Е да ти кажам и тоа е добро! Вака од многу, пак ни е малку, и пак не знаеш, чекај сеа која пудра, која маскара, која сенка, кое руменило?!
^^ Рејнбоу, сигурна си дека си женско? Ама белким се тушираш со нешто освен чиста вода а? Се шалам, ме пресмеа со ова. Ме потсети на другарка ми. Таа стално ми вика - „јас требало да се родам со пенис, човече имам само две чанти и еден ранец!“. Море боље. Барем штедиш на една страна! Јас не знам што попрво ми треба, или кажи речи не ми треба. Купка, книга, прслук, секси чорапи?! Све ми е фетиш! Ти и*ам глупото женско, инвестирам ем у душа, ем у глава, ем на глава, ем на тело, арно што немам уште опашка, и за таа сигурно ќе ми беше потребно нешто
Леле Реинбоу исто и јас, од шминка користам само пудра, маскара, моливче, сјајче толку...и перли за излегување добро и карминчиња си имам, коа ви ги гледам палетиве со сенки се чудам, браво, јас не ни знам да се нашминкам со сенки и тие 300 четки за што ли се? Блазеси ви, мене ако не ме нашминка со сенка некоја другарка или братучедка само на тоа сум, и да не сум голем љубител на шминкањето, делувам мн вештачки кога ќе се нашминкам толку Муабетов ми е само за шминка, за тело коса и парфеми сум манијак
Сликај ги и потрошените Реинбоу. Така ќе изгледа дека имаш огромна колекција се и сешто, секако не се гледа на сликите дали е полно или празно
Ех да ги заборавив шампонот, гелот за туширање и интимниот гел Може ќе присоберам за некоја трошна слика
Фалаа Вреди да инвестираш во 3D Мах сјајот за усни јас го купив од Куманово околу 520 ден беше Премногу сум задоволна која боја и да ја земеш ќе бидеш задоволна
Што се секираш?! јас не сум поарна...немам некое големо богатство до козметика...доволно колку ми треба...3-4 пудри,неколку сјаеви за усни,неколку сенки,перли и едно руменило,два кармина,моливче едно,лакови пак два ако се...маскари три...добро малку повеќе од тебе , ама како овие девојкиве тука што постираа цели багажи козметика не.И не ми ни треба...Јас и онака не сум нешто страдна за да полнам несесери со козметика. Е може само парфеми се неколку(4-5)...
Имав желба девојки да ги сликнам моите производи арно ама кога ги гледам вашите се се фирми познати, се засрамив а не дека е малку
Под итно да си сликала. И немој да се замараш со фирми. Тука сме да си споделиме кој што користи па и да пофалиме или да покритикуваме некој производ, зошто не секогаш скапото е добро, а и не секогаш треба да се дадат многу пари за да се добие добар производ. Чекаме слики и од тебе
Овој бронзеров што е на Аура, го има во две нијанси, посветла и потемна. Прилично е голем а мислам дека не е скап воопшто. 266 денари е во Космо. Ако на некој му треба бронзер, нека му даде шанса.
Исто и јас како реинбоу..кога ке видам некои имаат по 5-6 маскари, пуно парфеми, сенки, препарати за тело, коса ај и ја ке постирам слики некој ден, треба прво камерата да си ја средам
Ти мислиш сите тие ги користат? Па 95% од тие со 10 маскари што ставија дека барем 5 им се суви пресуви, 2 користат, а 3 им се при крај онака стојат за недај боже Или 10 лабела. Колекционери на лабела да не се? 50 лакови, од кои 30 пресушени. Ама ај да бидат полни сликите па ќе ставиш празни маскари, пудри истрошени, 10сјаја а 3 користиш само и така... Ама жените ние сме чудна сорта бе, некако тешко ни е, срце не боли да фрламе козметика сеедно што е стара и исушена и со поминат рок. Јас правев генералка во несесерите пред 1 месец ааааууу колку исфрлав стари работи и тешко ми беше иако знам дека не сум ги користела 1 година, одвај ги фрлив 5 минути стоев пред кантата и се мислев. Не сме нормални
Еееее сега зависи кој, не прават сите така по сликите што видов ретко која си ставила такви работи може имам ама едно две потзаскриено да не се гледа.се знае дека ние женски ко женско нон стоп си купуваме се и сешто и си се негуваме,било гелови,млека,кармини сјаеви.а јас лично што ќе потрошам -фрлам,нема зашо да се чува .јас не почитувам особи што не се грижат за себе и не се средени никогаш,не е до парите и за евтино можеш да изгледаш ок
Јас не би можела да ставам слика од моето козметичко катче, затоа што го собира во една кутија (без купките кои ретко ги користам, шампонот и маската за коса). Моето КК се состои од два римела, еден креон (црн), лабело Нивеа, две камени пудра и две течни, едно руменило, три палети со бои (средна, мала и најмала), четка за веѓи, 3 сјаева за усни, стик Нивеа... И мислам дека тоа е речиси се. Затоа и секаде си го носам со мене А за нега на ноктите и телото: 7-10 лака кои сите ги користам (сето останато е фрлено), бебешко масло Бекутан, Елдена млеко за тело, колекција Фа (купка, течен сапун и спреј), Нивеа крема, маска за коса, силиконски капки Субрина и од Авон, парфеми два - Мини лав и еден нов (подарок од татко ми, знам само дека е од Авон, ама уште не сум го отворила подарокот) и секако влажни марамчиња една голема кутија за дома и една од тие со по 20 парчиња. Е па тоа е моето богато косметичко катче, кое си го обожавам. Не фрлам пари за скапа козметика, го купувам она што мислам дека и одговара на мојата кожа. Можеби некој ден би попуштила да потрошам повеќе, ама ако сум сигурна дека вреди!
Еве ги и моите миленичиња Морам да додадам дека користам и шамнпон обичен од 65 денари од коприва и регенератор Валера, ама многу големи ми беа за сликање.
Ихаа марама! Па не е баш така како што ни пиша! Баш ти е супер колекцијата, колку креми купки и чудааа! Ммммм Инаку и јас немам навика да чувам стари или потрошени работи. Одма ги фрлам! Џабе место и прашина ќе ми фаќаат. Еве ви предлог како да си ја складирате шминката. Ова пластично фиокарче си го купив од Џамбо 299 денари. Во него ми е сместено се освен течните пудри. Нив ги чувам на сталажиче кај кремата за лице. Спојлер
И јас го имам ама во него си чувам накит имам и уште едно од џамбо за 179го земав слично е само различна форма.во секој случај корисно е
Ми остана уште половината несликната но ми испразни батеријата на апаратот Утре ќе ја сликнам обавезно.