Вашето мислење за денешните свадби?

Дискусија во 'Свадба' започната од Saraa, 30 септември 2014.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Во скоро време имав две блиски свадби и неколку други не толку блиски, по блиски, се изнагледав и изнаслушав се и сешто, се изнатрчавме ова ребало она требало, адети еден куп. ПА остај адети, триста моди излегле, бонбоните за со тортата вакви да биле, кошницата таква да била, дома вака украсено, така сервирано, па овој ова ни правеше, венчаницата таа и таа ми ја креираше, тоа ателје ми украсувше, салфетите такви беа, тањирите, покривките, вакви маси па округли, па правоаголни, во ресторанот/хотелот ова имашеова немаше..... и куп други глупости.

    Сметам дека свадбеата веселба се прави за да се прослави еден нов склучен брак, каде двајца почнуват така да речам нов заеднички живот, тој момент да се прослави, се канат гости кој колку смета дека е потребно или секој според можностите, а не да се покаже кој колку има, кај овие за десерт имаше со тортата лубеница, кај оние имало апетисани, кај овие имало премногу мезе па вечерата останала - па коментари не личи што е тоа толку, ако имаш имај си не сме дојдени за јадење и пиење, ако пак се стави скромно - ништо немаше, значи се оди од крајност во крајност.
    ПА и денешниве невести леле мајко, само гледаат (не сите) која повеќе пари да потроши, кога ќе зборува пред друштвото да има со што да се пофали,па ај мене имаше такво осветлување, кај мене имаше меурчиња, салата беше целата розево украсена. Сестро розевата сала и украсите не градат иднина гледајте да имате слогаи разбирање а декорацијата не дека не е важна ама не е пресудна. Порано дека свадбите се праеле дома и немало ни д од декорација, што им фали, ете ги пак си се заедно по 30-40 и повеќе години брак, а денеска се гледаат и најмалите ситници и пак не оди пак после некој краток период се разведуваат.

    Сакам да го видам Вашето мислење на темава, ако пак некадеима ваква или слична тема слободно канта.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат, едвај чекам и јас да правам моја. :lol: Знам дека е напорно и подготовките пред тоа и самиот ден, но мене се тоа ми се допаѓа и сметам дека е убав начин да се обележи еден таков ден кој се случува еднаш во животот. Колку и да е напорно ќе издржиме. Младоженците не го чувствуваат заморот од среќата и возбудата тој ден, блиските исто така колку и да се изморени се среќни за нив бидејќи тоа е нивен ден, а неблиските доаѓаат само во ресторан. Така да, напорно им е само на тие што треба, нема ништо лошо во тоа мислам. :D Кога ќе рече некој напорно било... да напорно е, и јас сега во август бев кај блиски и од цел ден играње на штикли мислам цркнав, но убаво искуство е, дефинитивно сфатив дека сакам и јас да правам. Па секојдневно имаме обврски кои исто така не исцрпуваат, зашто да ни биде напорно еден ден веселба, за убаво? :) Ми се допаѓаат обичаите, ми се допаѓаат песните свадбарски колку и да се излитени, будат убави чувства во мене. :lol: Плус, повеќе ги ценам тие песни отколку денешниве. Мислам дека не е ништо претерано во денешниве свадби. Сонот на речиси сите вљубени парови е да ја прослават својата љубов, а тоа е тој нивни ден. Дефинитивно не би сакала само да се преселам кај мажот ко да ме исфрлаат од дома, сакам машко оро да се вие за мене бе, со музика да ме дадат. :rofl: Сакам да ја доживеам таа среќа, па макар и го сменила мислењето после тоа, битно ќе си ја остварам желбата. Во секој случај и да сменам мислење отпосле, не треба пак да правам свадба де. :lol:

