Дел од мојата козметика, деновиве уште слики ќе ставам. Ми стојат наредени на полици, ги наредив вака за сликање.
@barbiegirl.24 какви се eye dimensions сенките за очи, многу светки имаат? Инаку еве и од мене, вечерва ми текна да ја преместам декоративната козметика од огромен несесер како куферче, што ми беше непрактичен, во овие пластични корпиња што ги најдов дома, во едното ја ставив секојдневната шминка,а во другото сенките и руменилата. Да видам дали нема хаос да се прави при шминкање. Ја сликав и препаративната козметика за лице и четките плус. За тело нареден пат. Овие сенки на последната слика од Essence од I love nude колекцијата ги користам како бронзер и хајлајтер, многу се добри за таа намена, посебно таа за бронзер, ако сите бронзери ви изгледаат портокалово на лице како мене. И плус мат е. А другата многу убав сјај дава на лицето и не е со светки.
@kristina.k да те прашам како си задоволна од маскарата на последната слика таа од Авон нешто биг пишува на неа заборавив како се викаше?
@eloves од почеток ми беше многу водена и се размачкував и немав некој ефект, а по некое време е погуста и полесна за ставање, а и баш волумен дава. И трае повеќе од другите маскари од авон, не се суши одма.
@kristina.k Имаат да. Кога ги користам нив прво очите ги шминкам, па го бришам лицето со влажна марамица и на крај пудра, инаку светам целата. Лилаковите воопшто не ми се допаѓаат, не ги ни користам, не се убави. А другата комбинација бело-розево-црно многу е добра, сите ми ги имаат пофалено.
Ги сликав и производите што најчесто ги користам за коса и тело. Batiste шампоните ми ги носат роднини секое лето по 3-4, предобри се, ако знаете некоја замена овде кажете. И го заборавив омилениот производ за тело, кокосовото масло. (во фриждер ).
Прееска ги сликнав само карминте, моливчиња за уста и лабелата. Ме фати мрза другото да сликам, а еве ова дури сеа ставам Ова во спојлер од поблиску се сликани, за да се види поубаво Спојлер
@LittlePinky Тоа им е од електро изданието, па мислам дека ги има и кај нас сега овие Темно виолетовоto е - Berry bomb
Јас немам толку , за да ги сликам вака. Имам само две маскари (една од Авон и една од GR) ,една течна пудра(на GR) и сјај за усни (GR). Тоа е се Не се шминкам многу.
На втората слика, Acon Tour се сенки или коректори за контур? Дали можеш отворено да ги сликаш? И од каде ти се?
@buba4e89 Сенки се и прееемногу се пигментирани,инаку мене ми ги донесоа од Австралија. Еве слика @kristina.k Фала мила
На палетата Acon Tour пишува contouring highlighting kit .Така да не се сенки туку сет за контурирање.