Еве поголем дел од мојата козметика што ја имам дома. Нешто фали, а тоа ми е во Скопје. Ми фалат лабелата, лосионите за тело, лаковитр за нокти, регенераторот мој омилен и др. Воглавно ова е 90% од тоа што го носам во несесер и го користам.
^ Се мачкаш по цело тело? Се шалам. Туку, муабетот ми беше, ги користиш сите секојдневно (релативно)? Мислам дека не сум видела толку декоративни пудри ниту кај професионални шминкери
ме потсети на една случка,мајка ми ми бараше дали имам вазелин да си ставила на уста а во тој момент беше другар му на брат ми кај нас и пред него и викам имам едно цела кутија вазелин земи колку што ти треба и овој некако чудно изреагира како ама ништо не рече и сега ми текна за што мислел дека го користам вазелинот а јас не ни помислив на тоа дека може да се користи а и немам дечко,си го користив за колената многу ми беше груба кожата,за лактите,за врвовите на косата,за устата,па и за трепките,вегите понекогаш а овие машкиве што си помислуваат
ги користам сите фанатик сум за пудри и морам сите да ги пробам овие се сите ми одговараат за " работа" тие што ми се за шминкање на клиенти ги чувам посебно овие се само за моја лична употреба
^ Имам еден, во кој ги чувам најнеопходните работи од типот пудра која миментално најмногу ја користам, камена пудра, руменило и четка, моливчиња, маскара и карминчиња неколку. А се' други ми е во куферче, зошто цело време патувам наваму натаму. А да се лутам не гледам причина, освен ако горенапишаното не содржеше иронија. WarriorAngel, убава е, ама не поубава од жолтата 100% black. Неа ја немам моментално, ама морам да си ја купам пак, кога ќе ги потрошам овие, зошто тетка ми од Франција ме снабди со маскари за 10 години.
Тоа црното мало кутивче од Буржуа е сенка за очи? Како си задоволна? Може ли да ми кажеш колку пари се сенкиве во Македонија и дали постојат сите бои?
хАХАХХАХА богами многу е скромно..... Туку сакав да те прашам каде ги купи парфемите тие по 2 што се црвено и плаво? И дали се добри?
мислев дека моето ке изгледа ефтино за разлика од другите.. Иначе парфемите се многу солидни за цената ги купив од една маалска продавница по 110 ден, од Мода се.
2 слики од моите Сенки и Пудри,кремчиња,бронзери и руменила,друг пат ќе поставам слики од другите ситни работи