    Сум за тоа дека човек секојдневно треба да е среќен за се што има, меѓутоа постојат одредени моменти кои се случуваат само еднаш во животот. А тоа се веридба, свадба, дипломска, мекици... :lol: Добро не дека не можат да се случат повеќе пати, но се моменти во животот кои еднаш се доживуваат а цел живот се памтат и нема враќање ако не прославиш. Јас сум народен човек, се тоа ми се допаѓа. :lol: Па маж ми пример да не прави мекици или да не слави, би се чувствувала како да се чувствува исто како секој ден да му се раѓа дете. Добро тоа е друга тема но само направив мала споредба. :D

    П.С. Сара мислам ти дека малце измеша штипки. :lol: Апсолутно никаква врска немаат разводите или среќата и слогата со декорацијата, трошењето за свадба и слично. Ако има слога и љубов ќе ја има, ако ја нема ќе ја нема. Декорацијата и свадбата како ќе се направи зависат од желбите на младоженците за тој ден, што нема никаква врска со тоа каков ќе биде бракот или дали не дај Боже утре ќе се разведат. Секој си има право на веселба каква што си посакува. Ако невестата раскажува импресии, не значи дека се фали. Мене па баш ми е симпатично да слушам тазе невеста како зборува за впечатоците од нејзината свадба. Не е тоа фалење, зар треба да ќути кога ќе ја распрашуваат... а секако распрашуваат. Па и да не ја прашаат мерак ѝ е де, еден ден и нас ќе ни биде па ќе сакаме со некој да споделиме. Јас баш си се заправев муабет со една тазе бивша невеста во едно фото студио додека чекавме за слики и баш ми беше слатко тоа што ми го кажа, ѝ дадов комплимент за венчаницата, па за тоа правевме муабет, па за сликите... Баш се почувствував убаво што дури непозната девојка ја сподели својата среќа со мене и ми беше мило да ја слушам. Пак ќе кажам не можам да сфатам зашто луѓето на вакви работи гледаат со потсмев а на многу други не. Па ако не се зборува за ваквите единствени моменти, треба ништо да не зборуваме и да си раскажуваме, да се затвориме во себе па ако не.
     
    На Katerina94, Nova2014 и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    навистина незнам што очекуваш од темава, да се смееме и да плукаме по сите оние што што правеле свадба а не се по наш вкус?

    Бидејќи ти ја отвори темата дали ти си правела свадба? дали знаеш колку убаво, возбудливо и напорно може да биде сето тоа?Само тие што не правеле свадба можат да се потсмеваат на се и сешто. Бракот е една работа а свадбата сосема друга. Секој сака да изгледа убаво секој сака да внесе нешто различно тоа е искуство што се случува само еднаш во живото па зошто некој да не си прави ќејф со розева салата.

    Плус еден куп луѓе се вмешани во оваа работа, секој сака добронамерно да придонесе или да каже нешто. Треба да се испочитуваат и старите и тие се дел од оваа веселба. Има мнооогу работи на кои треба во тој момент да се обрне внимание, некои се пренесуваат повеќе некој помалку. А луѓето ќе зборуваат без разлика што и да направите. Ако се нашминката повеќе сте изгледале како кловн, ако не сте се нашминкале и немате накит не сте личеле на невеста и мал милион други работи.
     
    На darcy и Lovely93 им се допаѓа ова.
  4. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Lovely93 ти девојко дефинитивно си на иста бранова должина со мене :) Се согласувам со секоја буква што ја напиша погоре!!! И со секое смајли!!! Немам што да додадам, освен дека секој си прави така како што му е кеиф... А кеифот се почитува...И кеифот е кај секој различен...Ама битно кеиф е, и нормално дека секогаш ќе има луѓе што ќе прокоментираат...Зошто нивниот кеиф е поинаков :lol:
     
