Многу сум задоволна. Дава убав сјај и свеж изглед на лицето. Лесно се бленда, траен е. Потребно е многу мала количина, па уште долго ќе го користам.
Фалат и парфемите, некои лосиони за мачкање ама беа матни, па решив да не расипувам впечаток, хаха. Малку се, знам. Спојлер
Ја купив во период кога и немав што да покривам. Цената е околу 270, 280денари, не се сеќавам колку. Сега ретко кога ја користам. Ама бб крема е добра замена за пудра, не е тешка, не се познава дека имаш нешто на лицето, како обична крема. Светнува брзо, ама и таква си е мрсничка.
1/4 од ова е поделена по најблиски, ова се оние 3/4 што останаа за мене и не можев да се одлучам да ги проследам.
Не ми е сега купена, има уште многу малку и кога ќе ја дотрошам нема ни да ја фрлам заради четчето. Најубавата маскара дефинитивно, а замена не можам да ѝ најдам. Жал ми е што не ја произведуваат повеќе
@ванилала има средна четка по дебелина ама е многу флексибилна. Убава црна боја и долготраен. Би го купила пак, одличен е. @bela.m ако имаш масна кожа само со прајмерот од есенс. Средна покривност има, а на фотографии е одлична. @Kimberly11 не сум голем фан на пудри во прав, општо на производи на сетирање на лице ама океј е. Ама па не е многу практична затоа што капачето е многу мало и морам да истурам во нешто друго, најчесто во дланка за да може да ја користам. Не би ја земала повторно.
Мен лично многу ми е погодена бидејќи е многу лесна и лесно се впива. Не е за одреден тип кожа, сдк не е посебно за некој тип кожа. Јас имам нормална кожа со мрсна Т-зона.