MAC и Urban Decay копии има на алиекспрес по многу ниски цени и не ме изненадува некој да си порача. Обично ги даваат по неколку производи за една цена и од таму претпоставувам има по неколку примерока од се така да не ми се воопшто сомнителни сликите и сопственоста. Уште поверојатно и дека се нови, тазе стигнати и затоа се нечепнати.
па дури и да не се копии ,си патуват некои лугје по странство и си купуваат .Jас исто имам моментално три разлицни пудри една е за вечерни излегуванја бидејки има поголема покривна мокј,една ја ставам за на работа и третата е бб крема онака за преку ден ако одам некаде,така да не ме чуди што и некој друг има повекје пудри одеднаш .
Ти како да не си видела бе шминка толку. Може е шминкерка па сакала да се пофали. А што ти е па тебе толку гајле. Колку ме иритираат ваквите. Размислете два пари пред да напишете нешто. Може си ги чува девојката за специјални прилики. Па си ги сликала. Боже Господе
Да е жив алиекспрес ! Кој би купил толку скапи руменила во слични нијанси ?! А и ништо чудно да ги има сликано кај некоја шминкерка .
Cooll стварно незнам што ви е проблемот. Да си гледате за себе и пред својот нос што имате би било најдобро. Некој си има пари а некој и нема па ќе се задоволи со ситно
^Не е тоа проблемот, многу девојки тука имаат и поскапи работи од шминкиве на Мак, ама од километар се гледа кога е некоја лажна слика, а некоја вистинска. И јас имам дома 3-4 пудри, ама не ја гледам логиката тука во тоа да купиш две различни нијанси на пудра наеднаш и да не ти се ни пробани. Ај да купиш посветла па не ти одговарала па си купуваш потемна... ама вака нема смисла. Вие што пратите повеќе по сајтовите за шминки сигурна сум дека ќе најдете од каде се симнати сликиве. Не е работата дека девојчето купила скапи шминки па сеа не веруваме, работата е да не се правиме глупави со постирање лажни слики, има 100 теми за поставување слики, оваа е за лични фотографии, а не ископирани од некој сајт па да се фалиме дека се наши.
Јас тврдам дека сликиве не се лажни. Исто знам дека станува збор за копии, бидејќи можам да препознаам како изгледаат, не гледам причина зошто не би можела да си ги дозволи кога веќе се достапни за секој. Не сфаќам од каде таа потреба да се докажуваме. Никој овде не знае кој колку има во џебот и што поседува. Човек страв да го фати да постира нешто што не е својствено за нашето поднебје.
А зошто да не нарача две пудри одеднаш?? Јас кога користев пудра секогаш бев измеѓу нијанса, стално морав да мешам две. Да, ќе лупнеш поише пари одеднаш ама па и ти трае подолго затоа што имаш дупло. Не е ништо нелогично. Плус иде лето, и да не идеш на одмор секако ќе те фати сонце па ќе ти треба барем нијанса потемна.
Еве и од мене нешто што имам ново неотпакувано па кажете дали се лажни сликите Mac руменилото ми е нечепнато ново Од кремиве имам уште две плус за цело лето Ве сакам сите
Од кај да знам јас, мене не ми е логично и си пишав, незнам што се нафрливте сите, остајте го девојчето да видиме што ќе каже. На крај па многу ми е гајле кој што има и што купил, ама ако веќе ставаш гледај да биде лично твое. Пак ќе кажам не се работи за марката на производите или нивната цена што као демек не се својствени за кај нас, ако ја разгледате темаваќе видите и 100 пати поскапи производи, било да се копии или не, сеедно значи, зошто би нарачал некој толку различни нијанси, ама и тоа не е прашање за тука. Ме интересира што ќе каже девојчето.
хахахххахахх божеее... колку детално ми се разгледани па и по број дури ми се знаат ... Srckata28 дада 100 % сум сигурна дека е мое mims-89 ахх бре девојко аман е ова ќе го каже девојчето : воопшто не е чудно душо бидејки јас шминкам дома па морам да имам повеќе нијанси нели, а и некои ги поклонувам на другарки зарем и тоа ти е чудно и нелогично ?? ?? и да се ми е ново ми стигна пратката па сакав да ја споделам со вас не ми е целта да се докажувам.. ако најдеш слика од нет СЛОБОДНО СТАВИЈА но не верувам дека ке најдеш зашо ова е лично моја фотографија... не сакам да се натегам што сакаш мислиси... и кој и да е ако најде нека ја стави па да видиме .... и да знаеш копија cе како што кажа Artemission секој што сака може да си ги дозволи кога веќе се достапни нели cooll јас си сакам руменила во слични нијанси што да правам кога обожавам да се занимавам со оваа работа.... p.s иии да ги сликав кај шминкерката lovemme аман бе луѓе престанете со вакви работи кој имал, што имал, како имал ... ајде кога ке ми стигне и другата нарачка ќе ја ставам па ќе видиме дали и тогаш пак ке бидат сликите "спуштени од нет " немам друга работа ќе земам ке лажам дај бее
Еве го и моето скромно катче Не се шминкам често па ова ми е доволно извинете за квалитетот на сликите од моб се