ја користам и само ми стои за џабе, се фрлив, фрлив и едно 20 лакови полуисушени. Така да се од сликиве се користам, нема непотребни работи. Еве го моето царство од лакови Спојлер Ова ми е козметиката што си ја користам постојано Спојлер Сенки преретко користам, па ќе увидите дека се нискобуџетни, ама ги имам во секоја боја и нијанса Спојлер
imorena Кажи ми те молам на првата слика сребрената сенка за очи ти е од Oriflame така? Таа и златната ги сакам ПРЕМНОГУУУУ.. Кажи ми од одамна ти е или? Зошто јас ги немам начекано со години во каталог. Ептен се квалитетни и ај израдувај ме дека пак ги произведуваат жити се
и мене ми се допаѓа темата, баш ми е океј има многу непотребни теми па си стојат на кој му се чита нека чита. еве јас одма имам корист да ја прашам rossonerka clear skin колекцијата, тоа е гелот за миење или корективниот крем, колку си задоволна од нив? јас користев гел против мозолчиња и одличен беше! иначе ќе ставам слика кога ќе бидам дома,тогаш можам се да сликам сега со мене имам само некои основни козметички производи
Да, сенката е од Oriflame и ја добив од една другарка како подарок околу Нова Год. И мене тие 2ве сенки ми се омилени, а дали се произведуваат уште не знам да ти кажам за сигурно. Тој период сигурно ги имаше во продажба, зошто сенката беше тазе (таман работа да не беше). Ако имам некаква информација ке те известам...
Е да знаеш колку си ме усреќила сега Те молам не заборавај, прашај ја другарка ти и прати ми лп. Не си свесна колку се имам вљубено во сенките Зарем сум пропуштила таква прилика Се надевам дека пак ќе ги има и дека ќе ги начекам.
Да едитирам и да кажам дека направив чистка на непотребните (празни) шишиња од парфеми. Ги задржав само празните шишенца од оригиналните парфеми (јаболчињата, Givenchy-то и Lancomе-то. Сметав дека нема потреба да чувам празни шишенца од B.U. и Oriflame парфемите. Се на се се ослободив од... 5 шишенца.
Сестра ми ги зема, јас еднаш до два пати неделно гелот го користам, ништо посебно не е, како пилинг е. А повеќе си го сакам гарниер пилингот. А дали на овој крем мислиш? Не го користам често, ама пред некое време почна да ми излегува големо мозолче ставав цел ден од ова и за 2 дена немав ни мозолка ни ме болеше ни ништо. Дали е случајно или намерно не знам
^^ сигурно ти поминало од тоа и мене ми поминуваат за 2 дена од гелот за миење иначе мислам за корективен гел (нешто како подлога за пудра и во исто време и ги суши мозолчињата) исто е тубенцето како гелот, мислев дека е тоа па затоа прашав, ајде ќе го пробам па ќе ти кажам дали вреди да се проба
Не можам убаво да ги видам пудрите најдесно, малецките и таа што е веднаш до Орифлејмот со зелено капаче. Какви се?
rossonerka ке може да ми кажеш кој број е лилјаковиот лак и плавиот гламур а тој малиот црвениот тој е aura или баш сакам да си купам некој бордо ама што прелива на кафено темен зошто несум баш љубител на црвен лак на моите нокти а ми се допага како стое на други
плавиот ми е од на пазар (olivia 9... незнам за кој црвен мислиш има повеќе, ако мислиш на тој што е во исто паковаќе како плавиот и тој е од на пазар (olivia broj 57)..
гламур лејди да прашам за бронзерите какви се мислам име од која фирма се и колку ги зеде многу ми се допаднаа посебно големиот
првиот е estee lauder, големиот и сите три мали што се розови ми се tcw the color workshop, a златниот е kissed sun... сите ги купив швајцарија пред 2 години.. незнам дали има македонија..