    На tessie и Lovely93 им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Абе што и да правиш или да не правиш нема да им ја затнеш устата. :D Што значи, секој како му е мерак и си смета дека е исправно. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Убава си е темата, нема потреба да се најдува некоја навредена затоа што нејзината свадба била баш како што некоја друга опишала како не и се допаѓа. Секој со своите замисли и можности.
    По мое премалку оригинални се свадбиве. Скоро сите се исти. Не гледаш печат од младенците додека си на свадба, нема нешто нивно да речеш Декорацииве баш во нивен стил се направени, музикава по нивен вкус, тортава баш ко за нив измислена, во поинаков фустан не би ни можела да ја замислам невестава и сл. Не зборам за некои драстични новитети само колку да се биде поразличен, туку да се истакне она што ве претставува вас. Дали сте опуштен пар кој сака да се зеза, озбилни и класични, неконвенционални, откачени, перфекционисти, тоа треба според мене да се види и на свадбата. Затоа што тоа првенствено е ваше славје, после на другите.
    Замисли дека не си била на ниедна свадба, не си видела ниедна торта, ниту бонбони, ниту покани, ниту декорации. И треба да организираш забава во ваш дух. Каква забава ќе биде тоа? Која песна прва ќе свири? Ќе ти текне прво на Од овој ден или тоа ќе биде нешто сосема друго?
    Некои како пар ги гледаш секојдневно водат сосема скомен и едноставен живот а свадбата луксузи невидени. Не иде. Не треба да е тоа ден кога ќе се докажуваш пред другите и лечиш комплекси. Но веројатно е така затоа што и народот, гостите гледаат површно на работите па повеќе ќе ја фалат свадбата заради јадењето, декорациите или фустаните отколку што ќе се препуштат на атмосферата и ќе сфатат дека се тука само за фино да си поминат.
     
    На joy1, Marossa, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Она што паѓа во очи е карактеризирањето на "денешните" свадби. Според мене, свадбите и пред 10 и пред 20 години биле многу слични.
     
