Aна тие секните во средина со цветчето, и тие на крај 5 боички што се во бела кутија кои се, цена каде што како???
И двете ги добив на поклон Тие со цветчето немам поим која цена се, инаку на кутичето им пишува Yolizul, Made in Spain. А вторите се Seventeen, тие од сестра ми ги добив и беа околу 450 ден.
Еве ги моите најнови сенки,иначе ми се поклон, од Америка ми ги донесоа (не ги сликав другите работи бидејки ги имам ставанао понаназад)
Оваа слика ја имаше ставено лудото, па сакав да прашам или тој што знае нека ми одговори, ова црвеното, со златно капаче што е??, баш го видов во каталогот во Авон, ама онака само го прелистав !
^ крем за раце. Упс, сега видов дека има две црвени со златни капачиња. Тоа погоре е крем за раце, а тоа под него не се сеќавам што беше. Мислам гел за туширање, но не сум сигурна.
а другото што не е во туба (кремот за раце), е од лубеница млеко за тело со светки. Убаво е многу, и богато. Јас го имам
Млеко за тело, и убавко е. Само многу е течно, но остава светки дисретно, не многу нападни! Мене тоа ми се свија. мирисот не му е нешто посебен! Ама за 140 денари и стварно ок, големо е нема да ти се потроши брзо
Интересна тема... Еве го моето катче, ништо посебно, не сум по шминки многу залетана, повеќе трошам на облека и чевли... ..продолжува...
пуфи тие четките се Eco tools така? одлични се,а видов го имаш путерот за стрии од палмерс,ти помага ли? Jас се утепав од мачкање и ништо, а и тешко се разнесува...
Да Волф4е , Еко тулс се, и многу сум задоволна , а и доста ефтини се. Путерот од палмерс воопшто не помага, ги пробав сите креми за стрии од палмерс , но се е до кожата. Јас го користам бидејќи многу ме чеша стомакот , па кога ќе ставам од него ми се смирува кожата, а стриите пак си излегуваат... Нема спас , освен операција
Моето катче можам да го наречам скромно, но мене искрено тоа е се што ми е потребно. Од приложеното подолу буквално СЕ користам (освен орифлејм шампонот за суво миење затоа е така издвоен од групата) и не чувам работи со изминат рок, празни амбалажи, кутивчиња, суви лакчиња, производи кои не ми одговараат на кожата, ниту пак приложувам работи кои не се мои. Е сеа би сакала да имам некој парфем плус (тука признавам слабо стојам), но никако да се случи тоа. Декоративната козметика и лаковите за нокти (освен овие кои се за зацврстување) во друга прилика.