1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето мислење за денешните свадби?

Дискусија во 'Свадба' започната од Saraa, 30 септември 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Искрено ми го напраи ќефот ептен многу ми се допаѓа концептот, свадба во природа. Една од реткo убави свадби на коишто сум била беше на отворено. Или како што некои ги праеле во времето на нашите, во комшилукот, па маалото украсено, па сите помагаат ова, она. За вкусови не се дискутира, секому различни нешта му се допаѓаат, тоа не треба да претставува навреда за никого. А тоа што ќе речат другите, не е важно, битно е во самата веселба да си се пронајдеш. Затоа има некои парови коишто не прават свадба, затоа што не се во тој филм, ама секој може да си каже мислење. Некому нешто му е кич, на друг не му е, не е тоа навреда, вкус е во прашање. Убавото е релативно. :)
     
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    На мојата свадба имавме и ора и македонски евергрини, и најискрено речено, подеднакво се играше и на едни и на други. Јас не знам повеќе од две ора, но многу од баш младите девојки едвај чекаа да го пуштат пајдушкото, а секое оро се играше и од помладите (такви беа 70% од гостите) и од постарите. Лично не слушам таква музика во слободно време, но гледам дека оро се игра не само на свадби - и составот на "играчите" не е одреден со возраста.
    На мојата свадба (и на повеќето на мои пријателки) немаше посебно адети, и искрено многу не се заморив со детали пред денот (а родителите апсолутно ни оставија се на наш избор, иако тие платија), ама дека свадбата личеше на сите други - личеше. Затоа и е свадба. Кога сакам журка со пријатели, правам журка дома (или во кафиќ), кога ни се оди во кафана со музика на увце, истото го правиме со друштво, но за 150+ луѓе класична свадба е и наједноставно да се организира.
     
    На Lovely93, Nati.P, bridetobebt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.209
    Пол:
    Женски
    Па затоа реков дека вториот дел од свадбата може да се направи со каква музика сакаат невестата и младоженецот, да биде за младите и ќе има за сите по нешто. ;)
     
    На Nati.P и tessie им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    ^
    Тој втор дел обично е на крајот на свадбата кога старите ќе си заминат колку да не е без ич.
    Која привилегија ја имаат постарите на свадбата :D
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.209
    Пол:
    Женски
    Вториот дел е после вечерата, од 10 ипол докај 12, 12 ипол. Првиот дел е од осум до десет. А и невестата и младоженецот можат да си одредат кога што да се случува. Да не се фаќаме за сламки сега. :)
    Пак, македонски евергрини, песни што биле толку слушани што станале евергрин, ко божем тоа нешто ново ќе биде на свадба, сигурно. :lol:
    Да, знаат и некои од старите да си играат на забавниот дел, исто како што и некои од младите ги сакаат ората и рипањето. Затоа е најубаво свадбата од двата дела кога се состои. :)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас нема многу да коментирам на темава, не сум правела свадба, ниту па толку многу сум одела по свадби за да видам што и како се прави.
    Конкретно за музиката - да знаете само како денсаат баби и дедовци на ретро музика :lol: Една од најзабавните свадби на кои сум била беше со диџеј, диско топка и светла во различни бои. Целата атмосфера вриштеше во стилот на младоженците, јас поинаку и не би можела да ја замислам нивната свадба. Играше и старо и младо на диско хитови :)
     
    На calliope, Daydream, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    На последната свадба на која бев, ситуацијата беше скроз обратна од очекуваното - младите гости скокаа на оро додека постарите, веќе побелени гости се изнаиграа на ретро хитови, па да видите вие и какви потези имаа на подиумот на танц, мислиш се подмладиле неколку децении. Многу ми се направи мерак кога ги гледав :)
     
