Еве дел од моето козметичко катче , поточно декоративна козметика за лице, во друга прилика за него на тело, лакови, парфеми,моливчиња...( Продуктите што се дуплираат не се потрошени, туку некои не се ни почнати , повеќе сакам козметика да купувам кога имам прилика во странство па си купувам да имам повеќе на залиха). 1. Пудри (камена, течна, транслусцентна) , руменила , коректор, сет за веѓи и бронзер 2. Прајмери,бази за очи, фиксатор 3. Маскари , ајлајнери 4. Моно сенки 5. Палети 6. Четки за шминка 7. Кармини
@Kukla994 Трите палети се всушност во една од 252 бои мислам , инаку од e-bay ми се ама мислам дека ги има по сите сајтови.Не знам сега дали секаде ги произведува иста фирма ама претпоставувам. Инаку презадоволна сум , структурата им е прекрасна значи не се многу прашливи за да се расфрлаат насекаде кога се шминкаш , ниту се премногу кремасти за да се собираат , имаат одлична пигментираност и траат.
Ахм, една другарка има нарачано до Алиекспрес исти вакви затоа прашав дали си задоволна немам трпение додека стасаат нејзините хехе. Позз.
Од кармините сум многу задоволна зошто се препрепигментирани и убава интензивна боја оставаат и затоа што се мат ,значи баш мат , течни се ама се сушат и стануваат мат.Маана е што понекогаш на внатрешната страна треба да ставиш зошто се собира , мислам не секогаш и не за многу брзо време.Зависи дали јадеш, пиеш , многу зборуваш хах и така натаму.Пример на мојата цимерка и траеа по многу часа мене помалку. Базата за очи е добра , пример таа на urban decay е подобра , оваа прави разлика значи кога ќе ставиш сенка без база и со има огромна разлика во пигментираноста со оглед на тоа и што е поевтина од другава би рекла дека е добра за парите а инаку гледам по рецензии повеќе ја фалат онаа што е како во тубичка како кармините на nyx. Фиксаторот ги интензивира боите , мене ми е супер , сега не сум користела друг фиксатор за да знам да споредам, сега за сега од овој сум задоволна
@koritsaki oд кaде ти се пудрaтa и пoдлoгaтa? Претпoстaвувaм не си вo Мaкедoнијa зaштo имaш и некoи други прoизвoди штo не се oд тукa, нo дa си прaшaм.
Пoдлoгaтa беше пoдaрoк сo пудрaтa инaку oд Грцијa ми е земенa пудрaтa нo искренo не ми се дoпaѓaa пoгoтoвo пoдлoгaтa
Дел од мојата козметика. Ова е тоа што најмногу користам Види го прикачениот фајл 192570 (Тоа горе лево е големото куферче на Deborah )
А може да споделиш како ги имаш нарачано оти на официјалниот сајт на bhcosmetics имаат достава само ѕа САД, а на неофицијални сајтови не сум фан да купувам? Фала однапред
@Lollipop7 што се тие кружните кутивчиња на Балеа во горниот дел кон десниот агол кога гледаме? Креми? за усни нешто??? Ми се гледаат примамливи
Балзам за лице усни раце тело... Ги донесоа пред месец кај нас. Преубаво мирисаат и околу 70 и нешто денари се
Дополнување на мојата колекција палети со сенки Спојлер: стари палети catrice козметика пудра најкористени кармини оваа сезона креми и лосиони најкористени лакови оваа сезона коректори