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    17.557
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓаат денешните свадби, дефинитивно се мн помодерни од свадбите од минатото, се е помодерно и поубаво. И ми се допаѓа што младоженците, тоест повеќе невестите :lol: се трудат тоа да биде оригинално и максимално убаво декорирано и со стил. Па каква боја и тема ќе биде декорацијата. На пример јас кога би правела свадба, сакам тоа да биде во есен и декорацијата на салата, тортата, бомбони, китенки, свашта, се да ми биде во духот на есента. :) Како и да е, дефинитивно денешниве свадби се поубави и помодерни и сметам дека се со помала доза на некои глупи обичаи, според мене.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Ако се однесува ова на мене, јас не сум навредена воопшто мојата свадба беше многу скромна јас не уживам во такви работи но реагирав така бидејќи ми е преку глава од вакви теми каде единствена цел е да се осудуваат другите ( барем јас така ја доживеав). Јас знам од лично искуство колку проблеми ми натоварија другите и се што направивме со мм да ни биде убаво на нас а и на сите други за некој да ми коментира како сум изгледала или што имало за јадење. Вложениот труд за да се организира сето тоа никој не го цени затоа ги бранам сите што правеле свадба без разлика каква и да е.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    ^
    Се однесува на твојот коментар дека некоја ќе се навреди или дека темата ќе е само да ги оговараме свадбите.
    Зошто толку чувствителност на оваа тема? Јас барем не ја сфатив така како оговарање, кој како можел и знаел си направил, јас само пишувам како мене поприродно и поубаво би ми изгледале свадбите, не дека ќе се смеам и потценувам.
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    99.873
    Пол:
    Женски
    Факт е дека се помодерни.Баш за минатата свадба коментирав дека невестите никогаш не биле поубави.Не знам до што е ,дали до професионалната шминка ама навистина е така.Некако во мое време невестите беа поинакви ,јас на пример сама се шминкав,колку беше успешно или не,не знам,декорацијата на салата ми ја направи жена која си ја платив.Имав торта невообичаена и фустанот не ми беше класичен.Во денешно време со салите си оди и украсување,ми се чини некои даваат и торта...мислам дека многу работи се олеснети,особено со присуството на интернетов па можеш да украдеш некоја идеја.
    Инаку,сите свадби ми се клише,слични меѓу себе,дури и невестите си наликуваат,секоја ама секоја има вештачки трепки и во 99,99% фустаните се со кринолина и корсет.Една од поинтересните ми беше свадба на едни пријатели во блискиот манастир,со најблиски роднини и пријатели,во природа со музика на увце.
    Значи досега сум била на една необична а другите сите си наликуваат едни на други.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Погрешно сте ме сватиле, во ниту еден момент не сум против свадбите, напротив сакам свадби, зборот ми беше за престижот, кој повеќе направил, за да го зборуваат низ град. Погрешно сте сватиле, сакам да ги видам вашите размислувања во поглед на условно кажно непотребно фрлени пари, што не значи дека ако за мене енепотребно за некој не е.
    Не ми беше поентата за оговарање, навредување, оцрнување, тука е проблемот кај нас кога нешто ќе се напише веднаш се бара начин како да се оцрне нестото, да се исплука по него.
    Фала за мислењата. :)
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.284
    Пол:
    Женски
    Во неделава имав "чест" како падобранец да улетам на 5 свадби во црквава тука кај Веро Џамбо (не знам како се вика црквичето). Првото што го забележав беше дека сите 5 невести како по договор имаа ист модел на фустан во форма на торта . Баш додека седевме во дворот од црквата со другарка ми прво тоа го искоментиравме колку некако се клише и скоро исти тие невестински фустани.Буквално да не имаа различна боја на коса и фризура ,сите ке беа ко едната иста девојка . Така да во поглед на фустан, за мене свадбиве сеуште ми се некако некреативни ,прекопирани и без печат од невестата во поглед на облеката. Идемо даље на фризура.. Фризурите сеуште го држат оној залижан изглед со 3 кила гел,чудни пунџи и некои за мене нејасни додатоци и циркони во косата кои правеа да изгледаат како новогодишна елка. Ниту една не делуваше елегантно и отмено него напротив како да имаше некој невидлив натпревар во тоа кој колку ке биде накитен,кој ке има поголема пунџа на главата,кој ке има поише слоја на фустанот. Идемо даље. 3 од 5 венчани пара пуштаа бели гулаби да летаат а останатите 2 не знам како им се згреши да поминат без тој момент. Позите за сликање веке видени.Чудни гимнастички акробации помегу младоженецот и невестата пред камера и нормално неможе да се помине без сликата "ајмо сеа сите рипаме во вис". За шминката нема ни да се осмелам да искоментирам,едната само ми остави неверојатен впечаток бидејки на момент се посомневав дека на шминкерот му рекла да и ги стаи на лице сите могучи бои на сенки што ги има.

    Ова е од тоа што го видов додека бев во црква.Можеби во ресторан биле поиновативни со декорациите и целокупната замисла.

    Според мене ретки се оние кои успеале да направат некоја креативна свадба за која би рекла е овие луге навистина се имаат потрудено за секој детаљ да остане забележан и врежан во паметот па да се збори со години во иднина. Сеуште ми е некако се исто,еве и да не е исто ама многу слично.Истите фустани,истите фризури,истите пози за сликање,истите песни за прв танц...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Мислам дека темава е сосема во ред :)
    Денешните свадби точно е дека се помодерни од оние во минатото но колку тоа го користиме како што треба?Речиси сите свадби се слични една со друга,слични фустани,фризури.Тоа што не ми се допаѓа со фризурите е што некои се толку обични ко за в диско,некои и секојдневие.Сега и премногу китење не чини,особено не ми се допаѓа оној детал круна на главата(особено голема) мислам дека е застарен.Во врска со пунџите(тортите),немам некое лошо мислење затоа што може и добро да изгледаат,моја братучетка имаше пунџа најмногу од страв да не и се растури косата ако ја направи другачие,сепак е цел ден тоа,но не ги и обожавам,особено оние што се многу високо.Фризурата треба да соодвејствува со венчаницата,некои налагаат по сензуална фризура,некои не,сепак има избор.
    .А за фустанот,миљон идеи...јас сепак сум за фустан со корсет(не многу накитен,ама со вкус).Обичен фустан(без корсет)може да носиш на секоја друга свадба само во друга боја,или да не испадне и некоја друга се појави во бел долг фустан на свадбата(постојат и такви)после па да се јадете како е поише забележана.Или пак доволно е да ве изнервира.Не сакам да бидам погрешно сфатена ниту да навредам некого,секој си има свој вкус,често убавото е во едноставноста.