    На Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас правев свадба со скоро сите адети, и одење по невеста дома, и дарување, и погачи кршење од сватовите и сол, па и пешкир обесив на дрво, ПА ШТО?
    Се изнаиграв, развеселив, сите беа задоволни, немаше испади, пијанчење па изигравање мајмунлаци и сл.
    Си носев фустан (не знаев дека се викал торта фустан, прв пат слушам ете овде :lol: ), горе беше тесен а надолу поширок (да не требаше случајно обратно да биде, горе широк долу тесен? :rofl: )
    Музиката беше топ па мислам според сите. Убави, пристојни песни,народни, "забавни", нешто на англиски нешто ју, ама битно направија супер атмосфера и никој не се пожали дека биле многу народни песни или дека било повеќе забавно. Ама нормално е и да има некое незадоволство, не може да им се погоди на сите. Да не требаше Сајрус да ја викнам да ми моча на бина или Гага со садомазо униформа? :o
    И јас имав троа големка свадба, моите се заборавија од канење, намалуваа ама пак излегоа доста, си викнаа и колеги, зошто да не, и тие ги викале а и мене не ме изедоа, цела сум уште. Како што е нормално сите добија порција ручек и ниту малку не ми изгледа тоа интернатски обичај (глупости на квадрат). Да не требаше шведска маса па сите да трчаат по сала и да се создаде нерегулиран сообраќај од полни чинии, да се маваат едни од други па лета храна по под, па некој може се разјал повеќе, па зел 2-3 парчиња месо, па за некоја сваќа немало, па утре ќе те оговара дека немало ручек за нејзе.
    Јас и дома немав кетеринг, туку се беше домашно спремано. Поубаво од домашното нема, дури фотографот се чудеше колку имало сервирано :lol:

    На коверти не пишував-поклон во плик, а оние поблиските или ме прашуваа или знаеја дека моментално немав потреба од било какви апарати бидејќи живеам во заедница со свекор и свекрва, па немам каде да ги сместам.

    И не се правете многу модерни, секаде има обичаи на свадбите, без кои тоа не би било-свадба. И по филмовите-американски, италијански, германски, руски итн...сретнуваме слични и различни обичаи. Тоа е интересното, покрај тоа што започнуваме нова страница во животот, ја започнуваме со веселба. И никој не може да тврди дека не сум била среќна и весела на свадбата, или дека не сум се земала од љубов, бидејќи не правев свадба бремена (камо среќа да бев тогаш бремена, не за муабетов овде, туку за мојата среќа).И не знам зошто субјективно правите генерализација на свадбите. А па и се дрзнувате да осудувате нечии чувства, како демек тоа го правеле по шаблон и не уживале. Кои сме ние да кажеме дека една невеста не уживала и дека мајка и и татко и нервирале некого со тоа што каснеле, или заборавиле бончиња? Многу непристојно.
    Ма и тие адети ги имав, и бонбончиња и бидермаер каков што посакував, и бончиња за ручек и моите сосема малку закаснија во матичното зашто се пресоблекуваа :lol: и тоа беше единствен празен временски простор во кој можеа да го направат тоа, зашто после следеше црква и ресторант каде што требаше да прават прием на гостите, после нас.

    Тоа е свадба, сите весели, пијани од љубов и од алкохол. Мислам дека нема поубава од балканска свадба, веселење до рани утрински часови, затоа и сите странци кои доаѓаат во Македонија уживаат во македонската храна и македонската музика.

    Не знам дали заборавив нешто од адетите-накитена кола, накитен двор, цветови на рака за кума старосватица, цвет за мажот, фрлање бонбончиња во црква, материјали за врзување на раце, фрлање на бидермаерот итн.

    Ако не се адетите, свадбата, како весел чин, би изгубила сјај и би се претворила во вештачки чин на отфрлање на традицијата и модерно сфаќање или заштеда на сметка на уживањето.

