90% од лаковите ми се од пазар од Голден Росе 50 или 60 денари ги зимам. Лилјаковиот и плавиот се Голден Росе, супер ми се лаковите јас ги носам по 4-5 дена. А и сум бивши грицкач на нокти значи знам и во уста да ги ставам и да ги чепкам и пак траат. Малото бордо со плаво капаче е Мисс Спорт ама не ти го препорачувам се вади одма иако е убава бојата, многу лоши лакови се. Додуше ништо од таа компанија не ми се допаѓа мене. И дел се Севентин, тие се убавки лакови посебно имам кремаст и проѕирните од таму ми се ги додавам за сјај како финиш се околу 250 денари. Сепак одете на пазар и земете си Голден Росе или во помали маалски парфимерии ги има, супер се лаковите супер нијанси имаат јас си ги сакам и зимските и оние летните дречливи!
Eве го морто козметичко катче Иначе ќе морам да напишам 2 пораки затоа што се дозволени само 5 слики, а јас смотана секој дел од шминката посебно го сликав хахаха
И на крај за мене најинтерсниот дел ШМИНКААА (додека ги сликав сликиви дојдов до заклучок дека поседувам многу мал број на сенки за очи, и дека обавезно морам да си купам нови!!!)
Четките на Аура премногу ми се допаѓаат, од природни влакна се и добиваш 3 четки за 400 ден (јас ги купив во Unique, но ги имам видено и во други прафимерии)! А таа другата четка е од Авон, од едната страна има четка за нанесување сенка а од др страна сунгерче Фала
И јас потврдувам за четките од Аура дека се преубави, а некаде ги има и по пониска цена, ги имам видено и за 350денари
Еве да додадам некои работи: (Со и без блиц сликав, за да се видат убаво нијансите на руменилата) Спојлер
еве вака сабајлечки и таман видов колку имам и што имам! очигледно опсесија ми се шминките! а најмногу моливи и сенки, незнам што ми е на мене!
Е шо зборите така, прекрасна е темава, си се изнагледав милина, 100x подобро од шетање по парфимерии Инаку јас имам малку шминка и тоа ретко ја користам, но навистина им се воодушевувам на жени кои имаат и знаат да ја користат, тоа се според мене вистински дами. Ќе расчепкам по фиоките и несесерите па ќе пратам и јас неколку сликички. Инаку не знам како се прикачуваат слики од ПЦ...па ако може некој нека ми каже Огромно браво за темава!!!
ќе ти пишам на пп eдит, не гледам опција да ти пратам пп, не знам зошто ај испрати ми ти за да ти реплицирам. Или еве вака, за сите кои не знаат како да стават слика... Спојлер Откако ќе ги префрлите сликите на компјутер, може да ги аплоадирате на нет, јас го користам www.photobucket.com сервисот. Ќе треба да си креирате акаунт и потоа може да правите аплоад. После направените аплоади имате можност да го земете директниот линк од сликата или пак директно да го ископирате со код (под секоја слика има четири линка со соодветна намена. Само со клик на линкот тој е веќе ископиран и спремен за да го пастирате). Може да подесите и фотографиите да бидат аплоадирани со одредени димензии зошто ако ги оставите онака како што се креирани може и да се преголеми и да зафаќаат беспотребно простор.
да тестери кои ми ги дадоа со пудрата и тоа две нијанси, нијансата на пудрата што ја купив и една посветла, искрено повеќе задоволна бев од тестерот од колку од пудрата, како и сама гледаш не е ни пипната. а од руменилата на дебора сум задоволна, инаку руменилото е доста пигментирано тоа ми се свиѓа, другото руменило е на голеден роуз од кое и не сум многу задоволна, но врши работа.
Леле Грл ти љубоморам за руменилава Преубаво изгледаат, сигурно и кога ќе се стават Морам и јас да си купам... Колку ги купи? И ако ги проба кажи ми како оставаат (знам преубаво ама ај пак да си прашам )
Да ти кажам, одамна се токмам да си купам руменила. Жими што имав на Giordani од перлите бронзени и едни на GoldenRose, а ако ми веруваш сигурно има повеќе од 5 години како ги имам купено. Ми прекипе и решив да обновам, зошто сум љубител на убава шминка и сакам кога е дискретна. Гледав по форуми тамте вамте и ги фалеа а искрена да бидам и мене многу ми се допаднаа руменилата на Bourjois. Ги има чинам во 12тина нијанси, релативно слични но сепак различни. Плус знам дека се со долга традиција на производство и знам многу кои ги користат и се презадоволни. А пакувањето? Мало, слатко, едноставно, а сепак убаво. Плус внатре има и огледалце и четкичка. Е сега, цените им се околу 400 денари. Нијансите кои ги гледаш по редослед од лево кон десно се 16 Rose coup de foudre , 35 Lune d'or и 96 Rose Universel (Illuminating touch). Ќе ги нанесам на рака и ќе сликам и ќе ти покажам како изгледаат. Инаку имаат многу убава магична нијанса според мене, со благ shimmer ефект. Според мене се фантастични. п.с. Немој да ми љубомориш ич. Потсобери пари и почасти се.
па и на голедн роуз се скоро таа цена, јас моето руменило го купви некои 280 денари а на дебора како поквалитетно и појака фирма го купив 350 денари пред 4 години и што разлика има, а сега и на голедн роуз се рипнати цените, тогаш подобро квалитетно и познато.
Еве ги трите руменила. Не се гледа најдобро ама одприлика да видите. 16 е појака розевкаста нијанса, 96 е нежна розевко праскеста нијанса и се води како руменило за обликување на контурите на лицето, а 35 е некоја нежно праскеста нијанса.
Ми се допаѓа козметикава Сакам да те прашам каде го имаш купено синиот RALPH парфем? Го има и овде? Зошто јас го имам истиот а поклон ми е од Америка. Ако има да си набавам, многу убаво ми мириса