Sw3et.Ang3l на последната слика што ја имаш прикачено од твоето козметичко катче ти загледав една палета со сенки така повеќе бои имаше па може да ми кажеш што марка се,дали се интензивни боите и колку пари ги зема зашто деновиве се канам да си купам палета ама незнам каква да биде.
Сенките воопшто не се некоја марка искрено и незнам какви се мајка ми ги имаше купено. За убави убави се ама јас не ги сакам многу бидејќи имаат светки, повеќе сакам мат.
Ова е она што го користам и го поседувам. Се додека не потрошам едно не купувам ново, и нечувам стари или нешто што не ми одговара и не ми треба. Тоа е тоа.
И мене ми е подарок ама знам дека е од Солун од H&M Не сум многу задоволна, незнам можеби на тебе ќе ти биде убава, ама не ми покриваше ич, и после 2-3 саата како да не си ставал пудра, и сега да не ми отиде зијан ја мешам со Студио Артис.
Zabelezav od mnogute devojki na fotkite od nivnite козметики имаат ставено вазелин,ме интересира за што го користаат освен за ...........????!!!
^ Еве јас ќе ти кажам дека вазелинот никогаш не сум го искористила за ..... Прочитај овде има многу корисни информации што верувам ќе ти се најдат и разрешат некои дилеми за неговата употреба http://interesno.com.mk/zdravjeubavina/ ... icka-canta
Само да напоменам до некои девојки што мислаат.......!!!! Мојата козметика никогаш не е празна се што имам се полни или полу истрошени,незнам дали некоја од вас девојки има навика како мене да купи пред да ги истроши или пак да си проба нешто ново...Јас никогаш не чекам нешто да ми се потроши до крај па да купам и да имам повторно си купувам бидејќи секогаш сакам да се подновам, или да си имам на резерва,ма да што имам скромна и мала козметика.... Ти благодарам на одг,искрено не сум знаела дека имало повеке намени вазелинот а и не ме инт,сега ми падна на очи по фоткиве а и по она сега што го прочитав доста користен би мозел да е,па ако случајно омам потреба и јас би зела....
Да доловам и јас дел од моето катче дел од мејк ап кој ми се наога во несесерот Лосиони, млека за тела, и козметика за лице
мимс го забележав вториот кармин на 3-тата слика , до црвениот , розевкасто-портокалова (coral-pink) е бојата или? Јас барам ваква боја па ако можеш да ми кажеш марка , бројче? инаку еве нешто ново од мене
^Мимс ,тоа Seventeen е руменило или бисерниот сјај за лице? Ако е сјајот ако можеш да ми кажеш како се користи,која цена е и каков ефект дава?
Тоа е бисерниот сјај за лице. Јас го ставам со голема густа четка за руменило на целото лице, ми дава здрав изглед, не изгледа нападно и не светка многу и нападно. Онака го изедначува тенот, го има во две нијанси, моето е на розевкасто, а другото е накај златно - бронзено. Ако го ставам само на образи не ми се допаѓа ефектот, ама затоа на цело лице е перфектно. Тоа златното мислам на исунчана кожа ќе стои предобро без да се нанесува пудра на лицето, во план да го купам за летниов период. Го земав јас 500 и нешто денари, а сега ти е на попуст во Космо за некои 350 денари го забележев.