    Муабетов му доаѓа како кога ќе слушнам некои жени после нечија свадба како оговараат-свекрвата беше ваква, мајката таква, невестата дебела, младоженецот неизбричен, кумот немаше прасе, старосватот не донел торта како не му е срам, музиката беше за никаде не ми ја свиреа Одакле си селе итн. :rofl:
     
    На imelda, Lovely93, Dennings и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И ја дојдов да напишам дека не ми се убави тие свадби кај што се гледа дека апла, ама апла, родителите се вмешани во секоја можна одлука, гледам претходната страница натаму сте го затерале муабетот. Ме нервира кога свекрвата е растрчана низ цела сала како главна кралица, а мајката онака бавно и од страна ја следи наоколу, да види што ќе направи и на кои маси ќе отиде. :D Друг факт е дека најчесто, 90% од случаите, родителите се тие што плаќаат, а и голем дел од младите продолжуваат после да живеат со свекор и свекрва, па што знам, валјда и имаат некое право, кога веќе даваат толкави пари... :?: Што знам, ни таму ни ваму сум ако ги гледам и двете страни.

    Јадењето мислам не треба да се потценува, јас лично обожавам шведски маси и убави дотерани порции, па масите вака поставени, масите така, па вакви скулптури, мразови, светла и чуда за ефект плус.... Кетерингот е навистина убава работа, а за пари чуда се прават. Ама еве некој не може да си го дозволи, заедно со сите пропратни чуда и не би требало ради тоа да не прави цела свадба. Некои навистина прават свадба од ќеиф, ама еве, со две просечни плати сигурно не може пламенофрлач да му донесат на синот на свадбата. Стандардот на живот е тој, свесни сме дека традицијата е свадба да се прави, па каква и да е, ќе ја направат, оти така мислат дека треба. Па и не се бе толку трагични мевцана и општо јадењето, што знам, нема да ми се слоши ако ги каснам. :?:

    За тоа дали невестите се трудни, факт е дека се :D , повеќето, ама мене не ми сметаат ако си имаат работа и услови за живот, какви такви, нивна работа си е. Ми сметаат ако затруднеле да не седат дома, да се прави нешто во животов па ај ќе се мажам/женам, оти тогаш веќе не е нивна работа ами на цела поширока фамилија. Мислам дека во денешнава средина е, хм, па го барам зборот... Греота е, да, греота е да се тупиш во фамилија која веќе има позавиден број членови (4-5) и да бараш да те ранат и тебе и твоето дете. Па не знам, налет и љубов и се', никој не е должен да те издржува оти кондомите ви биле скапи или не ви било убаво со нив. |(

    Нешто во што мислам дека вреди да се инвестира е фотографот и околината во која е свадбата. Нешто пријатно и пристојно наредено и направено. Ама повторно, зависи од можностите, ако не може така, тоа е, повторно не е тоа причина да не се прави свадба ако се сака.

    Јас немам некоја посебна замисла за мојата, прво далеку е :D , второ свадба како свадба, убав ден е, не очекувам мојата да стаса до Пипл магазин, се знае кои се условите кај нас, а можностите се па и друга тема на муабет. (хинт - затоа година си барам маж од странство). Да нагласам дека се шалам да не ме изедете. ]:) Имам време за свадба, здравје, не ми е во план набрзо, ама би сакала сама да си ја направам и да си ја платам, чисто заради тоа што не осеќам задоволство во тоа да ги исцедам домашните со 2-3-4 илјади евра, за кои сите знаеме како се заработуваат во наши услови, за јас да ја прославам заедницата со некој човек.

    На крајот на денот, сепак е побитно со кој правиш свадба, неголи каде и како.
     
    На Nati.P и duffi им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.100
    Абе ... да не увредам никого, ама и мене ми мањкаат бремените невести. Пошто јадам трици, најверојатно и јас така ќе се омажам, зошто марфи нели, ама сериозно... Освен што ми вика дека сме неедуцирана нација по тема контрацепција, друго не ми оди на памет. Не дека не е бракот од љубов, ама ми делува како растен со концентрат, а се што е со концентрат е убаво на око, ама кад тад ќе ја покаже шуплината во нешто и некаде. Ама што е битно, да се здрави и живи, секој со своето, деца се најпрекрасната работа во животот, нека ги има што повеќе.

    Јас ако се опитам, мене ме бендисуваат свадбиве кои скокаат обичаи и кои немаат колца и порачки за кум и свекрва и се така со ред.

