Јас по едно неделно користење можам да кажам дека ја тестирав и со камена пудра и без неа. Со камената пудра се регулира сјајот што го дава оваа крема, за жал не матира што се разочарав,баш и не очекував кој знае што. Со камена пудра ја користам за навечер за кафиња до кај другарки меѓутоа не е баш за во диско. Нијанса што ја зедов е за среден тен и морам да кажам дека пудрата ги покрива недостатоците што јас и давам плус за ова. Со камена пудра стои долго време и за тоа има плус. Без камена пудра можам да кажам дека ми е како крема за лице што едвај чека да се упие, а кога ќе се упие кога ќе се допреш лицето ти е мазно, но на бела светлина повторно добиваш впечаток дека светкаш, но не многу. Е сега мана и е што не е покривна и нормално бидејќи е крем во боја. Јас кога нанесов видов дека е малку мрсна, но плус за мене е што убаво мириса. Исто така не покрива подочници па така јас си користам коректор плус. Мене сега ми е убава, јас имам комбинирана кожа, на почетокот се плашев да не си го упропастам лицето но по едно неделно користење за среќа немав таков проблем. Меѓутоа не би ја купила повторно.
Го сликав онаа што го користам најчесто од шминка. Сега приметив дека ги заборавив четките за шминкање, имам цел несесер, заборавив да го сликам.
Еве и Харли им направи фотосесија на шминките Извинете за квалитетот на сликите, телефонот ми е компирче. Ако ви треба информација за било што, слободно ЛП
@marama а јас би сакала твоето катче да го видам. (ако е можно секако) Исто така ако може би сакала катчето на @mirandaa да го видам.
Ова е речиси цела моја шминка. Маскарите не ги користам сите, користам две, а другите ми се за веѓи или на сестра ми. Имам уште некој кармин плус ама бидејќи не ги користам постојано се во фиока.
@marama не се никaкo oргaнизирaни мoиве шминки Се викaм ќе купaм oд тие плaстични држaчи зa кaрмини и никaкo дa купaм. Шминките ми се нaредени oнaкa безвезa вo едни фиoки вo спaлнa a кaрмините и кремите вo фриидер ги чувaм. Мoрaм вo скoрo време дa си купaм пoдoбрo мебелче сaмo зa шминките. @Artemission Секaкo еве слики oд сите шминки
Плакнење очи @koritsaki искрено не очекував толку брзо да се исполни мојата желба Супер колекција имаш Тие пластичните држачи нарачај ги од eBay зошто собираат по 24 кармини и навистина се супер за организација и многу практични. Во Џамбо сум ги гледала ама собира само 9 и зафаќа повеќе простор зошто некако е подебела пластиката и мене лично не ми се допаѓаат.
Благодарам артемисион , баш ќе порачам од ибеј , се мислев прво да ги видам тие во џамбо ама штом викаш дека од ибеј се подобри од ваму ќе порачам. И уште некои фиокчиња да најдам супер ќе биде
знам дека е офф, ама нема можност за лп, па затоа тука ќе прашам. @buba4e89 од каде е розевава кутија?