    Е сега сето ова и не го дава впечатокот.Свадбата ја прави музиката,луѓето кои присуствуваат,мислам луѓето поише го ценат тоа,нормално оние кои се дојдени и стварно им е драго што се присутни.
    Првата песна страндард од Владо,тоа е нешто што најмногу не ми се свиѓа.Кај мене таа нема да биде.Сметам дека има и поубави македонски песни или ако не е од овој ден тогаш ништо... нема да се знае официјално дека започнуваме со нашата бајка.А бендот исто се бира претпазливо,има и поефтини кои многу поголема забава ќе направат отколку што ти знам некои прочуени.А не само правто да ти се смачи без нашите елено и пајдушко или само забавен дел без голем дел од нашите убави македонски песни.И не ми се свиѓа некој што прави свадба колку само да направи,без разлика дали дома трпат за јадење.Најчесто таа свадба е елитна,задолжени родители или пак многу трошна со многу гратиси,а квалитетот да не речам нула.Баш присувствував на свадба каде што сликите беа толку бледи,башка и заострени и погрди немав видено.Па сликите се една од поважните работи на свадбата ако ја не го овековечам тој момент како што треба,незнам барем во денешно време кога има толку избор.Декорациите ,само неколку ме воодушевиле.А ладното и тврдо јадење не смее да се дозволи.