    Се среќаваме на клучното место и си правам како што си сакам, па ако сакам и по амерички стил и ич не треба да ги боли увце останатите.
    Јас сфаќам традиција, ама не можете да ми разубедите дека прекрасен чин е кога оди у позадина - чрешна се од корен корнеше и мајката липа у позадина (да де, освен некоја ако не е оперирана од чувства или наклукана со дијазепам). Што поприродно толку поарно, традиција ќе поштувам на празници, свадба е друга работа и не фала на адетите, макар постарите членови во фамилијата збореле до утре сабајле.

    Свадба во Куршумли ан, свадба во природа, тематска свадба те украсите да бидат со одредена тема, супер ствар. Музика за сечиј вкус, со тоа што народна, строго старогратска, иако не игра баш на неа, ама мене лично... ми се растегнуваат нервиве кога слушам на свадби некои модерни народни песни со глупа содржина и обавезно гледаш некој чика како изведува некои егзибиции на орото, демек ем вешт во играњето, ем со пресмешна смисла за хумор. Тоа да видам на своја свадба, ќе се онесвестам...
     
    На calliope, mamma-mia, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа дека свадбата се прави за да се прослави клучениот брак! А гости се канат колку треба! На пример, на мојата свадба сакала некела ке има само 100 души најблиски! Мн голема фамилија сме. и тоа е неизбежно. а и ќе има роднини сигурно и од подалеку, што никогаш ги немам видено, и мене баш тоа ми се допаѓа, па на свадба ако не ги запознаеш а пред тоа си немал можност затоа што се во други градови. Сега на мајками правеше свадба прва братучетка, она ја мажеше ќерка и, па не ја кани, а баш се израдувавме ќе ги запознаам братучедите. И ете така се оддалечуваме.
    За тоа дека свадбата се прави зошто невестата е бремена нема врска. Не сум ни јас самата свесна на колку свадби сум била кај што невестата не била бремена. И од кај ќе види некој дека е бремена, можеби си полничка, и луѓево одма на тоа удираат.
    За декорацијата на целата свадба да прокоментирам - за бомбони, бидермаер, покани декорација на сала и сл. Бомбоните и китенките се неизбежни, бидермаерот исто така, тој сметам дека е украс на невестата. На поканите кај мене нема да пишува поклон во плик. тоа сметам дека е селско и непристојно. Некој што сакам стварно да ми дојде на свадба, ако треба нека дојде и без поклон, тоа ќе ми значи! И општо за цела декорација, си кажувам за мојата свадба кога ќе биде, сакам да биде во 2-3 убаво ускладени бои.
    Сега за адети - свадбата без адети не оди, е сега до некој степен треба да бидат и тие. Против сум играње на венчаницата кај младоженецот, па дарување на младоженецот, глупости. Но сепак китење на венецот, стоење на врата кај невестата, играње во двор кај младоженецот, па кај невестата, кршење на погаша. па тоа е најубаво!
    За музиката, може да се исфрлат некои глупи песни, како на пример, черешна се од корен, туѓа си бескрајно, и некои сл. Но наспротив има толку убави македонски песни кои да ти е мерак да заиграш. Јас и дечкоми ќе си ја бираме музиката, и ќе гледаме да им се допадне на сите, а најмногу мене и него, затоа што сепак нели наш ден ќе биде!!!
    За венчаницата да прокоментирам и оделото - Каков ви е тој торта фустан? Боже сачувај! Па ако не носам балска венчаница, се прашувам дали некогаш ќе облечам иста таква? Не мора да биде корпата огромна, сега има барем модерни венчаници со корпи, дали ќе биде корсет, со рамки и сл, нема врска, има мн убави. Ама јас до сега немам сретнато торта фустан! За оделото прочитав негде се исто било - црно одело. Па какво да биде - Зелено? Се знае црно! Вечна класика и елеганција! Фризурата на невестата била пунџа - не мора да е пунѓа и со тијара - тоа си е до вкусот на невестата! има преубави фрузури и тоа пунџи - пунџички :)
    Свадбата е најпрекрасно нешто што може да се случи на двајца млади! За тоа каква ќе биде свадбата - општо ќе си се погрижам јас и дечкоми се да бидее по наше, нема да дозволам никој да ми се меша. А дали ќе му се допадне или не на некој,може и дома да си седи, или да хејта од после, ма ич не ме занима. Тоа ќе биде наш ден и ќе се погрижам да биде најубав - за нас и најблиските! :inlove:
     
    На Nati.P, butterflysk, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Поделено ми е мислењето околу оваа тема...

