1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето мислење за денешните свадби?

Дискусија во 'Свадба' започната од Saraa, 30 септември 2014.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588
    Внимание, хејтерски пост. Љубителки на свадби, не читајте.

    Ретко да отидам на вистински убава свадба, правена со мерак.
    Сите свадби се иссилени, најчесто поради тоа што невестата е неочекувано бремена или пак за да земат некоја паричка за да се одделат од свекрвата.

    Секоја свадба е стандард - таа во бел торта фустан, тој во црн. Таа со пунџа, тој свежо шишан. Таа со бидермаер, тој со китче во реверот.

    Одат по невестата - истите песни на секоја свадба. Секогаш во матично има еден глуп другар на момчето кој вика по него пред да потпише - Пази, нема враќање. Е да, тебе те чекаше да кажеш.

    Секогаш мајката и таткото на невстата каснат и нервираат некој. Секогаш некој заборава чаши, бончиња, материјал, свеќи. Нервозно се враќаат до дома.

    Редовно шминкерот и фризерот на невестата каснат, па се се влече понатаму.

    Другарките на невестата буткаат на врата, другарите пари им даваат, оваа со меот до заби. Ако не ја отворат другарките вратата, детето мајка и ке и го чува. Ама битно силни. Не ја дават невестата иако она се давала, се давала...

    Невестата дала тешки пари за тој еден најбитен ден у животот кога е кралица(Не знам дали кралиците на кои тоа им е единствен ден како кралици после се магарици, ама нвм), и оддалеку се пази да не ја бакне некоја роднина. Ако ја бакне, нормално 2 недели е болна од вирус. Од свадбата.

    Ајде влегуваат гостите на врата - поклонот свервата го зима. Ни ја знаеш ни ја познаваш, ама нејзе и даваш по 1500 од човек. Тарифата за онака пријатели. Цвеќето исто на друг, невестат не знае дека си бирала пола саат китки. На сите им викаш - со среќа, сите ти викаат по желба. Ајде бе. Невестата и момчето чекаат за сликање, неветста вежбала со саати како да се насмевне. И нема како да избегнеш сликање, иако 21 век, дигитализација и интернет, ние плаќаме 150 денари, 200 денари за слика кај што сме ретуширани и не се ни гледаме салам. Задолжително е.
    И откако си ги видел и си се сликал со нив, пак влегуваат и шетаат низ салата и сите ракоплексаат. Стандард. Стаданрд шампањ и чукање раце не келнерот, алал пукна шапмпањот. Ко да не му е тоа работа. Мене никој не ми чука раце кога си ја работам работата.
    Музиката си е очај сама по себе. Прво ај валцер. Ај од невестата за момечето. Ај сеа од момчето за невестата. Ај сега станете сите. И тамам си се заманкал, почнува ајде една песна од невестата за сите гости - невестинско оро. Ајде сега од момчето - ерген одев мајко поарно ми беше. Да ти ебам почеток на свадба. Ајде сега од кумот Куме куме ќесето ти изгоре. Тебе главата да ти се запали. Ко кумот да не постои за нешто друго, туку за пари. И затоа кумовите откажуваат венчавки.
    Ајде сега, од свекрвата со најинвентивната песна - весела сум свекрва! И од родителите на невестата - зете мили сете. Вау.
    И после уште неколку песни со посвета, и одиме со пајдушко и Елено моме. Рипање, тресење цицки и потење на едно место во затворен простор со 300 луѓе.

    И музиката оди на пауза. Вечера. Невестата собира кеш со бонбончиња. АКо не дојде она по данокот, родителите минат со бончиња. Во превод - да ве изброиме колку сте наши колку ваши, оти ем келнериве крадат, ем јас пари не давам за на сватовите роднините. И ве бележат.
    Тама стигнало 3 вида месо и малце оривче, почнува забавна музика. Чик, чик погоди и Изгледаш ми као луткица из Трста се химни на првото залче од вечерата. Старците успеваат да играат во ритам и се смешни. Ако не играш, иде некој да ти рече дека е срамота да седиш.

