Презадоволна сум од ноќната крема,имам комбинирана кожа,а наутро т-зоната не ми е мрсна,и лицето ми е многу меко.
А од Cleansing mousse-от на Nivea и кремата на Eveline? Што е тоа лево доле од Nivea? Нешто за околу очи?
Од нивеата сум презадоволна,најбитно ми е што не го суши лицето,баш го осеќам меко и чисто.Евелин кремата за раце за во зима не би ја препорачала ,веднаш се впива ,не е мрсна воопшто.Тоа малечкото е нивеа крем за околу очи и хидрира исто како и тие од авон,нема некоја разлика.
Би било убаво доколку производите се некако подредени, попрегледно, за да може после и да прашаме за накој од нив. Вака кај некои е само хаос.
Еве некои слики како јас се организирав. Ова на сликите го сметам за средено, да се разбереме. Само претурам по работите во брзање и ги фрлам назад непотребните, па во ваков ред/неред се снаоѓам најдобро. И некои од четките што ги имам.
Од каде е ова за чување четки? Од кој маркет поточно? Или сеедно каде да го барам? Претпоставувам дека е можеби од оние наменети за чување вилушки лажици за во кујна, ама ептен ми се засвиѓа.
Работи што ги применувам во моето катче без многу потрошени пари малку украсување и тоа е тоа. Кутиче од стапчиња за уши, од бонбоњера, гумени бомбони, и од парфем одлично е за четкиткете за очи бидејќи се мали и собира повеќе.
senkite se avon zoltata e aura e sega za prajmerot brzo se susi ne treba da cekas mnogu vreme go matira ubavo liceto no ne se nadevaj deka ke ja namali vidlivosta na porite sjaj na liceto pocnuva da se pojavuva posle 2-3 casa kaj mene
Препаративна козметика за лице плус нега на коса. Кожата ми оди во крајности, од нормална до осетлива и неуродермитис, па затоа толку креми за секоја фаза. Делумно се и резерви, неотворени.
Конкретно, оваа е за сува и надразнета кожа но јас не би ја препорачала за оние со проблематична осетлива кожа склона кон црвенила и првутење. Дава хидратација и солидна влажност но не е за преосетлива и проблематична кожа. Само за сува да, би ја препорачала, по можност да се нанесува навечер бидејќи е како путер и светнува лицето
ako mozes da mi kazes kolku e cenata na kolekcijata od dr.hauschka i kremata avene.predpostavuvam deka ne ti se od ovde.imam namera da gi poracuvam zatoa me interesira.da ne ispadnat poskapi od ovde.
кремите од др. Хаушка се 19-20 евра. До сега редовно ја користев класичната розе, овој пат ја набавив и лајт варијантата која би требало да нуди за нијанса помала хидратација но сеуште не ми е пробана. Чекам да ја дотрошам првата. Една од најдобрите креми кои сум ги пробала. Кога лицето ми е во најлоша фаза со црвенила и првут без проблем ми ја трпи оваа крема и ја смирува кожата. Кремата со плаво е нешто како сос, при неуродермитис и слични состојби. Цена 23-25 евра. Одлична е, но предност би и дала на првата, калсичната розе. Тоникот околу 18-19 евра. ПРезадоволна, вистинско освежуавње на кожата. А со кремите имаше и гратис серум за кој ми е првичниот впечаток позитивен, но не знам цена бидејќи беше гратис пакоавње. Avene околу 14-15 евра. сосема ок крема, нуди хидтратација и е пријатна на кожа. Лично нема да ја набавам повторно. Др. Хаушка има далеку посмирувачко дејство на мојата кожа. Но за оние со нормална кожа или мало сушење на истата би одговарала многу повеќе. Се надевам дека не ти пречи што напишав и кратко искуство со истите.
Спојлер @koritsaki , кое е бројчето на кармините на есенс, тој во црното пакување и тој розевиот? Едно време го имаше мислам црниот, ама сега не можам да го најдам, а бројчето не го знам.