    Од една страна сум свесна за сите клишеа и кичерај кој Cka детално ги има опишано во постот, и колку и да е "хејтерски" на сите од нас ни прелетала таква мисла низ глава на нечија свадба.
    Јас никогаш нема да престанам да се чудам зошто на 99% на свадбите на кои сум била, првиот валцер се игра на Од овој ден од Владо Јаневски? Зарем немаат младите нешто лично, нешто кое им значи само на нив двајца, нешто со значење? Ако проблемот е до овдешните бендови и нивниот капацитет, и за тоа има решение, не мора фрлање пари на бенд, подобро спреми плејлиста готова, систем, добро озвучување и крај. А за делот жива музика, еве, викни труби да ги размрдаш сите и готово, колку да се рече имало и тоа.

    Арно ама, свесна за сето ова, колку и да е глупаво и клише, пак на сите свадби до сега, ми затреперува срцево кога го играат првиот валцер на гореспоменатата песна. Треба навистина да си намќор и неемотивен за во тој момент да не осетиш ни најмала позитивна емоција.
    И каква и да е, свадба е, веселба - и да е невестата бремена, и да се очигледни мотивите зошто таа свадба се одвива, и да ме седнале до звучник - под клима, и да не сум добила вечера на време, и да го играле првиот валцер на најпатетичната песна која не им значи ништо, пак на крајот од денот не можам да плукам по тоа, можам само да дадам конструктивна критика или ете некоја ситна забелешка за тоа што јас би променила, доколку се прашувам.

    Сите сме различни, имаме различни желби и пред се различни можности...
     
    На sanja.burgundy, Elena69221, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Во мојот гρад најаκтуелно последниве години е да се пρави свадба после 1-2 години од заедничκиот живот. Значи со сκлучен гρаѓансκи бρаκ и ρодено дете. Свадба се пρави најчесто κога детето κе наполни 1 годинκа и во еден повод следат- свадба, κρштевκа и ρоденден. Наρодсκи 3 во 1. Свадба со сите адети и обичаи, а од дρуга стρана затвоρенаневеста во соба со девеρици и пρидρужба го чеκа младоженецот да дојде по неа. Сето тоа во истата κуќа κаде живеат веќе и згоρа на се ρасплаκано дете што лее солзи само да го земе мама. Следи цρκовна венчавκа и κρштевκа во исто вρеме. Инаκу невестата не смее да оди во салата за κρштевање. Κумот ρастρчан κаде побρзо. Следи фото сесија и луда весела свадба. Во минатото се знаело κаκов е ρедот и тρадицијата. Се знаело κога свадба се пρави. Аκо е бρемена невестата пρед да ρоди, а не после. Тоа збоρува само деκа свдбата е само начин на заρаботκа. Сеκоја чест на исκлучоци.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.100
    ^ Да ти кажам право... и мене тоа ми е планот, ама ај викам да не ми се смеат. Мене ми е сосема прифатливо, зошто мислам дека така би била среќна. До душа јас не сакам ич брак, ама за да припаднеш во заедницава мораш, ама да се деси да сум бремена, не би правела свадба одма. Како не, најубавиот период да го поминам во стрес тако звани спремање свадба. Кај хормоните ти урлаат, па уште и сто луѓе планот ќе ти го прават со нивните добронамерни сугестии, не фала. Кој што сака нека збори и мисли.
    После оп една скромна прослава без адети и потресувања, ама баш стилска и убава.

