Обично не сакам да се карам и ретко пишувам коментари ама неколку дена по ред приметив дека една од форумџиките на сите им иде контра и за сите има коментар. Темава се вика вашето козметичко катче ако некој има многу шминки не значи одма дека се од комшивката. Си има луѓе кои сакаат да инвестираат во шминки и постојано купуваат. Имам околу 20 карминчиња и сите ми се слична нијанса дали тоа значи дека не се мој според некои членови? поздрав
Од сите теми највеќе се радувам на оваа тема кога некоја феминка ќе го објави своето катче, уживам во козметика. Прекрасна декоратива имаш @mims-89
Јас имав таков туш за очи, но многу брзо ми се исуши. Не е ништо посебно, не сум задоволна јас од него. Никогаш не ги го купила повторно.
Само да те прашам дали шишенцето од лимитираната верзија на Rare Pearls е со распрскувач или не? Сега гледам во новиот каталог има пак такво шише со друг парфем, а нема наведено дали има или нема распрскувач. Исто ме интересира за водата за лице од роза, можеш ли да ми кажеш што пишува на декларацијата и како ја користиш? Немаше наведено ништо во изминатиот каталог освен цената, а баш би сакала да знам нешто повеќе. Инаку девојки сите имате преубави катчиња, темата многу ме релаксира, а кога ќе се сетам пред неколку години кога се отвори дека бев против, ја имав сфатено во друга конотација. Kога гледам која што си купила ми е убаво исто како јас да сум си го купила нештото.
Не е со распрскувач..обично е...А за водата за лице пишува дека можиме да ја користиме исто и како тоник за чистење на лице ..нормално со памукче и после тоа кожата е свежа,чиста и разладена ...баш е предобра за парите. Јас си користам од оние памучнине тркалезнине од нивеа баш се супер за вакви течни работи како тоникот и водата.. Се надевам појаснав .ако не е пак нешто јасно повели срц
Очекував дека е без распрскувач, иако се понадевав дека грешам, така ми се виде на твојата слика... Водата значи како обичен тоник, или мицеларна вода, само ѝ ставиле друг назив, за да пробаме нешто поразлично. Ти благодарам во секој случај на одговорот.
Иначе водата е тоник не е вода ...во наш превод хехехе а поразлично е името ...од тоник на вода....функцијата иста ...Женски бее...све да се испробало хеххее
Sto znam, mene mn dolgo mi trae. Mozebi taka se pogodilo. Jas iskreno ne se razbiram mn vo shminki I kozmetiki, vas sto ve citam tuka pa I ne gi razbiram koe e, kako e. Mene ovoj mi se pogodi, nemase koga barav od GR I go zemav ovoj da ne sum bez ic I ne mi se isusil do kraj. Za nareden pat ke probam I drug oti ne sum koristela. Kakvo iskustvo imate so GR tusevite?? Sakam ubavo da crni
@sesilija јас имам вода пд роза не од авон бугарска некоја е 100% природна, и за се си ја користаѓ и по телото, ако ме касне некој инсект прскам пак, преку ден само за да си ја освежам кожата на лицето, за подготовка на домашни маски, пишува дека може и да се пие за подобрување на имунитетот ама не сум пробала за тоа а и нема да пробам грозно ми е хахах оваа од Авон незнам дали е 100% природна ако р земи си ја ке и најдеш функција
За таквата розина вода знам и јас, ама оваа не очекував да е таква, затоа ме интересираше што пишува на декларацијата ама очигледно ѝ ставиле име вода, а всушност е истото што и тоник за лице. Јас порано не поднесував воопшто мирис на роза, посебно тие бугарските, ама имам гел за туширање Discover Miami од Орифлејм и приметувам дека мирисот ме потсеќа на мирис на рози и ми се допаѓа па очигледно сум станала толерантна на мирисот. Затоа помислив да ја пробам доколку има некоја поразлична функција, меѓутоа очигледно нема. И сега гледам во каталогот дека во гелот нема никакви рози, туку цвет од корнус и личи, што значи веројатно уште не го поднесувам мирисот на роза, само сум се тешела дека тоа се сменило.
@srcence1607 Срц,јас имам од тој тушот на ГР земено,јас сум задоволна,дава убава интензивна црна боја,четката ми е супер и лесно можам да нанесам,а и не е скап.
Еве дел од моето козметичко катче. Обожавам кармини и кога некоја нијанса ќе ми се допадне си умислувам дека морам да ја имам, а не дека е кујзнае колку различна од постоечките. Ќе забележите дека повеќето ствати ми се од Авон, зачленета сум 5-6години па така запаѓам во була секој месец по малку Сенки и моливчиња за очи и уста, веѓи и други тракатанци не сликав. Сјаеви за уста очигледно не обожавам.
Да, крем пудрата на Лукс. Искрено ја начекав на попуст кога излезе прв пат, ја земав џабалак што би се рекло. Стаив само еднаш и некако ми дојде лицето посуво. Дали дека има ефект на кадифе или незнам... Така некако чудно. Втор пат не стаив, ја трошам течната Лукс, таа ми беше отворена па не сакав двете истовремено да ги започнувам. Повторно ќе пробам да ја користам зимава. За летниов период тешка ми беше. Јас имам комбинирана кожа. Спојлер Ако сакаш ќе се нашљакам пак некој ден и ќе ти пишам втор впечаток.