Да росе96 , супер е палетата , јас имам и една друга од сефора ама многу е гломазна и голема , оваа ми е идеална кога одам некаде со мене си ја носам инаку задоволна сум супер се пигментирани сенките ,а со база уште поубаво изгледаат ако имаш можност да отидеш или некој да ти ја донесе зашто да не , сега и така има 40% попуст на сите производи сефора , имаш и поголеми палети ако си заинтересирана , баш и оваа палета ја меркав (оваа со попуст е 27 евра) ама ми беше мене многу гломазна а веќе имав таква со мн бои па така да ја избрав помалава
Преубави шминки имате посебно ми се свиѓаат на koritsaki, мила имаш премногу шминки, преубави сите марки, квалитетни, да не си професионална шминкерка?
Ова го користам за дневен изглед, делумно и за ноќна шминка само што тогаш додавам руменило или бронзер, кармин во темна боја, smokey eyes и туш. Најупотребуваните производи ми се, течната пудра и моливчето за очи мислам дека никогаш нема да ги заменам со други. Од камената пудра сум позитивно изненадена и задоволна, со оглед на тоа колку пари сум ја платила. Од маскарата го користам второто паковање веќе и некако сум презаситена, за брзо време веројатно ќе се префрлам на жолтата. Структурата на карминот ја обожавам (портокаловиот од оваа линија на mac е таков каков што одсекогаш сум барала, и во поглед на нијанса и структура), ама овој има некои дискретни светки, значи не се забележуваат воопшто на уста, освен ако го анализираш карминот, ама ете таква сум, ги мразам макар и минимални.
Еве ги, да bellaoggi се сенките и ги добив на подарок од дечко ми за роденден лани заедно со уште еден куп шминки, ептен пријатно ме изненади. Ги има земено од Космо, а и јас ги имам гледано таму (поточно во Космо во ГТЦ) само немам заприметено цена. Убави се, не се апла пигментирани али мене ми се погодија убави нијанси има и лесно се блендаат. Има вкупно 10 сенки, 5 кругчиња се и во секое има по 2 сенки. Омилени ми се и највеќе ги користам бронзените и сивкастите нијанси, многу убаво изгледаат на око и може да се прави Smokey eyes лесно. За жал зелените и бронзените ми се скршија малце пошто еднаш ми паднаа, и не можев да ги поправам пошто се по 2 сенки залепени една до друга и ако им ставам алкохол ќе се испомешаат и само каша попара ќе направам за џабе...
Убаво мириса, има некоја цитрусна нота ама и некоја слатка у исто време... специфичен мирис има мене ми се свиѓа. Малце повеќе е мрсен отколку што би сакала јас, треба ептен мала количина да се нанесе зашто иначе ништо не го мие... али кожата ја прави мазна и мека и остава убав мирис.