    А ова со париве, како и да вртиш исто ти се фаќа. Во секој случај испаѓа за парите. Тазе земени да цитирам - да ти кажам право, свадба е убава инвестиција, се собираат пари, како што сме кнап за бебето сега спремања, супер ни дојдоа парите. Значиии... парите секако се муабетот. Дури поверојатно ми е кога е бремена па прават свадба, еве како примеров, откако се задомиле и дете родиле и се средиле, ова е више за покривање на срамот и да помине редот. :lol:

    А за туѓа си бескрајно немојте да ја чепкате, култна е песната, без секоја друга ќе помине, ама без неа не!!! :rofl: И без розо моја, ако не беа и иста песна, не ме држете за збор. :D
     
    На tessie и makedonkamak им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.209
    Пол:
    Женски
    ^А треба ли да има некоја песна на свадбата да ги погоди и бившите љубови на младенците, или оние несреќно заљубените? :rofl:
    Се знае кои се, најгласните и најемотивните на Ние двајца многу можевме, а среќа немавме да се земеме... Туѓа си бескрајно... Побескрајно здравје. :lol:
    Јас бев на една свадба што ептен си одговараше на младенците, нивна песна, ората тие беа, ама затоа вториот дел беше полн погодок. Невестата си имаше фустан типичен за неа, по нејзина замисла шиен и беше преубава. Да си кажам, дека има надеж. :lol:
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Бев јас на домашно-странска свадба така наречена коктел забава, а во суштина беше 70% традиционална. Единствено бонбони немаше за делење. Коктел забава, на еден крај шведска маса, со чоколадна фонтана, овошје и не знам колку вида на јадења, и риба имаше дури. Е сега стариве седнати на сосема другиот крај од ресторанот, а орово пред масава. Знаете што беше? Каша попара. Е сега музиката. Првиот танц на странска песна, па ајде почнаа нашиве ора, па се свиреше забавно, па пак малку ора, побрзите овој пат. Па излезе еден дечко пееше околу половина час, 90% од гостите се прашуваа кој е и од каде е. Па пак почнаа побрзите ора, па пак забавно, па пак ора, за на крај да заврши со неколку македонски шлагери. Уникатни бе 8) Да напоменам дека првичната замисла беше автобусот и правец таму, ама се премислија младиве и овде правеа, од таму само младоженецот, ни свекрва, ни свекор, ни сестра. Искористиле погоден момент да го прошетаат и да го запознаат со традицијата, па дури и правото го научиле да го игра. А, и да напоменам дека невестата не носеше „торта“ фустан, туку обичен бел со светки, шиен од пријателката на мајка и :emo:

    Бев и на свадба каде што младите го играа валцерот, па после вечерта бендот свиреше песна специјално напишана за нив. Нити балада беше, нити забавна, нити народна. Не знам во кој жанр да ја сместам композицијава. На крајот, просечна свадба како и секоја, со исклучок на фактот дека младите можат да се пофалат со нивната песна.

    На една имаше деца играорчиња. Сите ги гледаа од страна, а на крај добија најголем аплауз. Е за оваа можам да кажам дека беше една од највеселите, а сепак традиционални свадби на кои сум била. Имаше играорчиња и на друга, ама овде не ги пуштија сами, туку се измешаа и баби и тетки и стрини, па и чичковци. Сите на куп. Џабе, не се виде и не се доживеа убавината. До народот е.

    Имаше и една на која немаше земање на невестата од дома, туку си отидоа тој со своите и таа со своите директно во црква. Е потоа беа најозборуваните во градот, како го направиле тоа за да скратат на трошоци.

    Аа, да. На една имаше поставено маса со овошје на средина на салата, а орото одеше околу неа.

    Јас би играла на валцер, ама оној оригиналниот валцер (уште да го научи овој мојот :D ). Можеби би немала „интернатски порции“, наместо тоа би избрала на секоја маса да има сервирано салати, сувомеснато, меса и сл. Ама, шведска маса не доаѓа во предвид. Не би носела пунџа, би имала лежерна, пуштена фризура со понежна (а не „кловновска“) шминка. А ако бидам бремена невеста, пак би правела свадба. Венчаницата широка, со детали кои ќе ми го покријат стомачето, барем за тоа ќе се потрудам. Не од срам што сум бремена невеста, туку визуелно не ми се допаѓа кога ќе видам бремена невеста а корсетот до под папокот, па дури потоа тулот и корпата. Единствено заради тоа. А кој знае, можеби и би облекла сирена модел, зависи од стомачето :D
    Butterflysk ми го зема зборот од уста, како јас да сум го напишала тоа :)

    А на што е последица свадбата ако невестата забремени по веридбата? Хмм... Фустанот ако не е торта, тогаш е чипка и шљокици, зошто чевлите биле салонки, зошто не биле сандали, зошто тортата била фондан, а не шлаг...

