Кога се решив да ги сликам, мислев дека имам повеќе, но кога ги наредив, катчево ми излезе доста сиромашно Ако ве интересира некој производ, слободно пишете ми, ќе ви кажам повеќе за него
Тој и сите три од десна страна се некоја чудна марка Romantic Bird, од Шутка за 20 денари, ама мене одлично ми се покажаа сите. Не светат многу, повеќе накај мат се
Една од моите омилени теми на Фемина Редно беше и јас да ставам некоја слика,а не само да гледам Ова е дел од моето козметичко катче,производи што ги користам секој ден,а другиот дел во следна прилика
Е сеа да заштедам место си ги направив поединечните слики од неколку во 1 И кутијата што ми е за парфемите си ја направив сама на едно место ми се сите парфемчиња...Е сеа ми текна дека ги имам заборавено да ги сликам rexonite и роллоните и спрејот против комарци хехехех
Јас сакам едно вакво да земам но во Охрид го нема се некој обицни се прозирни некој ко ке ида охрид нека ми купит ако сакат ке се најме ке ви дам пари? може така ако има некој доброволец? Уфф и мене ..скоро сите производи што ги користам ми се од авон Кај можам да најдам такви мали сјајчиња од lipbalm како на 3та слика? многу ми се симпатични
четките ми останаја во очи леле шубави се морам да ги имам ама не знам како дај некој нека ми ги порача ке се најме негде да ви дам пари под итно ми требаат
Може ли да ми кажеш дали си задоволна од тушот за очи на Малена. Планирам да купам и јас. Благодарам.
Јас го имам истото, практично е, убаво црта, ама после неколку часа имам приметено дека избледува. Не останува онаа убава впечатливо црна боја.
Морам да се согласам за ова! Иако ми го изнафалија овој туш и едвај чекав да го користам - треба да се помине неколку пати за убава црна линија, која многу брзо избледува (исто вакво искуство имав и со маркер тушот на Есенс, можеби е до моите очи, со обичните тушеви ми е океј, но со овие не)