1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето мислење за денешните свадби?

Дискусија во 'Свадба' започната од Saraa, 30 септември 2014.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    На се пресметки да се правело, бре :D Нека овенат п...а им матер, цвеќиња се тоа им е работа :D Убави се и разубавуваат атмосфера. И чоколатцата ќе ги изедеш и посе..ш во шолја па што :D
     
    На bubamara12345 и imelda им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Мене ми беше криво што не уживав во цвеќињата... Следниот ден одевме на меден месец, па на блиските им имав речено да не се трошат за џабе, а скоро сите букети што ги добив вечерта ги раздадов - барем некој да им се порадува.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ееее сеа, тоа ти е како за прасето од кумот да речеш пи*ка ли му матер, нека го заколат, нека умре, тоа му е работа :rofl:

    [​IMG]
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    :o :tmi: :puke: Работава, „мајсторе, зашто се враќаме, кој век стасавме, кочи да се симнам...“ :headbang:
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ех свадбиче од некаде 8000 евриќи, кои роителите ќе ги враќаат пола живот, ако се на кредит земени, па испукани пети, па што би рекла Цка од Будимирци до 9 то колено со поклонче чашки за ракија или сервис оти млади домаќини ќе им требаат. Па се редат , цреши, корени, Домачине добри гости ти дојдоа па Плава циганко, прасенце со јабука во уста и морков во г*з.Дајте парите на тоа младите па да си купат што им треба, а не венчаницата од 600 евра стои во плакар за гужва да прави или оделце некоја марка од 500 евриќи, а пак да не зборувам за ќитки, декорации, дарови на кумови, старосватици, баби, дедовци. Кој како си милува така нека си прави, јас дефинитивно не сум за свадба. Може некое забавиче за друштвенце од млади луѓе, убаво музиче и ете се одбележал тој свечен чин.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.215
    Допаѓања:
    124.195
    Прасето е жртвата, данокот во крв оти двацата го имаат најубавиот ден воживотот. Некој мора да умре, јеби га.
     
    На Bozica1980, mims-89, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nova2014