    Јадењето е посебна категорија. Со саати се мисли кое мени да биде и на крај е 3 вида сувомеснато, парче кашкавалче, урнебес топче и луксуз маслинка. Пирошката е на пат, доага. Ако се богати, и поховано растително кашкавалче. Вечера 2-3 меса со оривче, можно е и варен зеленчук гарнир.

    Ајде сеага ке се фрла букетот. Условот за мажење без кој е невозможно да се омажиш. Ке ти рече дечкото - ти имаш фатено бидермарр? И ти ти викаш не. Епа не те земам, крај е со нас. Тепачка, груби жени, едно цвеќе. Среќната мома што ке се омажи некогаш, игра со цвеќето среќна како после трипл мултипл оргазам. Дечко и комплетно незаинтересиран. Знае дека не треба да ја бара за жена, ко ке треба ке ја напупа, а тогаш нема да мисли на бидермаерот.

    Ајде сега тортата. Браво невосто ја пресечеееее. Имаш нешто на носот,. АУ и момчето има. А.... се лигавите во тортата што треба да ја јадам. Ау не беееееееее. Тоа било за ВИП гостите. Ние што сме викнати за парите јадеме сладолед торта, во превод 2 замрзнати шлага, во најтенка варијанта.

    Ајде уште 2 ора и по дома. И на сите им викаш, убава свадба, најубава, невестата преубава, ептен убаво, се најубваво. Они мислат се е најубаво кај нив во свет, ама пуста наша култура и куртоазија. Како да ти кажам дека ќерка ти е дебела во торта фустанот и џабе и е круната на главата. Извини, дијадемата. Круната е кај свервата. Како да ти кажам дека по 3 недели нема да знам каква ти беше свадбата, кога е иста ко секоја друга. Како да ти кажам дека маж ти ко магаре е пијан и дека ги пофаќа жените кога не гледаш. Како да ти кажам дека имав бубачка у месото и дека си ме ставила до столбот да седам, или уште полошо до звучникот. Ама свесни сме дека е срамота да не напраиш свадба, што ке кажат комшиите, и дека правиш како сите, за да не речат дека немало ова или она.

    И свадбата денешна е една монотона работа на ничие задоволство, трошок за сите, освен за момчето и невестата кои нервно се пореметија од нервози во тек на организација и така се потрошија.
    А баш би сакала да е се поинаку. Да се прави свадба од мерак, од љубов и да е комплетно поинаква од сите други свадби. Со музика која тие двајца ја сакаат и со луѓе кои тие ги сакаат. А не со сите роднини до 9то колено од Будимирци.
     
    На Аliсe, MorbGoth.666, CameliaMiller и 22 други им се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски

    Ти Ска имаш одено и одено по свадби за да можеш ваква ретроспектива да дадеш :rofl:
    Ова се гледа од искуство е извадено :lol:


    Инаку моево мислење за денешниве свадби е следно нека си прави кој како си милува не му се мешам, балски, селски, обични и необични, мене не ми менува. Одамна скратив листа кај кого одам кај кого не. А одам само кај луѓе што ги имам за свои, па макар и нај нај тапа свдаба да прават си седам достоинствено.

    Генерално мислам дека свадбите во денешно време коштаат безобразно многу, без оглед кој ја плаќа. Коштаат пари, време и нерви, безразлика дали е потрадиционална или модерна.
    Мене никогаш не ми се разјасни, плукајте ме колку сакате, за фустан да дадам 300 евра , или за две меса и некое компирче 10 евра. Едноставно сумите не ми се реални.
     
    На tessie и Daydream им се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    До некаде се согласувам, ама и не :) баш ме интересира, според тебе, што би требало да носи невестата наместо бидермаер? И како ти ја замислуваш таа свадба од мерак? Си ја правела? Или планираш да ја правиш? Оти до сега, секаде каде што сум била свадбата била правена од мерак, со радост. А да, и што би носела невестата наместо фустан?

