Па на али може да најдеш сет за контурирање.Ама овој не.Бидејќи како што кажа девојкава од Австралија и биле купени.
Да де,ама прашањето беше дали се коректори(cream contouring and highlighting kit) за контурирање или како сенки(ко камена пудра-powder contouring and highlighting kit) , барем јас така го разбрав прашањето,а инаку добро знам за што се употребува,затоа и нарачав да ми го донесат пошо нема тука такви сеуште(барем јас не сум видела).
Некои од вас постојано ме прашуваа за кутијата каде што ги чувам моите шминки. Вечерва шетнав до Веро Џамбо и повторно наидов на неа. Незнам дали е дозволено, па затоа сликата ќе ја ставам во спојлер. Спојлер
Значи ниту едно нешто на сликите не е од мајка ми. Таа си има свои и не и ги чепкам. Еве ако толку се заинтересиравте, три од нив ги користам за после физичко, затоа летово ги немам чепнато, неколку ми се при крај, а три се нови. Сега добро е? Бог да чува сте бе.
Па Џој, подобро да ја именуваше девојката отколку да одиш со тоа „ти сама се пронајде“. Бидете директни до крај, вака е многу смешно кога реплицирате такви „што сакаше да каже авторот“ фори. Не гледам друга слика со толку многу дезодоранси низ последниве неколку страници, очигледно нема кој друг да се пронајде освен оној што постирал. Ете пак ќе кажам, јас имам многу течни пудри и руменила, кармини кои навидум имаат исти нијанси итн, лично мои се и си ги користам сама, наизменично кога имам желба. Ниту имам сестра да ги делам со неа, ниту пак мајка ми има навика да зајмува „туѓа“ козметика. Заради таквите бесмислени коментари, никогаш нема да постирам слика, затоа што мора да се најде некој паметен нели, да не` просветли сите нас кои очигледно сме нешто во заблуда, еве не знам.
@joy1 Добро, очигледно се однесуваше на мене, а не на некој што објавил 5 страни поназад. Не знам зошто на некој би му пречело тоа што користам повеќе дезодоранси за да ми коментира.
Не е само она затоа не ја именував.Кармини,сенки,руменила можам да разберам да се имаат повеке ,станува збор за различни бои. Кога некој ке стави 30 маскари или 30 дезодоранса чудно ми е.Како да сака некој да се истакне со квантитет.Мн пати сум сретнала некој кој чува празни шишиња од спрејови или парфеми и после вака ке ги сликне демек види ме колку имам.
Многу се замарате со банални работи. Нека се истакне кој како сака, очигледно ќе се излаже единствено самата себе. Мене ако ми се допадне - ќе стиснам „ми се допаѓа“, ако не, само ќе разгледам. И пак не гледам потреба да се води евиденција од сликите, која колку маскари има отворено, потрошено, нечепнато и така натаму.
Јас колку што гледам погоре на сликата, само 3 шишенца се антиперспиранти. Другите се спреј за тело. Мене како помала шкафот ми беше полн со такви, се бањав во нив, тогаш не знаев за парфеми
Во склоп на муабетов, може не е кај сите вака, ама јас имам периоди кога решавам што ќе купувам одреден период, пример овој период купувам спрејчиња, деодоранти и парфеми, нареден период купувам само маскари, после тоа само пудри, и така си правам залихи.