Јас имам слична, само што е помала и со три проѕирни фиоки е. Од Џамбо ја купив, нешто помалку од 100 денари.
Тоник Лореал(по рецептот на Марама ловоров лист) Кармините се Голден Роуз 01 и 23 Едната сенка ГР 204,а другите Белаоги
сталажата за кармини и големата палета ми се од buyincoins, bhcosmetics палетата ми е од официалната страна на bhcosmetics а др палета ми ја поклонија за роденден ...
Акништа ми излегоа на левиот образ Дермогал не помага па земав Клинда,за два дена нема подобрување ама рано се надевам ќе помогне,маскарата на попуст во Космо затоа и ја земав уште не сум ја пробала,од пудрата еднаш ставив и очекував поголема покривност(силна покривност пишува на неа) ама нема врска може ќе помогне и она за акните.Следната недела планирам во Дм да земам нешто од Кетрис грев е да не се искористи попустот,а и не сум пробала ништо.
Деновиве си го правев тоаледот за полесно шминкање. Ставив сијалички и супер мислам дека испадна. Па девојки ова е моето ново козметичко катче од сега па натака.