Јас нема да сликам, се засрамив од сликиве. Ставам камена пудра, маскара и сјај за уста, шампон и регенератот обични за коса и гел за туширање и крема за тело. Имам и 3-4 лака - бел и проѕирен за франциски маникир и црвен и циклама за прстите на нозете. Можам да замислам колку пари трошите на креми и шминки
Ако можеш да ми кажеш од каде ти е четчето што е кремаво, 4-то ако гледаш од десно на лево, и колку пари го зема, никако не можам да најдам такво.
MejkapGirl каков ти е карминот на третата слика(марка и бројче ако може) , почнувајки од лево , 5-от по ред ,што е одма до тоа малото карминче..?
Eве го моето козметичко катче најскромно на свет како за една девојка. Него сакав да побарам совет. Вчера си ја купив таа палетета со нијанси на сиво и црно сенки.Ама кога ја нанесувам некако лом ми се праи цело лице од околу со нејзе и неможам да ја нанесам убаво. До сенката е проблемот или до четката или евентуално до моето лаичко шминкање. Имате ли некаков совет што да напраам за да ме се разлетува по цела фаца. Фала однапред.
^ Можеби ги користи во различни прилики...барем јас така правам, сенки имам доста, имам и вакви палети како нејзините ама не ги користам па не ги ставив имам 2-3 пудри ама не ги ставам сите од еднаш...некои многу се тешки за секојдневно да се носат, а јас имам лошо лице и тако то...ако ме разбра што сакам да кажам...незнам да се изјаснам MejkApGirl- може ли да ми кажеш палетата сенки горе десно каква е (фирма, марка како и да е), од каде ти е и колку е Ми треба таква да се шлакам ама да не е многу скапа.
До сенката е. Јас ги имам купено ради бакарните нијанси, ама премногу се ронат. Бојата е убава, ако се става малку, во спротивно л'шти. Впрочем за тие пари толку музика. Јас кога се шминкам со сенки (што е ретко), прво ги средувам очите, па го бришам тоа што ми паднало на лицето, па тек после пудра, руж, туш...
Можеби и до квалитетот- не сум користела, ама можеби е и до тебе... И јас кога се шминкам се размачкувам околу очите и за да го спречам тоа околу очите ставам камена пудра (или бебешка) на која паѓа сенката и подоцна ја тргам со чиста четка (од оние подебелите)- веројатно ќе ме сфатиш што сакам да кажам...
Искрено го земав за 60 денари во една парфимерија со голден роуз производи пред 2 и кусур години. Среќа го видов тогаш и повеќе не донесоа вакви :/ Голден роуз, 115 Не беше воопшто скапа за 200 ден, во обична парфимерија, на амбалажата пишува BAOLISHI ЕYE SHADOW.
^Мими оваа на Мејбилин пудрата Super Stay Makeup,од каде ја зема и колку пари ?!? Воедно и како си задоволна од нејзе.
^ таа ми е по порачка од Америка донесена 10$ бидејќи гледав на нет добри коментари затоа полакомив и се две И стварно е убава доста е покривна и дава убав мат финиш.
Мими, како си задоволна од безбојниот лак на Olivia? Јас го имам и ужасен е. Кога ќе ставам од него треба многу време за да се исуши, се замачкува... Се прави и кај тебе вака?
Од Оливиа од некои лакови сум задоволна бидејќи не ми се засушуваат по одредено време за разлика од Голден роус, а конкретно за безбојниот да треба многу време да се исуши затоа сум во потрага по некој убав top coat