    Nova2014 Нов член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам секој да си прави кој колку има и како сака
    Главно, сите свадби наликуваат една на друга
    Традиција бел фустан,бомбони со тортата,стара (добра)свадбарска музика
    Некој узива во тоа некој не
    Јас не обожавам но немам ништо против,сите ја знаеме традицијата...и тоа е тоа
    Не се согласувам со некои феминики што осудуваат невеста со стомак до "заби"
    Некој немале термин за свадба порано па расте мешето(за убаво нека е)други забремениле за време на вреридба,а некои па правеле свадба па се мачеле 1 па и 6 години(пример е моја блиска другарка)за бебе
    Мене тоа не ми смета и не ми е чудно
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Земаш кредит, месиш погачи, фустани, костуми, дреч и кич до в таван, тапанот опа иха, пликоа летаат, на маса пикаш храна в уста повеќе отколку ти собира, тепачка за бидермаер, на крај кој што донесол, слики на фб, чао, пријатно.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се и алал да ти е за тоа што си ја остварила свадбата од соништата. Оние на кои им се плука можат само да плукаат и да живеат со ограничено размислување. Бидејќи да, тоа е ОГРАНИЧЕНО а не модерно, бидејќи како ние што сфаќаме дека некој мрази свадба, треба и да се погледне од наш аспект зашто свадбите ни се убави. Фустанот торта, сме сакале да бидеме принцези... не е ли тоа навреда? Не е ли тоа исмевање на нечиј избор? Исто така и тоа за мажењето бремени. Ако толку се размислува овде плитко, еве ќе зборам лично за мене да доловам пример... Да не објаснувам многу, само Господ знае колку го сакам дечко ми. И сега што ако утре дознаам дека сум бремена и решиме нормално да се земеме? Тоа значи јас дека не сум се омажила од љубов? Бог да чува и да брани. Со сите постови што се согласив стиснав „ми се допаѓа“, но пак ќе додадам дека нема ништо поубаво од тоа да застанеш до човекот кој го сакаш во бело и да го ставиш твојот потпис и да кажеш „да“ пред Господ. Нели сме верници? Тогаш тоа е најубавото нешто. И да, сите обичаи сакам да ги правам, едноставно и јас ја ценам нашата традиција и сакам да го доживеам тој ден, за тоа сонувам и не за да бидам принцеза, туку бидејќи баш така сакам да го прославам денот кога ќе станам официјално негова. Оро? Ма има да рипам и да скокам бре, на вулгарностине на Ријана да не ќе ја славам мојата љубов? Или што рече некоја феминка погоре, Мајли да не треба да ја викнам? Млада сум и обожавам оро, повеќе го играм орото на свадба отколку забавните. И многу други млади луѓе. Секој си има право на вкус и ние не плукаме по тие што мразат свадби дури иако ако треба да бираме што е понормално? Традиција која се шири со колена и која сеуште ја прават многу луѓе, што значи дека вреди нели? Или модернизираниве мислења? Озбилно верувате дека можат на повеќето млади денес родителите да им наметнат да имаат обичаи. Па тоа се нивни желби бе луѓе, само блиските идат дома, за тие што ќе кажат ќе се тресат старите? Денес има и модерни стари, не може така да се каже, поготово не дека ги убедувале. Правење свадба за собирање пари за одвоен живот од свекрвата? Озбилно?? Ма не се глупирајте со овие глупави недокажани ставови, кажи не ми се допаѓаат свадбите и толку, нема потреба од иронија но бидјеќи веќе се употреби се осмелив и јас. Точно дека им доаѓа добро паричката на младите, на кој млад брачен пар не му треба паричка? На кој човек не му треба паричка? Но тоа е далеку од тоа дека кани луѓе само заради парите. Ако пишал поклон во плик, може изгледа глупаво, но ја ценам искреноста повеќе отколку тоа како е формулирано. Зашто гостинот да се изнамачи бирајќи поклон и да ги потроши истите пари (секако, не се носи шкарт роба на свадба), а утре тебе да не ти користи тоа и да добиеш може уште 10 исти и да ги даваш и ти ко поклони или негде да собираат прашина? И да не пишува така веќе се знае што им треба на младите, пари, па тие ќе си се средат како сакаат. Ова напишаново е само олеснување за сите, нема ништо безобразно тука. И да, ги обожавам балканскиве свадби бе. Сметам дека странскиве не им се рамни, и странците сметаат исто така. Како што кажа Абеја, музика, веселба до доцна, пијани од алкохол и љубов, разиграни... Тоа е само мал дел од тоа како би ја опишала јас свадбата. Све се измодернизира и по светов и во Македонија, уште ваквите работи ни останаа на нас, оставете не барем нас „простите“ да поуживаме во тоа додека сите не се претвориме во роботи од ова многу модерниве начини на живеење. ;) Плукање, во себе и за себе, кога се работи за нешто што се однесува на вас. Се согласувам дека не мора да им се оди на свадби на не толку блиски (поготово ако немаме намера ни да ги викнеме пази), а на блиските е крајно нечовечко да се плука по нивната среќа, колку и да е против ваш вкус.
    Зборев во множина ама се знае за кој ми беше постот, кој најцврсто си го брани ставот како само тој да е во право. Дури и да е, не можеш со сила да убедуваш спротивници на твоето мислење. И многу и беше навредлив пристапот кон ButterflySk, без таа ни да наведе дали се омажила бремена и каква и била свадбата.
     
