Како си задоволна од Nivea Daily Wash Scrub-от? Последниот пат кога купував се мислев меѓу овој и тој на Clean&Clear и на крај го земав вториов, па ме интересира ако можеш збор два да пишеш за Niveata.
Презадоволна сум. Слично е со нивеата до него, ако не и исто. Секоја вечер пред спиење се мијам со него, навика ми стана веќе. Многу убаво чисти, лицето отпосле ми блеска и многу е меко на допир. Буквално дава flawless ефект. Исто така Т зоната ми беше проблематична до пред некое време и се случуваше да се исфрлам со ситни акни и од што секој ден се миев со пилингов ми се исчисти скроз. Ти го препорачувам дефинитивно
Се извинувам за оф-топикот, ама сакав да споделам ефтин трик за зголемување на пигментациjата на сенките при нанесување. Откако ќе земете сенка на четката, капнете капка капки за очи. Резултатот е навистина супер, имам пробано со разни сенки и секогаш сработува.
Ако може да ми кажеш од каде ги зеде сенките палетата? Колку пари..? И дали се светкави или мене така ми изгледаат..