^ И јас го имам тоа судокрим јееее да си се пофалам. иначе тоа кремата е за се! од црвенила,гребаници,изгоретини,дури пишува и акни...баш за секој проблем со кожата.. и многу убаво ми мириса
Не не, судокремот не е грчки производ...мислам Јас го купив минатото лето, кога бев во велика британија..кај нас 99% го нема, а во грчка незнам, можно е
Мојот е бугарски. Тетка ми работи со аптеки и она ми го даде да го пробам. Би требало да го има и кај нас сега, штом она имаше да ми даде од кремата. :/
Незнам дали го има тука навистина..но мислам дека не.. Ај после ке идам и ке ви кажам од каде е моето..
истата крема ја имам видено во Џамбо судокрема пишува и на грчки е. Баш деновиве ќе наминам да видам (ако не заборавам) дали се работи за истата крема, има мислам само големо пакување. еве вака пишува на неа, ја има во делот за бебиња каде стојат и некои козметички производи, си викам што кинеско срање е ова и баш ја земав да прочитам пишуваше произведено во Грција .
^ Исто и на мојата пишува дека е произведена во Ирска За увозник не видов.. Ауу незнаев дека грциве напраиле нивна копија
добро може не се работи за копија, туку за лиценца, на интернет видов и на бугарски, полски, хрватски итн.
Здраво феминки, еве и јас конечно се решив да ги префрлам сликите за да можам да ги постирам.Едно големо Браво за креаторот!!! јас лично многу си го сакам моето козметичко катче
Ова е моето козметичко катче мислам ова се однесува само на шминката. Ке ставам уште слики т.е ке го комплетирам катчево (сега ме мрзеше да редам и да сликам) Не е нешто кој знае што, ама јас мислам дека е добро
Да. И јас се зачудев. Ги земав од Рубин Кармин во декември. Мислев дека се со поминат рок, ама грешно сум мислела. Знам дека сега прават повеќе препаративна козметика.
^ Ја прашав мајка ми сега, не произведуваат Сатва шминка веќе 5-6 години, што значи со поминат рок се. Им ги продале на Рубин кармин во дампинг цена, ама не ми е грижа јас си ги користам и ништо не ми е.
Сефора дали си задоволна од Гош рол-ончето? Јас го користам тоа со темно плаво капаче и ок ми е, ама го осеќам мирисот, сакам некое подискретно. Ова мислам дека е посвежо, ај кажи дали да си го земам?
Wild кај тебе последно забележав дека ја имаш young derm пудрата,знам дека имате дискутирано,но сакам да прашам како си задоволна од нејзе???Сакам да ја земам за преку ден,за на школо.Фала однапред
^ Не е тоа Young dem пудра, туку крема. Инаку јас сум задоволна од пудрата, имам сува кожа и за на училиште ми е таман. Ама сепак, зависи од кожата. Пробај, не е скапа воопшто. Инаку ќе ве замолам да поставувате вакви прашања преку ЛП или на соодветна тема за да не се трупа оваа.