    Cka, ајде дај предлог што да носиме место бидермаер? Сподели како ја замислуваш ти твојата уникатна свадба, оти не верувам дека не си помислила досега на тоа, кога веќе имаш одено на толку досадни и кич свадби :) Или се плашиш да не ти краднеме некоја идеја ;) :D
     
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    малку офф топик некој праша за бремените невести... Да ви кажам што сум слушнала од пријателки од поодамна :tmi: демек маживе сакале да ги забременат девојките пред свадба за да се осигурале дека можат да имат деца во спротивно не би ги женеле. Срам ми е дури и да го кажам ова, се шокирав кога го чув но мажот на пријателка на пријателка се изјаснил вака. Што не држи земјава...

    Значи не се однесува на вас феминики немојте да ме напаѓате се работи за еден помал град и помала група на мажи.
     
    На Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    ^
    Има многу такви кои одлучиле дека ќе се женат и скоро се сигурни дека девојката ќе каже-да, ама пред да го постават прашањето пробуваат за бебе. Ова се веќе пресметки, како брак за пари, брак заради статус некаков во општеството, брак оти си во некаква очајна ситуација па ти треба излез. Ми се чини дека брак од чиста искрена љубов, посветеност и длабока поврзаност меѓу партнерите денес е веќе реткост.
     
    На Nausicaa, makedonkamak и joelle им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    На WORRIED.BT, Saraa, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Таа што ја напишала статијата (е сега не знам дали е таа или зборуваше за некој друг, ама во прво лице еднина, целата статија е хаос во тој поглед) од една страна пишува дека -поклон во плик и изгледа како наредба а од друга страна пишала-кој што може нека ми донесе, значи нејзе и е битно да и донесат, кој што може, ама да гледа да може работава :D Да беше толку фина ќе беше од Финска :lol: , наместо да напише јас свадбата ќе ја правам за да ги почастам најблиските а не ги собирам за поклони, одн. поклон не ми е битен, таа се издала самата и целата статија и паѓа во вода.
    Ете зошто треба да се внимава на секој збор кога пишуваш на некој веб сајт.
    Ако смета дека кој колку може треба да донесе, тогаш треба да и биде сеедно дали ќе напише некој поклон во коверт, зашто има луѓе што навистина немаат ниту тањири кај да стават, а не па некои ламби, правосмукалки, бокали, вазни итн.
    А ти ако не сакаш да се дознае колку си однел, па не пишувај име во ковертот. И јас на мојата свадба имав коверти и со потпис и без потпис, ама имав и поклони, што само половина од нив ги искористив, другата половина ми фаќаат прашина во мојата собата кај моите.
    А и друга работа сакам да спомнам, сакам цвекиња, но кога ми го разубавуваат и мирисаат дворот, ама на свадба толку многу ќе се натрупаат, не знаеш што да им правиш. Јас вечерта голем дел од букетите разделив на поблиските ама многу ми останаа. Утредента сите ги ставив во две кофи, хартијата во која без замотани ако беше неоштетена ја вадев. Стоеја така ден-два и почнаа да венеат и да се сушат, џабе фрлени пари. Многу ми е жал за цвекиња кога се уништуваат. А еден букет е најмалку 200 денари. Со тие пари подобро бонбониери да купеле, барем ќе почастиш наредните денови ако ти дојде некој на гости.
    Потполно ги разбирам оние кои носат букети направени со чоколадни бонбони, ем слатко, ем практично, ем убаво а и не се уништуваат цвекињата.