Незнам колку ке ти бидат корисни информациите затоа што ми е нарачано од Америка, другарка ми го донесе, сет беше куферчето со палетите што ги има на сликата, палета сенки, палета кармини, палета руменила, палета камени пудри, имаше 7-8 нијанси на течни пудри(кои одма ги фрлив катастрофа беа), трепки вештачки, сет калапчиња за веѓи, четки за шминка, светки, дури имаше и пердуви во боја и лепак внатре и пердувите ги фрлив не планирам пердуви да ставам на лице нешто како сет за професионално шминкање...инаку доста е гломазно, фаќа место, куферчето е од црна кожа, а цена ако сакаш да ја прашам точно зошто ми зема мене некоја смешна сума за све ова колку да не е без ич, несакаше да ми каже колку точно го платила...
@sesilija да се надополнам на горниот пост го барав сега куферчето на ebay за да видам како се движат цените од прилика, и по тоа што го видов сега ми е срам да ја прашам другарка ми колку ја коштал цел сет... зошто не ми зема ни приближно толку пари колку што кошта само празно куферче, а камоли со целата шминка внатре само празно куферче е 175 долари од поефтините, а некаде и 236 долари... еве ти подоле линк да видиш сама... уште сум запрепастена ке ја утепам http://www.dhgate.com/product/1x-professional-salon-hand-held-makeup-case/186233171.html http://www.ebay.com/itm/Professiona...t=LH_DefaultDomain_0&var=&hash=item4863af6bf1
@<3 pleza4e <3 Ми се допаѓа куфечето, меѓутоа сакам да купам од овде, и во право си- не ми помогна многу бидејќи е купено од Америка, но сепак фала ти што стави дополнителни слики, барем исплакнав очи.
sakam da te prasam za lasting pudrata od avon, kako si zadovolna od nea i sto nijansa imas izbrano bidejki jas se dvoumam megu 2, ne ja znam mnogu razlikata :/
@Devil99 еве ќе си го цитирам сама мислењето за пудрата кое го одговорив на претходната страница, можеби не си го видела, за да не се повторувам пак со истото...инаку нијансата ми е ivory...само мене и таа ми е темна имам мн светла кожа
Pudrava ja gledav ja imase devojcevo edno kozmeticko studio ne ne ja prasaf ubavo od kaj ie glupo mi bese. Ke moze dami kazes od kade ja imas zemeno slusam mnogu ja falat, pa si rekov da ja probam . Ti kako si zadovolna od nea, pokriva?
jas bas se dvoumev megu nude i ivory ali povise bev za ivory, bidejki mi rekoa nude udirala na zolto :/ . ali se mislam da me mi e mnogu temna na liceto. Nemam mnogu belo lice, no sepak se dvoumam. Ke moze li da slikas odprilika na raka, sekako ako ne ti e tesko kako stoi nijansata za da imam pretstava za sto nijansa stanuva zbor. Fala mnogu odnapred
@Devil99 од локална парфимерија ја земав, кај мене има средна покривност, амс со два слоја и голема се постигнува. Премногу е долготрајна цел ден не мрда од лицето. На почетокот ми предизвикуваше акни, ама сега немам таков проблем. На блогот имам детална рецензија плус пред слики. Еве линк од блогот www.rosee96.blogspot.com
Ајде сликнав...само незнам како ке видиш...зошто веројатно различна кожа имаме..ивори е најсветлата нијанса а мене ми е мн темна и не ми одговара ама тоа незначи дека и тебе нема да ти одговара... И веќе луѓе доста е со сликиве...уште малку и WC шољата ке ми побара некој да си ја сликам Дај малку раздрмајте ги другиве женски јас да си одморам тука на темава ееееееее
E fala ti mnogu. Me predomislija, definitivno Shell ke ja zemam, poso ovaa mi e nekako svetla kolku sto mozam da vidam.
Бидејќи си купив нова кутија за пенкала, стара ја искористив за да ги поделам четките. И мојата нова секојдневна "пудра".