    На butterflysk, Abeja и Nati.P им се допаѓа ова.
  10. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    Jas pravev i svadba i krstevka zaedno. Ustvari toa bese nesto kako kratka proslava, ne traese kako klasicnite svadbi, nemase grupa "Merak" "Tandem" ili kako god tuku imase dvajca eden na sintisajzer eden pevalec :rofl: muzikata bese i ora i veselo I srpsko i latinica :lol: anglisko de. Po nevesta pa svatovi pa k..ci palci nemase. Fino dojdoja kaj nas kum, dever, starosvat, tatkovcite I majkovcite :D sestri i braka i zaminavme v crkva pa direk v restoran. Poveke se raduvav za kerka mi otkolku za mojata svadba zosto iako ubavo si pominav mi bese golem teret i izmacuvanje. Se spremav sama, doticnite gospoda svekre i svekrva ne se pojavija pa uste i mu posakaa ubavo da si pomine na maz mi. Kako i da e.. Se rasprikazav mnogu. Sakav da kazam koj kako saka aka jas mislam deka se izlisni trosoci pa kanis petko janko i trajko pa letaat baknezi i guskanja pa lele kolku se sakame po svadbive a se gledame samo za veligden ili procka. Pa ajde sega turkaj vratava da ja zemime nevestava a taa veke 5 meseci kaj mazot pa sega se vratila doma. |( ili ajde vnesija v race a taa veke 100 pati se preterala niz vrata. Znaci ne e to-to. Da, imalo ubavi adeti ama denes nemaat smisla veke. Ziveeme moderno a svadbi pravime po starski - so site obicai i adeti.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Е така да мислиш кога правиш ручек дома или чекаш да ти ја донесат скарата во кафана, дека некое свинче/пиле се жртвувале за да си го наполниш желудникот :lol:
    Во животот правиме многу жртви, секој според своите убедувања и желби. Јас сега жртвувам од своето време додека пишувам на форум.
    Цвеќето е жртва за бидермаерот, јаболкото е жртва за естетиката на печеното прасе, стекот е жртва за гостите, само жртви, мислиш македонска крвава свадба :rofl: јбг
    А повеќе од половина, ма скоро сите бе од тие што се прават мразачи на свадба и традиција, истите тие кога ќе им дојде време за свадба-ќе направат свадба па и со пропратни обичаи. Ама мора да се хејта, да се издвојува од толпата, да се биде модерен нели.
    Јас за свадбата се подготвував со љубов и мерак, не дека сакав да ја доведам до совршенство, туку сакав да помине удобно, пристојно и весело.
    И ептен ги сакам на свадби песните-ти само ти ми лежиш на срце и ах да беше стрела песната, покрај евергринот -цреша се од корен корнеше :lol:
    А песната-да закопчам и елече не треба ми дано или што знам кој беше...знаш да момци воле кад је откопчано, не и местото на семејни собиранки дека е многу еротска :rofl:
     
    На simoncelicius, Lovely93 и butterflysk им се допаѓа ова.
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас сум бρемена и свадба нема да пρавам :D :D :D значи изρод сум јас.
    Не се согласувам деκа свадба се пρави само аκо невестето е малκу тρудно, тешκо де. Тоа нема вρсκа ниκаκва со ρеалноста.
    Пρочитав деκа неκои мажи имаат тешκи пρимитивни сфаќања κаκо жената се тестиρа пρед бρаκ т.е дали ќе може или не може да ρоди. Боже, сешто. Таκви глупости може пρеовладувале пρед неκолκу веκа. Тρеба да неκој е дно од човеκ па таκа да ρазмислува.
    Ρазлични луѓе, ρазлични ρазмислувања и постапκи.
    Има свадби κои се пρават од ќеф на душата и се е убаво и пρеκρасно κога нема стеги и пρитисоци. Едноставно со задоволство се планиρа сеκој детал. Има и свадби κои се само κолκу по ρедот да се помине и однапρед да се пρесмета κолκу паρи ќе се собеρат и κаде потоа ќе се вложат. Мизеρија.
    Во мојот случај нема свадба да има. Јас таκа одлучив и точκа, κρај. Ρодителите наши немаат пρаво на глас и κаκо јас саκам таκа и ќе биде. Мој избоρ и пρаво. Ние ќе се ρегистρиρаме во општина само и после тоа на еден ρучеκ во κафана пρисутните гости. Нема ни фустани, ни адети, ни бовчи, ниту поκлони. Ρучеκот κолκу да се пρослави и обележи денот. Јас имам голема фамилија и не планиρам гостите да ги пρевезувам со автобус во дρуг гρад. Нема да ги тρошам моите и нема да дозволам да се задолжуваат со κρедити и отκаκо јас ќе заминам бел ден да не видат од долгови. Не, благодаρам. Моите ми обезбедиле неκои дρуги и поважни ρаботи и нема потρеба од непотρебни и дополнителни тρошоци. Тетκи, вујни, внуци и пошиρоκа фамилија аκо саκаат и аκо имаат вρеме неκа повелат на гости κај мене. Вρатата е отвоρена за сите што ме саκаат, значи не наметнувам на ниκого ништо. Во моментот имам многу поважни ρаботи отκолκу да се спρемам за голема веселба. Многу ми е побитно бебето да ми е се во ρед, него да сум под стρс неκолκу месеци за една обична свадба.
     