    Свадба како свадба, секоја наликува на другата. Исто како автомобил на пример, има различни модели, ама сите работат на еден ист начин и служат како превозно средство. Проста споредба.
    Треба да се даде свој личен печат на сопствената свадба, ама не може секоја да се разликува од останатите. Не можеш ти да почнеш од десертот па да завршиш со предјадење, нели? Се си има редослед. Ако сите се разликуваат меѓу себе, нема да биде свадба во вистинската смисла на зборот. А и не секој е инвентивен, и не секој има можности за нешто досега невидено :)
     
    На DivineFM, sweet-star, Veki4kaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588

    Може да носи поинаков фустан, а не торта фустан. Намаесто бидермаер, може да носи... било што. И без него ќе се омажи.

    А свадба од мерак е онаа кога правиш прослава за луѓето што ги сакаш, со музика што ја сакаш и на начин на кој сакаш. Не мора да е сала за 300, не мора од Владимирово сите роднини да дојдат, доста се најблиски пријатели на момчето и невестата, и на нивните родители, и наместо порции како во интернат, може да биде кетеринг. Место се стандард, може да биде поинакво. Место на кванитетет, треба да се сведат свадбите на квалитет и добра журка.

    Не треба огномети да е нешто спектакуларно, доволно е да биде од кеиф. И не ми терајте муабет - со си правела од кеиф па знаеш, ама сум била на свадби, на блиски и далечни. Мининум на 50-60 свадби последниве 2 години, а претходно на отприлика 100. Имам преголем круг на родини и пријатели, и некеде сум одела со мерак, некаде сум се прашувала кој ми е роднина, момчето или невестата. Пола плата по свадби ми оди.

    И знам преееемногу за изгледот на младите кога прават свадба, иако не сум се мажела. Мојот став за свадбите, дали треба или не, го има во друга тема.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Скоро (неколку години) немам отидено на некоја свадба. И според голем дел од постовиве тука сфаќам дека можеби порано биле поубави. Иако денес има и услови и современи стратегии за уредување и декорирање. Aма како што наслушнувам од други и ден денес чат пат ќе се направи некоја навистина убава свадба. Арно рече Цка, до усиленоста и брзањето ќе да е.

    А оние на коишто им пречи она „подарок во плик“, нема што да ги осудуваме. Некој не сака да му сугерираш што да ти донесе. Што е следно мислам? Цена на порција под „покана во плик“? Не е нова мода, ама некои ставови по ова прашање си остануваат исти. Мислам исто ми е како кога пред „Честито“, те напињаат со „кога ќе частиш за...“ Мислам, фала на честитката.

    Се знае дека се` почесто место поклон се носат пари во плик, ама добро мора ли до толку да ми се потенцира дека некој парите ми ги чека можда повеќе и од мене самата... и ако не ми е близок, не му ни одам, ако му е до пликот, нека уштеди на мојата порција. По-поклон во плик, здравје.
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Јас само ќе искоментирам за тоа поклон во плик. Според мене ДА, преглупо е да се потенцира на поканата истото тоа, но најпрактично за самиот гостин е да се носи таков поклон. Што ќе се мислам јас цела недела што да купам, што ќе ги шетам сите продавници, вака ставам колку мислам дека треба и завршена работа.

    А еве, не ли сте замислиле колку млади не сакаат свадба, ама за АТЕР на старите прават?
    Јас имам искуство со неколку невести пред да дојде денот на свадбата да искоментираат - ''Ајде нека дојде и нека помине веќе еднаш.'' Така е барем во местото јас каде што живеам, абе младите не смеат да зборнат дека не сакаат свадба, старите у несвест паѓаат одма. Па почнуваат муабети од типот - ние толку време го чекавме ова, а сега да не правиме свадба, па што ќе кажат луѓето, па на толку свадби сме биле досега, а ние на наше дете да не направиме и уште мал милион такви за мене простачки фрази.
    Ама ете за ''мир во куќи'', младите ќе прифатат, нема очите да си ги вадат и нормално ќе се истера каква-таква свадба само за да биде свадба, а не оти они толку ќе се внесат во нејзиното организирање. Па и да сакаат да се внесат, старите иако имаат желба за свадба, рипаат на почетокот, а после за ова немало, за она немало и ајде нека биде свадбата поинаква и не шаблонска. Не може.