    Не викам дека мојата свадба ќе биде совршена,секогаш нешто може да фали па дури и кога планираш не излегува се по планот.Но,знам дека нема да правам свадба колку само да направам,зошто нели сите праат.Уште сега имам замисли,идеи во врска со тоа како јас ќе изгледам и потајно за се друго.Сакам тој ден стварно да биде како бајка,јас да се чувствувам прекрасно а не подоцна да ми биде криво што не сум се потрудила повеќе.Ова е мое мислење не мора да сложите,сите сме различни нели.И не,не сум воопшто од оние кои ќе дојдат на свадба само за да оговараат после, ако нешто ми се свиѓа после јас ќе раскажувам еј така беше,а не да правам лице,ако е така не ни одам,затоа одам само на поблиски свадби :)
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Веќе коментирав на темава, но не можам да не додадам дека не би се осмелила никако да осудувам на оваа тема, на овој единствен и среќен момент за славење. Пак ќе кажам, секој си има право да си ги оствари своите соништа, па макар се вратил 30 години назад кога станува збор за стилот или макар бил ист со 99 посто од свадбите. И јас сакам да пуштам бели гулаби бе па што? Зар треба да не си ја остварам замислата за мојата свадба од соништата поради тоа што моите гости веќе се изнагледале такви работи и кутрите им здосадило? Мој ден е, не е нивен. Ако не си среќен за мојата среќа и мојот избор каков и да е, не ни доаѓај само за да додадеш уште една свадба за оговарање на списокот или да коментираш за мојата пунџа. Сите имаме различен вкус. Одвратно ми е и да коментирам критички на оваа тема, би се осеќала ко климатерична тетка, како оние што сите ги зборат дека иделе по свадби само да оговараат а не за да ја споделат радоста на младенците. Е ако некогаш се премислам околу правењето свадба, само ради ваквите муабети ќе биде. Пу јаз`к, колку одвратни коментари од млади луѓе... и тоа пак ќе кажам, за ваков радосен настан. :puke: Да можам на таквите би дознала кои се и би им идела по свадби само да ги оговарам. Толку да не се радувало на туѓата среќа... Кој не сака не мора ни да прави свадба што е до мене, но ако прави никогаш не би плукала по организацијата или вкусот на невестата, нивниот вкус не може да биде и мој вкус и точка. Ќе ги испочитувам максимално, ако ептен имам потреба ќе дадам скромен коментар но никако дека свадбата била копија или свадбата била ужасна. Или уште полошо, невестата била ужасна. Обично ако не ми се допадне свадба избегнувам да коментирам, а ако ми се допадне секако си кажувам. На последната свадба кога бев отпосле кога се видовме со младенците идниот ми свекор пред нив искоментира дека услугата не чинела... не сакаше ништо лошо да каже но на сите ни падна незгодно, а најнеубаво секако се осетија младите. Јас пробав да ја извадам ситуацијата и реков дека на мојата маса келнерот си доаѓал на време и се било во ред, можеби на нив им се погодило така. После тоа кога си отидоа и свекрвица ни спомна како му бил за никаде коментарот. И значи, поентата на муабетот ми е, колку и да не ми се допаѓа нечија свадба јас се радувам за сите нив па макар и за подалечни и и да не сум им била на свадба. Ако се прашувам јас, сите свадбени веселби ми се допаѓаат и сечиј начин го почитувам. И нема да се согласам дека наликуваат едни на други, напротив мислам дека повеќе порано било така, сега си има секој свој стил и единствена причина ако има многу сличности е тоа што има одредени работи кои речиси на сите кои сакаат свадба им се допаднале. Барем добро знаеме дека денес никој не прави ништо веќе од атер, туку по сопствена желба. Ни родителите не им влијаат во изборот а не пак околината.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  16. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Искрено, мислам дека сите свадби личат една на друга, меѓу другото, и затоа што е така наједноставно. Рестораните веќе си имаат позната шема, фотографите си имаат шема, и нема многу замарање. Барем за мене, свадбата е една голема забава за да го прославиме стапувањето во брак заедно со најблиските пријатели и роднини (вкупно 160 луѓе, навистина блиски), а не нешто што треба специјално да остане во сеќавањето на сите. Никогаш свадбата не ми претставувала идеја за "најубав ден во животот" или можност да се осеќам како принцеза, или не знам што... Затоа со мм одбравме убав ресторан, добра музика, добар фотограф, бомбончиња и покани што ни се допаднаа, и не чукавме глава премногу дали тоа ќе биде уникатно или не. И иако немав пунџа туку локни, и венчаницата не ми беше корсет+корпа, свесна сум дека свадбата личеше на сите други (и денешни, и од пред 10 години), но тоа и не ми е битно - убаво си поминавме и ние и гостите, немаше глупости и главоболки и стресови ниту пред свадбата ниту во тек на истата и лежерно и весело го започнавме заедничкиот живот.
    Со оглед на тоа што гостите сите ни беа блиски, и што немаше "спектакли" ниту намерни ниту ненамерни, не слушнав никакви оговарања, а не гледам ни зашто некој би паднал во несвест од воодушевување. Како и на секоја забава (малце поскапа, ок :) )

