@x.Daisy.x добра е, изедначува има средна покривност. КОга ја земав ми кажаа дека е наменета за сува кожа, ама сепак мислам дека би одговарала на нормална кожа или комбинирана
Малку ќе бидам оф-топик, ама бидејќи и претходно во темава имало дискусии за подредување на козметиката, јас со еден мал предлог за оние што имаат големи несесери, а сакаат да ги потсредат. Мене во несесерот најмногу ми се мешаат маскарите и моливчињата (кои секогаш ми паѓаат на дното, па после ги барам меѓу палетите со сенки). Оние џепчиња на несесерот ми служат за четки, зашто нив ги имам многу, па не ми ги собира во посебната футрола. Затоа сега си најдов едно решение, да ги одделам маскарите и моливчињата во посебно кутиче од чоколатца Етикетите се извадени, не се ни гледа од што е кутијата, единствено што на дното има изгравирано Ferrero, ама кој го гледа тоа Големината му е баш како за маскара, па ако сакате да ги сортирате тие работи, ете предлог. Можете и да ја обвиткате кутијата со некоја шарена хартија, ако веќе не сакате да биде проѕирна. Макар што мене вака ми е попрактично, зашто одма гледам кое моливче кај ми е Јас имам пластични фиокчиња, ама тие ми се наполнети со маски за лице, лосиони, креми и такви работи, па ми стојат во купатило. За декоративна козметика некако не ми се практични, зашто мене шминките ми стојат во соба, во фиока, па затоа морам вакви решенија да си наоѓам
Еве го моето цело козметичко катче и како ми се складирани. Пред некој ден ставив слика само од кармините затоа што другите работи ми беа во хаос па денеска го средив и го сликнав
Ne se gleda od koja firma se,a bas bi sakala da si kupam takvi mnogu pigmentirani,pa ako ne ti tesko pisi mi.
Да дадам и јас еден предлог за средување на шминката, поточно за моливи, четки и сл. Се што ви треба е празна, измиена и чиста (мала) кутија од чипсот Принглс и украсна хартија, салфетки. Мојот пример е со салфетки ги измерив димензиите, исеков и ги залепив со обичен селотејп. Е сега може и покреативни начини, но овие ми се одамна правени, како што се приметува .
Еве за 6 месеци шо можев да соберам. Во иднина ќе има и повеќе (Инаку имам и уште неколку сум ги заборавила да ги сликам)
@nat17 сенките најлево со огледалце од каде се и која цена? Многу се убави боите. @ku4ence задоволна си од Ever lasting пудрата? За каква кожа е и дали е покривна?
Јас ја имав евер ластинг. За комбинирана кожа може да биде. Многу е покривна и стои, незнам будала јас зашто ја сменив, брзо ми се трошеше и секогаш си нарачував по две пудри.
Ново кај мене, плус мини рецензии за производите ако ве интересира повеќе еве линк http://rosee96.blogspot.mk/2015/10/new-in-fall.html