Ааа и Тренди го сподели со нас нејзиното козметичко катче. Гледам ја имаш Bourjois виолетовата купка со мирис на ванила. Кажи колку е прееееубава! Морам да си купам пак! Уште утре!
Сите ја имаме! Кажи кој е виновен, кажи кажи! Ајде денес и онака го чистам купатилото па освен бигорот нафатен на сите купки кои ги купувам а не ги употребувам, ќе ви сликнам и по некој козметички продукт
Се знае кој е виновник! Ама од што ми е убава ми иде да се бањам на два саати. Трипл трошак! Ем гелот за туширање, ем струја, ем вода! ц ц ц Имаш ти убави работи за да се пофалиш си знам јас. Ајде сликај ни све! Особено го чекам катчето со купки зошто секогаш имаш добри (и Fa кафеавата ми е откритие по твоја вина ) па да видам може ќе начекам некоја која не ја знам, а сигурна сум дека ќе биде одлична! И обавеееезно да ни ги сликаш сите тие маскари што ги имаш. Толку многу ги има, просто човек да си пукне од маки! И сенките! Абе све сакам да видам!
Трендафилке како се вика колекцијата за коса? Убаво изгледа амбалажата, не сум сретнала досега. Импресии? Цена? Багуфче како си задоволна од Дена колекцијата? Јас си ја дополнувам колекцијата, на почеток сум, ама ај да ви се пофалам со моето мало (за мене непроценливо ) богатство:
Маааало???!!!! Кажувај од каде е комплетов со четки! И од каде најчесто набавуваш четки? И исто ме интересира дали користиш четка за нанесување на течна пудра?
Спојлер http://www.sigmabeauty.com/default.asp - од овде го нарачав. Да, користам четка за течна пудра и многу поубаво ми излегува подлогата со неа. За поголемо покривање третата од сетот, за посвеж изглед втората со црно-бели влакненца
Не знам колку е добра, ама сепак планирам да си ја купам четката за течна пудра на Оriflame. Во тековниов каталог е 299 денари.
^ Не знам за таа, ама јас од сите четки од Орифлејм што ги имам сум презадоволна. Цената е прифатлива, јас би рекла go for it. Е сега, некои не се задоволни од ваквите четки за основа, ама јас откако почнав да ги користам гледам разлика во изгледот на подлогата.
Јас имам напишано некаде, си купувам козметика за коса од кај мојата фризерка, истата што ја користи она, професионална на италијанска фирма, AllWaves. Шампонот е за сува и оштетена, 1 литар - 350 ден. Маската од ленено масло , исто за сува и оштетена, преубава е, 500 мл - 550 ден, Кристалите за коса, 100 мл - 550 ден, и сега ја комплетирав колекцијата со еден спреј за оштетена коса, волумен и сјај, може да се прска и на мокра, а и на сува коса, за убав финиш. Сите производи се прекрасни, многу квалитетни, убаво мирисаат, и што е најважно - се XXL пакување.
Пирамитке не се ни сомневав, ама ова докажува дека си негувана девојка. И сигурно прекрасно мирисаш (најубави парфеми користиш). Несесерчето ти е закон. И Ланком сјајчето (и моето е пресисано така, и уште не се откажувам )
Јесте да, не се откажувам од ВеРи иРезистибул и парфемите ми се скоро истрошени - чекам пратка една Ау сјајчето, копам уште и уште се наоѓа! Без дно ко да е - а несесерчето ми е поклон и секаде си го носам Многу е смешно кога на состанок го вадам некогаш, се дебатира за сериозни работи а јас оп - животинчево инфантилно! Едит. Заборавив сенките ама сликнати се само тие секојдневно што си ги користам.
Најубавите руменила на свет И јас ги имам и презадоволна сум,не се многу скапи а траат и имаат одлични нијанси
Јас сум супер задоволна од Дена со оглед на ниската цена.Гелот за туширање не е нешто особено,ама кремот т.е лосионот за тело е преубав