Ако мислиш за тубичката таа е за контурирање (и' пишав на една членка една страница предходно), двојниот коректор ме разочара само серумот со кофеин го бива а розовиот коректор е ужас, моливчето хајлајтер е фино остава убав пигмент
Да за тоа мислев ама мислев дека има друга намена, како што ми кажаа било како за нијансирање или пигментирање...пр.ако е многу светла пудрата.
@Emotional123 намената му е за тоа (како што прочитав на декларацијата) но повеќето го користиме за контур
Оф топик малце , ама сакам да прашам за четкиве , гледам така ги чувате во кутивчиња, моите се компет во несесерче се покрива, колу е хигиенсски вака (ради прашина) да стојат отворени? Многу е попрактично на масичка ,ама секој ден да ги мијам е напорно.
@havai 123 немa Сефoрa вo Мaкедoнијa имaш нaјблизу вo Сoлун и aпaрaтлевo зa лице oд Лидл гo имaм земенo oкoлу 8 еврa oк е убaвo гo чисти лицетo нo не гo кoристaм честo
Иако четките ми стојат на отворено до сега ми се нема појавено никаква реакција на било кој дел на лицето (имам проблематична кожа и имам правено операции на очите така што не ми е баш сеедно што ставам на очи). Ги мијам минимум еднаш неделно и бришам прашина на 3-4 дена. Мене поверојатно ми е дека бактериите полесно се размножуваат на затворени места и кога четките стојат на купче. Ова е мое мислење и искуство, ако некогаш ми се појави несакана реакција ќе го променам начинот на чување четки.
Моите се во несесер, некако најхигиенски ми е така. Инаку ги мијам еднаш неделно комплет, а измеѓу ги поминувам со влажно марамче.
Не се мијат секој ден. Моите се на масичка па како ги користам така ги мијам веднаш по користењето. Претходно и во несесерче специјално за четки ми седеа, но премногу се малтретирав да ги отворам- затворам. Со фолија можат да ти стојат на масичка или без фолија. Јас до сега немам добиено никаква иритација на лицево од четки, повеќе зависи и од чистотијата во домот.
Сепарирани се во фуртолче , сега знам дека и во затворено се размножуваат уште повеќе, ама тргнав од сличноста за четкичка за заби (не чини ни отворенаа ни скрозз затворена) капаче со дупчиња да циркулира воздух...Финтата е што пример преку ден бришам прашина , сабајлето пак има, карши се гари нов објект (уствари цело време се гради) и врти-сучи глос марамици и само поминувам. Ќе пробам со фолија , не ти е лоша идејава.