    Секако, ако некој сака тој ден на сите да им отскокне од праксата, има начини да се изведе - но воглавно би барале многу дополнителен напор, организација, неретко и екстра трошоци. Ако отидам на таква свадба, ќе речам браво, но дека ќе ми значи повеќе од останатите на кои сум била кај драги луѓе, баш и не :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Моето мислење за денешните свадби е деκа се пρават κаκо по неκоја иста, стаρа шема и ρедослед. Ја нема таа еуфоρија κаκо неκогаш. Се е исто години наназад и не е веќе тоа тоа. Младоженците во најголем бρој случаи ја пρават свадбата за да собеρат неκој денаρ. Тоа е најглавната цел на свадбата. Дρуго,доста битно е што ќе κажат κомшиите, ρоднините за тоа κаκо и што било на свадбата. Мислам да не ми замеρи неκој на κоментаρов. Постојат и исκлучоци од наведените, не се сите исти. Со оглед на последниве години, пρисуствувајќи на многу свадби јас ова го добив κаκо заκлучоκ. Паρи, паρичκи да се добие и да се κупи неκое κоличе или евентуално нешто дома да се ρеновиρа. Мене сето тоа ми нема смисла и сеκогаш велам деκа аκо веќе се пρави свадба да се пρави со задоволство и ρадост, а не κолκу по ρедот да се помине и да однапρед се пρесметува κолκу ќе се ќаρи тој ден. Жално е сето тоа. Свадбата е еден ден и тρеба да се пρослави онаκа κаκо ти носи душичκата. Замеρκа имам и за задолжителното фотогρафиρање на гостите со младенците. Тоа тρеба да е избоρ, а не нешто задолжително. Сето тоа е само за пρофит на студиото κое им наплатува на гостите најмалκу пи 150 денаρи по слиκа. Слиκата од младенците после неκое вρеме ќе се фρли во κанта зошто не сеκој саκа сеκого. Да се ρазбеρеме има луѓе што немаат и 100 денаρи во џебот и се мислат κаκо ќе ја платат слиκата. Ρеално е таκа.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Денес младоженците прават свадба ако невестата остане бремена. Нема лутење тука... на секоја свадба каде што бев поканета, невестата била со стомаче. Имам заприметено дека на луѓето поважна им е работата и можеби затоа стапуваат бо брак подоцна накај триесеттите години од животот. Некои ќе речат нема пари, епа нема, скапа е свадбата, ама затоа од подароците ќе се купи нешто или ќе се оди некаде.
    На последната покана за свадба пишуваше падарокот во плик. Се пишувало така ? :|
    Сметам дека некои работи не се потребни, како на пример претераните фотографии на зетот и невестата. Издвоено цел час и повеќе за тие да се фотографираат во парк или на пат, во нива...
    Инаку си сакам свадби, без разлика на се, сметам дека тоа е еден среќен момент во животот на двајца, секако ако се сакаат и сакаат да запливаат во брачните води. Во Јуни кога моите беа кумови на свадба јас го фатив букетот, тоа ми е интересна традиција. Исто така по ново на свадби свират и забавна музика накај единаесет часот. Тоа си е океј. :)
     