    И баш затоа, јас и без да ми се потенцира поклон во плик, знам што треба да однесам. Затоа што старите наместо да се покажуваат пред комшиите и роднините тој ден оти женат/мажат син/ќерка, да рипаат на оро по цел ден со своите 3ти братучеди, би можеле тие пари да им ги дадат на младите за да стартуваат некако тие или да им се најдат за нешто практично во нивниот заеднички нов живот, а не да ги фрлат по ресторантски порции за 400 гости, по музики и по ред други работи потребни за свадба.

    Е после младите гледале дали ќе можат да си ги повратат парите вложени во свадбата... па ќе гледаат, мене тоа ич не ме чуди. Мама и тате се изнаиграле тој ден, се извиделе со роднини што не ги виделе 100 години, а сега младите нека се чудат после тој ден од каде пари за да си присредат една собичка за живеење на пример.
     
    На calliope, Glasna, sanja.burgundy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Во право си скроз, само што тука има уште еден детал. Најчесто (значи велам „најчесто“ не „секогаш“) кога свадбите се за атер на родителите, од нив се и финансирани. Е тука немаме право да ја кршиме касичката и да гледаме уште колку ни` е останато. Ако е за тоа, ако е трошок на родителите, парите на родителите треба да ги дадат по таа логика...

    И не ни` е муабетот оф-топик, пошо „поклон во плик“ е одлика на модерниве свадби (не дека некој рече оти е, ама со време да си кажам).

    Мене не ми е проблем пари да однесам, проблем ми е начинот. Многу ми е некултурно и изнудувачки и не ретко ми го менува мислењето за младенците. Напротив, кога некого многу добро го познавам со неговите желби и потреби и ми значи во емотивна смисла, преферирам да му земам подарок, што нема да биде онака од ѓутуре, туку обмислен, со задоволство ќе трчам по продавници, ќе барам алтернативи и сл. Но, тоа сум сепак јас. :D Така и било и неретко ќе сум ги израдувала повеќе отколку да им однесам плик. Ги знам луѓето, знам какви интересирања и потреби имаат и се трудам истото да им го доловам преку тоа внимание. За други ситуации, идеален е поклон во плик, само не мора да пишува и на поканата.
     
    На Glasna и Saraa им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Па затоа дека од нив се финансирани, од таму мислам и дека произлегува шаблонизирањето.
    Оти кој ќе те сфати дека ти сакаш помалку гости, а пооригинална веселба (за која најчесто требаат повеќе финансии)? Они решиле веќе кој ќе канат, направиле списокот, па и уште додаваат, се консултираат дали требало и овој да го допишат, и оној да го допишат, на овој биле пред 20 години на син на свадба немало смисла да го скокнат... За нив е битно сите да им бидат на куп, не им е битно каква ќе биде свадбата, дали иста како другите или не. Се знае невестата треба да е во бело, младожењата во костум, у ресторанот менито горе-долу е тоа, музиката клекни-стани ора и чочеци (па каква е таа свадба на која може да се замисли друг тип на музика, на што ќе играат нивните 50-60 годишни 2ри братучетки на пример? :D )
    Така барем јас гледам на целата оваа проблематика, а за парите што знам... се си е индивидуално, ама па веќе кога младите заради нив биле дел од циркус кој што не го посакувале, нека бидат и они фер да им ги остават парите што си ги собрале, оти никој па на крајот на краиштата не ги терал со сила да трошат баснословни суми за нешто како свадба на која собрале од слепо до сакато што се вика
     
    На Glasna, Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  9. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Пренатрупани и ептен кич .. шо знам можда до мене е .. барем јас не си замислувам ваква свадба
     
