Ако може да ми кажеш кај ја купи палетава со 252 сенки и колку пари? Мн е убава. Блазеси ти. Со здравје да ја користиш.
феминки,,, гледам имате прекрасни катчиња со шминки, но мене ме интересира следново!!! Каде ги чувате вашите шминки? Дали по несесери, кутии и сл? Навистина незнам како да ја складирам целата козметика. Дел чувам во несесер, дел во шкафче. Дајте неколку предлози...
И јас во последно време барам некој начин некаде да ја сместам целата козметика можеш да си земеш од оние фиоките, мислам дека нешто слично имам видено во џамбо , ама и на пластичарска можеш да провериш
koritsaki...барав во џамбо од тие фиокарите ама немаше, а по пластичарите не сум побарала....знам дека има големи фиокари ама мали не сум видела....
Фиокари имате во JYSK во сити мол 850 денари се јас земав само да ве предупредам и не се толку големи а во џамбо земав метална украсна кутија ко ковчеже за 179 ден
Во розевиот чувам шминки во плавиот лакови а црното несесерче ми е за кога патувам, ептен ми е практично има повеќе прегради со патент и собира многу ако изгледа малечко прибрано таман да не зафаќа простор, го зедов од се за 99
Дел од козметиката, која ја сметам за неопходна, како што се течната и камената пудра, маскара, туш а очи, моливче за очи, неколку моливчиња за уста, коректор, лабело, омилениот кармин и сјај за уста, а и да не заборавам отрилка се секогаш со мене во мини несесер, остатокот си го чувам дома во нсесери, лаковитеми се во посебен несесер, турпии, четки и сунѓерчиња за шминкање во посебен несесер и парфеми, стикови, млека за тело, препарати за коса, козметика за лице ми стои на бирото, немам каде да ја сместам па сметам дека таму каде што е и е удобно.
Феминки успеав да најдам фиокара за шминките.... Ептен ми е функционална....плус и бојата ја погодив!!
^ Ги има и во Скопје, јас дома имам ваква, само немам поим од каде ја купил татко ми. Побарајте низ продавнички со пластикарии, сигурно ќе најдете.