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Lovely93 и ние имавме таква случка кога после нашата свадба се собравме да го гледаме цд-то и беше присутен братучед на свекор ми на кој што ништо не му е погодено во животот и искоментира во стилот дека се беше супер, прекрасна, весела свадба со убави среќни младоженци само што кај него плескавицата била мала, еј од толку многу јадења и плус други 2 огромни меса кои реално ретко кој може да ги изеде он се фатил за плескавицата. Помина и тоа ние никој ништо не му одговоривме се воздржавме а се осетивме ептен неубаво со мм, после 5месеца истиот тој човек прави свадба за син им, свадбата хаос невиден. Се скараа со снашката на денот на свадбата, услуга и јадење испод нула, па се погодивме на иста маса со него и ми носи келнерот мене вечера а во тањирот само 2меса и му викам на човекот кој замери за плескавицата. Чичо кај тебе за нашата свадба плескавицата ти беше мала кај мене па за вашата не ми ни ставиле телешко месо. Се вцрвени човек ама како така чекај сега ќе го вратам келнерот, срамота е ова ти бремена да гледаш, ми се извинува а јас му велам не е проблем секако не јадам телешко туку само сакав да ти кажам дека не е убаво кога на човек се нешто не му се допаѓа а неговото е допрва назад и којзнае како ќе испадне. После тоа се видовме човекот ни се извинуваше за зборовите што ги рекол ама нема веза од 370 луѓе на нашата свадба мораше да се погоди 1 кој што е дојден таму само за јадење, пиење, оговарање и мани наоѓање. Како велат лесно е да се насмееш на друг ќе видиме ти како ќе се снајдеш кога ќе бидеш на негово место. Да не се фалам нашата свадба и после година ипол сеуште е најзборената свадба и од музика и од ресторан и тие што биле и од тие што не биле како најубава и највесела свадба. Да, можеби и јас бев со фустан со корпа 5 ама никој не искоментира дека сум како торта туку сите коментираа дека сум како балерина бидејќи сум слаба во стомакот и многу убаво до израз ми дојде фустанот, и да, имав мала дискретна пунџа што не беше класична пунџа и никој не рече дека сум како стара тетка туку сите ме прашуваа кој е одговорен за мојот изглед бидејќи изгледам скромно а луксузно. Поентата не ми е да се фалам дека сум била најубавата невеста со најубава свадба поентата ми е дека повеќето тоа сме го поминале а другите ги чека тоа, па секој си има свој вкус и ќе си прави така како што на нив им одговара а ние ако сме поканети може да присуствуваме таму за да ја споделиме нивната среќа а не мани да наоѓаме и да собираме материјал за трачарење со другарка на кафе. Секој си прави така како што на него му одговара ако неможеш да му помогнеш не му ни одмогнувај и да му создаваш непотребни нервози, па колку и да не ти се допаѓа свадбата поарно речи само дека беше убаво, отколку да кажеш се што ти лежи на душа и да навредиш еден куп луѓа кои за тој ден се подготвувале толку многу и го чекале со толку многу еуфорија. Зборовите некогаш многу подобро е да си ги задржиме само за нас бидејќи многу болат и повредуваат
    pupi.girl ете јас се омажив од љубов :D не бев бремена на свадбата, макар што морам да се согласам со тебе повеќето невести се со огромен стомак и мене ми е ептен невкусно, ама секој си знае за себе како му е најдобро, немора да значи дека се земале само затоа што била бремена невестата. чист пример е моја братучетка кога од веридбата до свадбата имаше скоро 1година време а таа си живееше кај вереникот и во меѓувреме остана бремена и беше невеста со голем стомак. Кажав и пак ќе кажам секој си знае за себе и секој си има своја приказна немора се да биде онака како што ние го гледаме, позАди тоа може се кријат многу работи
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.284
    Пол:
    Женски
    Се сложувам за тоа " поклон во плик", новитет последниве години се со цел да се покаже уште еднаш човековата лакомост.Верувам дека и порано имало коментари од типо-Не чини сервисот или електричната скара добиена како поклон,но никогаш не била желбата на младите за заработка од свадбата толку јасно и гласно изразена.Најблиските ко по некое непишано правило секогаш прашувале што најмногу им треба на младите а остатокот ,секој со нивнаa совест во поглед на поклоните.Сега веќе однапред е напрааен еспот кој колку треба да донесе ,па истиот уште и попреку гледан ако не ги исполни финансиските очекувања намладенците.Дури се иде до таму да се канат луѓе на кои со години не си им кренал телефон да ги прашаш како се ама битно за свадба ке ги викнеш со надеж дека ќе ти го напунат пликчето и ке те опарат. Дури понекогаш имам впечсток дека 80 посто од поканетите гости се само ради тоа и ради реда а не затоа што младенците пукнале баш најубавиот ден во животот да го споделат со нив.Така да ако нешто од модерниве свадби ми е најодвратно тоа е токму тоа,желбата за заработка ..
     
    На An-na, WORRIED.BT, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.