  10. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    Не знам зашто секогаш се генерализира, од кај тоа дека сите се мажат само кога ќе останат трудни? Еве јас не бев бремена кога се омажив, а и многу мои другарки не се омажија зашто мораа, туку се омаживме зашто сакавме, од љубов . Ниту да се оделам од свекрвица ниту од други причини туку само од љубов, зашто сакавме нашата љубов пред се да биди благословена од бога :)
    Потоа..имавме 140 гости од кои најголем дел беа млади, наши колеги, пријатели, другари. Не собиравме пари по маса ( овој адет веќе не ни постои го правела мајка ми пред 30 год) зар има уште некој што го прави :^)
    Најважното немаше поклон во плико на поканата. ;)
    А што да носи невеста на дента на свадба, најобичен бел фустан? Па таков можи секој ден да сошие за било каков повод, а еднаш бидува невеста ( добро некој и два пати :D ), што да носи ако не бидермаер, што е тоа било што? Гранче? :^)
    Па во тоа е убавината бе луѓе, бидермаерот можи да биди толку убав нежен. Во однос на фустаните не се веќе сите исти, корсет и корпа, туку има и со прерамчиња, со ракавчиња, има со машни, има толку многу различни материјали, некој носи пораскошен, некој по нераскошен , има тесни како сирена фустан. А, можи некој сака да носи поинаков ама конструкцијата на телото не дозволува. Пример братучедна ми многу сакаше сирена модел ама си е полничка малко па не и стоеше :) Првиот танц не ми почна со Овој ден од Владо туку со сосема друга странска песна,

    И повторно се генерализира со пунџата, па ја во последно време на сите свадби што бев ниту една невеста не носеше пунџа, повеќето имаа пуштени коси со локни, мојата беше лежерно собрана, без уметоци и триста дрангулии. И не чекав фризерот да ми дојди дома туку си отидов во салон и си се средив.
    Ок, е секој да има свое мислење не ги сакате свадбите ок никому ништо ама не генерализирајте и не навредувајте и не се потсмевајте . За некој тоа е најубавиот ден , кога ќе ви дојди време за свадба ќе видите, баш ме занима што невести ќе сте вие :P
     
    На Lovely93, Nati.P, Veki4kaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    Да не ми кажеше Cka дека не сум се омажила од љубов немаше да знам ;) :| А, од што прават свадба младиве, ако еве не е бремена невестата? М? Па и да е бремена зар тоа дете не е плод на нивната љубов?
    Сосема е во ред да имате мислење за свадбите дека се кич, вакви такви, ама да кажете дека не се мажи/жени некој од љубов е претерано. Како тоа вие се знаете , кој се сака кој не се сака.
    Велиш си одела на свадби каде што не си знаела кој ти е роднина, а зашто воопшто одиш на такви свадби? За да фаќаш сеир, да оговараш цела свадба, па после да можеш и тука на форумов да пишеш "занимлива" прича.
    Им се потсмеваш на тие и ги правиш не саглам со тоа што канат роднини до 9то колено, а и ти не си нешто поарна, со самото тоа што одиш на свадби кај роднини од 9то колено ;) Седи си поарно дома не си ја троши платата, остај си ги луѓето да уживаат во најубавиот ден исполнет со многу љубов :wasntme:
     
    На Lovely93, Nati.P, bridetobebt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Кој ве тераше спојлер да отворате... мала шала, :D жената си предупреди оти хејтерски пост ќе биде.
    Башка со одделување од свекрвата, јас разбрав дека мислеше на дел од оние коишто бараат поклони во плик искЉучиво а не на сите и секој што прави свадба.

    Што се однесува до бремените невести, мене лично барем воопшто не ми пречат, ниту пак таа нивна состојба би ме довела до некои сериозни заклучоци. Дали децата ќе бидат во стомакот на невестата, во количка или ќе трчкаат околу фонтаната надвор (пример), сеедно. А на свадбите на коишто сум одела воопшто во животов, дали 2 или 3 невести не биле бремени, или можеби евентуално не им се познавало. Доколку се витални во специјални фустани со фризури и шминки да бидат дел од една не толку едноставна церемонија која си бара да имаш енергија, па браво, нека се живи и здрави и утре и за свадбите на децата истата снага да ја имаат.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.588
    Одам оти ме поканиле. Јас нема да ги поканам оти ме поканиле. Извини ако те навредив оти си правела кич свадба или типична вообичаена и досадна, последица на бременост. Не реков дека се мажат, а нема љубов. Викам дека свадба прават, оти се трудни. Или оти кеш им треба.

