маара , забрането е спамирање на форумов дали знаеш , гледам имаш спамиранно во скоро секоја тема Забранети се четот, флудот и спамот. Чет – личен разговор меѓу два корисника, размена на реплики од типот „Како си денес?“, „Ајде да одиме на кафе“ и сл. За таа цел постојат „Лични пораки“ и посебен модул Чет. Флуд – потопување на форумот со бесмислени мислења или мислења што се повторуваат. Спам – оф-топици, рекламирање и сл.
@danichap сакав да ти пратам лп ама имаш забрана па ќе морам тука да те консултирам знаејќи дека имаш доста сува кожа како мојава... Никако да си најдам соодветна крема за лице во смисол не ми се доволно хидратантни или некои ми се преагресивни и повремено кожава ми се заситува. Едно време ја користев таа на Шелер со јојоба пред да ја сменат амбалажата и некако ко да ми го затегаше лицето ба ја баталив. Ме интересира како си задоволна од оваа твојава на Шелер? Исто ме интересира и таа на Хаушка од роза? Да не ја пониме темава со оф топик слоодно пиши во пп И да, прекрасна препаратива имаш.
@Mama25 Ќе пишам тука во случај да не има и друг кој е заинтересиран за овие проиводи, а за да не биде офф слика и од неколку препаративни производи кои ги набавив во меѓувреме. Спојлер Морам да признаам дека кремата од шелер ми е некако агресивна за секој ден. Не ми предизвикува црвенило или првут/чешање на кожата но самата лаванда мислам дека не е идеална за лица со преосетлива кожа. Нуди солидна хидратација и не ја мрси кожата, односно не предизвикува сјај. За деновите кога лицето не ми е во најкатастрофално издање е добра. Кремата од Др.Хаушка иако е дневна јас ја користам навечер поради јаката хидратација и оној сјај за кој предходно зборев. Одкако ќе се упие ја чуствувам кожата мека, хидрирана и негована. Ја имам пробано и лајт варијантата но сепак се одлучив за оваа и сум презадоволна.
Првиот е од Mac-heroine, другите два се едниот од Golden rose 119 и од Flormar ( бројче не знам се избришало )
Само шминки, без шампони,регенератори,парфеми.. Слаба сум со четки, ама имам порачано од ebay чекам да стигнат
Талита извини ама четките ги миеш??? Вака многу бактерии се собираат, штетно и е за тебе да ги оставаш немиени.
Миени се четките , на една недела ги мијам, десно четката има од тие коректорите за контура што се затоа така изгледа
Јас ги имам истите коректори и знам дека остава трага но се вади,барем мене ми се вади. Никогаш вака не ми испаднало да имам траги на четка. Значи, не ја миеш убаво. И се мие на секое второ користење.