Ја средував козметиката, исфрлив мал милион работи, па си велам да сликнам што користам секојдневно. Пудри, коректори, прајмери и фиксатор. Руменила, бронзери и хајлајтери (омиленота трио-палета од Кико вчера ја скршив ) Сенки за очи и производи за веѓи ( како што може и да се примети, исклучиво само земјени тонови на сенки носам последниве 2-3 години ) Кармини и моливчиња Четки Производи за нега на лице Производи за нега на тело Производи за нега на коса Заборавив да сликнам некои работи, како: маски за лице, мицерални води, маскара, лакови... ама тоа следен пат
Фала ти многу Спрејот го користам со години, а искрено не знам дали некој посебен ефект има Но дефинитивно помага за полесно расчешлување на косата и ги смирува разлетаните оштетени краеви.
За тонирање на лицето и припрема на кожата за крема/ серум ( во својство на хидролат). За таа намена го користам и тој на Алверде и Активниот кислород ( кој заборавив да го сликам).
Многу е убава, има убав мирис покривна е само ако имаш масна кожа обавезно сетирање со пудра во прав. И ако си пресветла првата нојанса темна ќе ти е
За лице не го користам, затоа што има кокосово масло. За тело е ок, добар пилинг и прави на кожата, ама ме нервира нередот што ми го остава во купатило. Се на се не сум сигурна дека вреди за цената која ја има, јас лично не би го купила пак. Инаку, можеш да пробаш дома да си направиш сама верзија на пилингов.
Многу сум задоволна, ја користам со години. Има солидна покривност како за ЦЦ крема, погодна е за нормална/ комбинирана кожа.