    Свадба и брак се различни работи.

    Реков не читајте, мој став е дека свадбите кои се исти една на друга се досадни и се ради реда и пари и да не зборуат комшиите.

    А за тоа дека свадбата е најубавиот ден у животот?! Не ви е поубав денот кога ви се раѓа дете или е побитно да си принцеза?
     
    На CameliaMiller, Hajdi22, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    Уживај воопшто не ме навреди . Мојата свадба беше последица на огромна љубов, а не на бременост (забременив дури после година од бракот и моментално сум бремена) .
    Последниве месеци бев на 3 свадби, од нив само една невеста беше бремена, останатите не. Кој знае зашто се омажиле па тие :lol:
    За мене си беше најубава тоа ми е битно, а мрчатори имало и ќе има. Сега за сега мене тоа ми е најубавиот ден во животот , кога застанав во бело покрај човекот што го избрав пред бога и пред законот. А, кажи ми што со оние жени што не можат да се остварат ко мајки? За нив кој да биде најубавиот ден?
    Секој си има свој најубав ден, а на многумина им е овој :)
     
    На Lovely93, Nati.P, Veki4kaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    И јас не знам, Cka, зашто одиш на толку далечни свадби кога очигледно не сакаш. Ако сметаш дека те викаат само за пари зошто им го пружаш тоа задоволство? Не оди и мирна ќе ти биде главата. Јас немам отидено на свадба толку далечна, немам причина кога не ги знам луѓето и не се ни радувам за нив. Убаво што се земале, ама кога не ги познаваш луѓето сеедно ти е. Се вадам со обврски и готово. Баш поради тоа што се сите исти свадбиве и кога одиш на свадба што не ти е ни мерак уште полоша изгледа.
    Инаку, и јас во последно време се утепав од одење по свадби, такви ми се годините. :) И ни една не беше бремена. Се од и за љубов. :)
    Мислам дека колку и да сакаш да ја направиш свадбата поинаква на крај мора да се држи малку до тој фамозен шаблон. Прво, можеш да ги скинеш тие адетите, да не мора буткање на врата, бла, бла, кај мене беше така, дојдоа сватовите, се провеселивме малку и фативме патот под нозе.
    Музиката е малку спорна, на пример сигурно нема цела свадба да биде журка со рок бенд, што ќе прават тогаш постарите роднини? Ќе седат цела вечер и ќе се чудат? Затоа мислам дека уште вака се тера, не може секако да помине свадбата без оро. А кои песни да се свират тогаш за оро? Нови да напишеме ако не специјално за свадбата? Работата е што немаме веќе квалитетна музика, еве се гледа ново од народно што излегува, кеш кеш, докторе, штотијазнам таму. И затоа се истите стари песни се свират. Може само вториот дел, после вечерата да биде позабавен, тука може нешто да се смени, не мора се истите песни да одат, па уште онаа ја свират Ај сечи перо, пего, како и да е, крајно одвратна песна. Тука се има простор да се смени нешто.
    За фустанот, па што знам, секој со своја желба. Јас не носев балски, не ги сакам воопшто таквите, ни можеш да се движиш, ни да играш асално, па често и невестите се статични.
    За шминката не ми е јасно, зшто ако некоја не се шминка секојдневно за на свадбата ќе се направи десет години постара со еден тон шминка? Мислам, дали некој ги погледнува на што личат во фацата или страв им е да и кажат? Има ете, некоја шаблонска невестинска шминка и речиси сите ми се исти во овој поглед.
    Бидермаерот ми е убав, цвеќиња се, баш ми е пригодно некако.
    Сепак, на крајот невестата и младоженецот се тие што ја прават свадбата да биде нешто поразлично. Ако ги гледаш дека се највесели, играат цело време, комуницираат со сите, некако се е повесело. Ама ако се некои намрштени, невестата нервозна, цела свадба добива таква негативна енергија.
    Така што само весело, не се враќа тој ден никогаш. :)
     