    На bubamara12345, Umbrella22, sadgirl21 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Бла бла бла само да се зборело.Ќе разберев да се искритикуваше дел од денешниве свадби разлицни вкусови нели не може се да ни се допадне ама да се најде маана на цела свадба на секој детал како Cka што опиша мислам дека претера.Значи ги исчитав сите мислења ама додека го читав на cka толку дрско напишано за невестиве, дури негативно.Ги канеле до шесто колено збориш 100 год не се виделе па ти што бараш да одиш јас па тоа не можам да сватам.Еве и моите се канети сега кај прв братучед на мајка ми ама ние не одиме баш од таа причина што ги имам видено 2-3 пати и сега да им одам да им играм да се веселам јас па тоа не го можам,ама добро може ти не им играш :?: .И ти како вака многу модерна би те замолила да кажеш како ти замислуваш една свадба. А во врска моето мислење за денешниве свадби право и најискрено да ви кажам одам кога ке ме поканат блиски и не гледам дали невестата има пунџа или носи торта фустан гледам јас да си поминам убаво не сум до толку ситничар да гледам се.Невестиве баш ми се убави еве ги гледам и на интенет на страни на фото студиа и можам да кажам дека не се сите како што некои рекоа со торти фустани има и сирени има и со кратки тие не знам како ги викате :P ..За музиката ова да не се свири ова се не се свири епа што бе луѓе.Тоа се тие песни ете на некои им смета туѓа си бескрајно на некој изгледаш ми као луткица из трсту како и да е епа што знам на овие опера да им пуштат и нека седат на маса и нека кулираат.Како и да е едно знам дека и најмодерна и најлуксузна и најелитна како и наједноставна да правите секогаш ќе се најде некој како cka и ке најде маана на секој детал на секоја ситница.А јас мојата ке ја правам традиционална пошто не сум толку модерна :P си ги сакам обичаите :)
     
    На bubamara12345, Nati.P, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сите свадби кои се направени се според желбите и можностите на тие што ги прават. Замерка не треба да се наоѓа тоа е денот на кој некои стапиле во брак и го прославуваат како што сакаат.
    Украсување, музика, фустани, шминка се исто по желба, можности но и вкус. Ако некој сака торта фустан, сирена , обичен како спавача или сл.нека носи. Едноставни немаме сите исти вкусови. Исто и за флизурата- прашање на вкус.
    Музика- па ако не се старите добри песни, ора и по некој ју хит на што ќе се игра? Почитувам да има од секој жанр и секој да се расположи.
    За храната не коментирам, што викаат и на секој прасе да му дадеш ќе најде мана ( ова за пример). Шведска маса е добра опција ама ако прославата е со млади. Неодамна бев на свадба со шведска маса, изборот на храната беше топ ама бабите, дедовците и тие што се посрамежливи ме пукнаа терајќи ме да одам да им донесам за јадење.
    Е сега во однос на адетите од времето да не ги набројувам, лично мене ми нема логика да се оди по невеста, да се буткаат на врата а младоженците живеат заедно веќе години и години. Како јас:) ние живеевме заедно 9 години и 10 - та правевме свадба и они допрва ќе доаѓаа по мене ( а ние веќе сме си створиле сопствено живеалиште и сл).
    Помодернизирани се денешниве свадби и тоа е ок, но може е за во др.тема, многу често слушам коментари од типот дека родителите ја прават свадбата па ќе поканат кого сакаат и свадбата ќе биде како они што сакаат. Е тоа не ми се допаѓа,
    Нас за среќа никој не ни се мешаше и поголем дел од трошоците ние ги покривме ( може и затоа:) ) и математиката е дека многу повеќе потрошивме отколку што добивме ( без разлика кој плаќа). И пак не се каам за ништо. Суте тие луѓе да ми доаѓаа поединечно дома ќе потрошев повеќе и ќе бев претрупана со гости.
     
    На bubamara12345, mila25ve и Lovely93 им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.215
    Допаѓања:
    124.195
    Не сакам свадби, особено не типични и секојдневни ради реда. Имам по другите теми пишувано за тоа што мислам за тоа дали треба или не свадба. Непотребен трошок е тоа, ама нели, некои луѓе немаат поубав ден во животот, и тоа.
    Си кажав, обожователи на свадби, не читајте и ставив спојлер. Ама тоа е, ко да реков читајте :)

    Ако сакаш традиционална свадба, не модерна, еве ке ти кажам непто од традициите наши. Пред 50-60 години, имало нешто што се вика чисти понеделник. Традиционално, македонската невеста била невина, не трудна. И на чисти понеделник се покажувал чаршавот со крв, се палеле гаќите на мајката на невестата, невестата служела блага ракија, и пееле песни со чаршавот. Ако немало крв, невестата ја враќале дома на магаре наопаку завртена. Тоа го имало повеќе од сто години во традицијата на македонските обичаи, барем така покажуваат истражувањата. Тоа е опишано во неколку книги. Претпоставувам оваа традиција ке ја избегнеш.

