Срцке, пред неколку страни напишав на кратко како одприлика е процедурата. Еве пак да видиш, па баш да видам дали ќе се снајдеш. Ако не пиши ми пп. Спојлер Откако ќе ги префрлите сликите на компјутер, може да ги аплоадирате на нет, јас го користам www.photobucket.com сервисот. Ќе треба да си креирате акаунт и потоа може да правите аплоад. После направените аплоади имате можност да го земете директниот линк од сликата или пак директно да го ископирате со код (под секоја слика има четири линка со соодветна намена. Само со клик на линкот тој е веќе ископиран и спремен за да го пастирате). Може да подесите и фотографиите да бидат аплоадирани со одредени димензии зошто ако ги оставите онака како што се креирани може и да се преголеми и да зафаќаат беспотребно простор.
Па тоа го зборам и јас цело време, дека сме нерационални. Ајде уште ова, па уште ова и самата си се убедува, дека ептен ми треба, а знам дека не ми треба. Јес да со тек на време се откажувам и знам да си речам - ајде ќут, не ти треба, рикверц! Жена. Со еден збор. А сега сум ко душкало влезено во вашите дневни и ви чачкам, и гледам, уште да можев да пробам супер ќе беше
Да се навратам на муабетот што пред неколку страни го започнав.. Јас исто така не ја гледам потребата да чувам потрошени работи..маскари лабела што и да е..ОСВЕН ако не си колекционер... што ке ми се..само да се бунам и прашина и простор да ми зафакаат? имаше еден период кога многу тешко се одделував од старата/мала облека од истрошени работи од се..и само чував..мајка ми ми викаше постојано фрли се, ослободи се, направи простор за ново да дојде..така и направив една добра генералка и исфрлив се непотребно.. што ке ми е да чувам 5 истрошени маскари побогу? јас незнам дали да се срамам или гордеам со мојата козметика бидејки навистина е мала.. имам 3 маскари кои наизменично ги користам или ги комбинирам..(а знам маскара не е убаво да се чува/користи подолго од 4-5 месеци, оттаму и говорам за имањето на еден куп маскари) 3 сјаеви за уста, 2 пудри, 2 моливчиња за очи,(само две, а тука гледам повекето имаат мнооогу), 4-5 малецки палетчиња со сенки, 2 руменила и ТОА Е ТОА.. лакови имам околу 10, нега за тело, шампони да, купки сапуни и тоа е се
Ова е моето скромно козметичко катче, навистина скромно... Спојлер Се мислев дали да постирам, ама еве само да и покажам на Марамче што е скромно, во споредба со мојата колекција, Ти среќо си богата
Подобра помада од "Здраве" не постои. Ретко кој знае за оваа помада и нејзините својства. Многу е лековита, често пати во пубертетските години знаев да си ставам од помадата на некое мозолче и во текот на ноќта мозолчето ќе го снема Премногу е ефтина, а чудесна е. Е сега работата е во тоа што јас со години не сум ја видела никаде. Па би те замолила да ми кажеш од каде ја купуваш? Ти благодарам!
Тоа е се народе Нема сенки бидејки не користам, а и не сум мн по шминката Сум заборавила и шампон Пантен и стик Рексона
Па не сум го користела многу (неодамна го купив, беше 80 денари па да пробам) , ама од досега што сум ставила, многу ми ја суши кожата А јас имам нормално сува кожа и ова бетер ми ја прави. Ако имаш масно лице, би требало да ти се погоди.