    На Lovely93, Nati.P, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако не била вашата свадба тотално по ваш вкус не значи дека без љубов сте се омажиле. Знаеме во најголем број случаи кој го има главниот збор (родителите), па нема ништо лошо во тоа да бидете малку самокритични и да кажете што би промениле кога би имале апсолутна контрола врз финансии и изборот би бил комплетно ваш. Доколку некоја рече дека сама избрала да има свадба иста како сите други затоа што поинаку не ни ја замислува, во ред, тоа и се допаѓа и искрена е. Но доколку ги браните овие шаблонски свадби затоа што сте имале таква (а желба за поинаква) и мислите дека со критикување на свадбата ја напаѓате вашата љубов, грешка сте. Ниту ние ја напаѓаме вашата љубов со критики кон свадбата. Дали и колку некој пар е заљубен не е тема на разговор, дали трудна се омажила или не-исто, ниту пак поклон во плик, си има тема. Ептен забегавте, гледам сега дека со право се буневте на почеток да се избриши темата :D
    Мислев дека темата повеќе ќе е со предлози што да се изостави од досегашните непотребни адети кои само време или нерви одземаат и да се даде идеа како би можело да бидат поинтересни, поедноставни или пооригинални.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Теси убаво потенцира за муабетот со поклон во плик, кој и те како е составен дел на денешните свадби и неизоставно е да се прокоментира и тука и покрај тоа што сите знаеме дека има посебна тема за тоа, ама те нели мора да се промрчи. |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^^
    Rainbow велиш што ќе прават цела вечер постарите ако нема ора? А што прават помладите на песни кои можеби воопшто и не ги слушаат како пример македонски ора и чалги? Се снаоѓаат, играат, мрдаат, што да прават, како се свири така ќе играш. Постарите генерации мислиш не знаат да играат ако не се на оро фатени? И вистина мислиш дека нема даволно песни па мора да бидат тие 20 или 30 не знам колку се што се вртат на сите свадби? Македонски евергрини пример кои ги слушаат и постари и помлади малку има? Отвори на јутуб ќе видиш.
     
  19. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    Кога правевме свадба и јас и мм работевме и финансиски придонесовме за свадбата. Од најмала до најголема ситница само си одбравме по наша желба, никој не ни се мешаше. Од тој аспект не би променила ништо, може само за бојата на бидермаерот ми текна отпосле за друга :D Но, не оспорувам дека има родители кои буквално ја диктираат свадбата и сакаат се по нивно да е како они да ја прават :tmi:
    Затоа највеќе ми смета тоа генерализирање, ако некој напишал поклон во плик, ако некоја била бремена на свадбата, ако некоја биле накитена ко елка, не значи дека сите се такви и да се ставаат сите во исти кош и да се плука по нив.
    И нема воопшто квалитетна дискусија на темава, има само потсмев ништо повеќе.
     
    На Nati.P и bridetobebt им се допаѓа ова.
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Значи на почетокот кога се побунив за темата знаев дека коментирањето ќе отиде во овј правец, со навреди претпоставки и осудувања и тоа пред се од девојки кои што уште немаат правено свадба.

    Крај на крај на луѓето не им се погодува.аАко сакаш да смениш од шаблонот тогаш си занесена се претеруваш итн ако тераш стандард тогаш си неинтересна и клише.Јас направив неколку работи кои се разликуваат од шаблонот и ми го изедија џигерот :lol: затоа што луѓето не знаат за повеќе. ( на пр. носев чевли во боја, не се венчав во црква, венчавката ми беше во природа не во матично итн)

    Треба да запомнете дека кога се оди на свадба на нас ни е стотта на пример но на младоженците им е прва и тоа е најбитно, они се најбитни не вие.
     
    На Lovely93, Espadrila, bridetobebt и 2 други им се допаѓа ова.