Јас пак во темава околу организацијата Маските за лице и кремите прво ми стоеја во несесер, после ги префрлив во фиокчињата во купатило, ама многу производи ми се собраа, па таму веќе не ми ги собираше. Затоа направив едно преуредување, а корпава одлично ми се најде Ако ви кажам од каде ми е, може ќе ми се смеете, ама ај Корпава ми ја купија кога бев многу мала, внатре беше полна со мали тенџерчиња, тавчиња, решо и друг кујнски прибор. Се сеќавам дека многу сакав да „готвам“ и да си играм со приборот, а пред некое време си ја најдов корпата во шпајз. Скроз сум ја заборавила. Уште е здрава, единствено е малку избледена. Ама таман ми се вклопи со фиокчињата во купатило, тие се сино-бели, а корпава ми стои врз нив. И така, порано беше полна со играчки, сега со козметика Можам да си ја крстам Авон корпа, сега приметив дека буквално сè што ми стои во неа е од Авон. Чисто како предлог од мене, има многу мамички на форумов, па може ќе ви дадам идеја за искористување на некои играчки што ви стојат збутани некаде. А може и некој од помладиве си чува стари играчки како мене
Има во Џамбо огледало на таква „нога“ со 2 страни, едното зголемува едното е обично, 250 денари мислам дека беше.
И јас овде повеќе околу организацијата, конкретно за чувањето на четки. Пред некој ден го видов пластичново во локален маркет и одма му најдов намена, од сушара за лажици и виљушки стана држач за четки. Многу убаво изгледа, има 4 прегради во форма на срце, големко е и собира бајаги. Претходно ми беа поделени на три места, а сега четките ми се организиран куп и фино делува.
@sikica7 преградите за кармини кои ги имав споменато пристигнаа Спојлер http://www.aliexpress.com/item/Hot-...Storage-Display-Stand-Holder/32470526164.html Тоа и неколку други нови работи Спојлер http://www.aliexpress.com/item/2015...Cosmetic-Make-Up-Hot-Selling/32494109768.html http://www.aliexpress.com/item/Hot-...p-Blending-Foundation-Smooth/32491918047.html http://www.aliexpress.com/item/12-P...ng-15CM-Lip-liner-pen-makeup/32257829416.html http://www.aliexpress.com/item/1pc-...sh-blending-eye-shadow-brush/32492021691.html
Eeejjj super... Na slikata izgleda odlicno se nadevam deka si zadovolna,cestito neka ti e se... A koja e cenata na molivite gledam celo pakovanje se i kazi vaka od kvalitetot zadovolna li si???
Kaj slikata so parfemite toj crveniot pozadi da ne e toj na katy perry? Ako e od kaj go kupi go baram nikade go nema.
Скоро сите ми се нарачани од интернет, овде е mission impossible да најдеш добра четка. Таа што те интересира како и многу други ги имам нарачано од iherb.