И мене во темава (сликите се од порано,ама сега ги најдов во компјутеров) Се на едно место Лаковите,омилениот дел Сега имам исфрлено неколку и купено уште некој.Утре уште 4 ќе фрлам.Сега имам 31,вчера фрлив 7 Парфемите,дезодорансот и уште нешто Креми,масла.. Моите шминки сега имам нешто плус. Како што кажав сликите се од пред некој месец.Сега изменето е.Некој ден ќе ги сликам и ќе ги ставам
Ова ми се римелите, моливчињата и сјаевите. Ќе ставам слики и од геловите, ласионите, ролоните, спрејчињата но понатаму чекам да ми стигнат уште некои работи.
Се извинувам за офф-топик но кога гледам низ различниве теми колку шминка и козметика имате се чувствувам како аутсајдер Не сфаќајте погрешно, не велам ништо лошо, до мене е проблемот. Пола од работите што ги гледам или не знам за што се, или незнам дека имало потреба да се користат такви производи. Колку само козметика за нега на лицето, па за шминкање уште повеќе, па за отстранување на шминката исто така... Мојата рутина за пред испаѓање е само миење на лицето со сапун, ставам малку крема ако ми е сува кожата, мноу ретко се случува да ми се појави некое брунче (ако сум во „оние“ денови) па ќе ставам малку коректор, ја чешлам косата и испаѓам. Ништо повеќе од тоа Ми се допаѓа кога изгледам и се чувствувам природно, воопшто несакам да го натрупувам лицето со шминка, ме гуши И да не бидам толку офф, еве ги работите што ги користам... Спојлер
Немој да мислиш дека девојките што ставиле слики од 5 кармини, 3 пудри и 10 римели дека сите се користат. Ќе почнам до себе само 3 сјаја користам, розевите се при крај, кафеавите двата се нови. Маскарите само 2 користам, другите 2 ги чувам оти четкичките им се убави. И на крај краиште спомнав во темата сакам да кажам знам девојче кое порачките од Орифлеим ан сестра и ги сликала и ставила овде во темата демек се најзини. Затоа немој да мислиш дека сите тие работи се користат. Убедена сум дека има девојки кои сликале празни шишенца, земале од другарки/комшики и слично.
Еве го моето катче,мислам дека за моите години е сосема доволно. А,имам и пудра ама не ја користам и затоа не ја ставив.
^Не сум нешто посебно задоволна,ама да,доволно покрива и плус тоа што не ми излегуваат акни и црвенила од неа,за разлика од другите што сум ги користела. Само не ми се допаѓа што многу брзо се брише,нема врска што е лето,ако не ставиш одозгора камена пудра ништо,а можеби и тогаш ке се избрише.
сенките и сјаевите се скоро сите beauty line оние што се по четири сенки се essence пудрите џордани голд и една малена(која ја сметам за џабе фрлени пари и ја користам само за до продавница воопшто не сум задоволна) *** за дискусијата погоре дали се се користело-кај мене ДА, еве сега се пакувам, се селам и се што не користв, што беше старо фрлив, значи се што е на сликава користам секојдневно, нормално не ставам од сите сенки наеднаш но од едни денес, други утре битно редовноги користам. Верувам дека и другите што ставаат слики ги користат работите