Само заборавив мицеларната од Балеа да ја сликнам. Црвенава маска и зеленава од Балеа ми се најнови откритија и мноогу ми се свиѓаат. Таа што загрева е врв, сите црнки од носот ми ги вади, и многу ми го смирува лицето кога ми е исфрлано.
Ќе треба да си купам организер за кармини, моливи за усни.. Предлози од каде може да се набави такво нешто?
Дава убав сјај на лицето, но повеќе игра улога како руменило.. Кога не сакам премногу да се шминкам (бронзер, руменило, хајлајтер) нанесувам само бронзер и руменилово и ми се допаѓа како изгледа, го освежува ликот ) Нема да погрешиш ако го земеш, но имај на ум има суптилен сјај
@marta993 од Битпазар, продавничките кај Импала. Не сум сигурна баш дали во Импала или таа до неа ама супер организери има.
Не е на мур, од римел е magnif'eyes keep calm and wear gold и да надополнам дека се одлично пигментирани за таа цена, само се доста прашкасти.
@ванилала извини што се убацувам, во Космо Зебра а верувам и во др Космо ги има овие палети и се околу 120 ден
@marta993 Хмммм палетата на Римел ја купив 250ден кога беше на 40% попуст, да не си грешка со ценава или уште ги намалиле? Некако нереално ми е 120 ден
Фала Фит ми ми е попокривна.. Од катрис не сум задоволна може не одговара на мојата кожа . Од фит ми сум презадоволна.