    Во некои делови од Македонија, традиција пред триестина години било, освен тоа што невестата ќе биде поштена :) да живее од веридбата до една недела пред свадбата за да го научи домакинлукот на свекрвата. Нормално, спиела без вереникот.

    Друг обичај во Македонија, пред не многу одамна е и играњето на фустанот на невестата. Една мома од на момчето страната и една мома од кај невестата играат облечени во фустанот. Друг обичај е мако дете да се валка во бовчите на невестата за машки да раѓа.

    Обичај е и момчето да го бричат и мијат на денот на свадбата другарите. Обачај е и невестата да се зема од дома пешки, да се оди по еден пат и да се враќаат кон црква по друг пат, да не се вратела невестата дома. Денеска пешки само ако се комшии. Обичај е родителите на момчето или на невестата, не се сеќавам, да не влезат во црквата.

    Македонскиот традицонален невестински фустан не е бел и не се гледаат цицките преку него. Се знае како е традиционалното македонско.

    Традиционални се песните со зурли и тапани, староградските песни, секако не е Чик Чик погоди и Моја мала нема мане.

    Факт е дека ништо не е традицонално, се се менува, нормално е да се менува и да се оди напред. Ама напред во смисла да не се игра прасето, а невестата вегератијанка, битно чочекот со прасето го игра. Напред во смисла живеат двајцата 4 години заедно, во заеднички стан, ама ке се оди по невеста од кај мајка и. Напред во смисла да не пишува поклон во плик. Напред во смисла да не се пракаат фермани преку писмоносци, туку да се поканат како и за се останато. Напред во смисла да се сфати дека не треба толку да се трудат за свадбата, туку за бракот. Сум гледала како невести плачат оти влакно им испаднало настрана, свекрви како врескаат кога ке чујат дека невестата не го зема презимето на мажот и милион други стресови за најнебитни работи.

    А тоа зошто одам на тие свадби... па како да ви кажам. Имам обврска да им отидам :) Мое е да отидам, а нивно е да облечат бел фустан и да играат на Чрешна се од корен корнеше, мома се од мајка делеше, а они разделени со години.

    Како и да е, ни се разликуваат вкусовите, јас секогаш ке бидам против непотребните „мора“ работи, секогаш ке има некој кој ке се држи до тоа - како сите така и јас. А јас ке бидам секогаш поинаква.
     
    На Bozica1980 и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Невестата кој ден ја водат на вода, и деверот и дава да се напие од невестинската кондура :D

    Чист понеделник е тоа што го викаат погазејќи? :^)

    Ако правев свадба, јас ќе ја правев со сите зарзавати од нашиот крај. И пешкири ќе шиев и сватови ќе ќитев со гранче од борче, и рака ќе им целивав на гостите пред вечерата. :lol:
    Веќе не се знае свадби ли е што ли е. Не само кај нас. Еве во последно време на две англиски свадби. На ниту една невеста не и свиреше here comes the bride додека влегуваше во црква. Ќе му дојде еквивалентно на нашата черешна да не ја откорнат на свадба. Сакала она да влезе на love lifts us up. Абе, порачај си ја за прв танц. Се знае на која песна влегува невеста во црква. Мислам, се знаело. Сега уште фали некоја на who let the dogs out да зачекори кон олтарот. |(
    Изненадување од или другарите на младоженецот, или деверушите, со несинхронизирани рутини, раце и нозе на сите страни без осет за ритам, и закачување видео уште истата вечер на јутуб со - we rocked the wedding. Не го можам. Уште помалку кога невестава го терала младоженецот да ја играат dirty dancing, ама без да ја подигне во лебед, кога ни тој силен ни таа ситна, па ај само ќе скокнеме еден кон друг, и на прегратка ќе ни ракоплескаат гостите. А тие ракоплескаат оти конечно е крај на таа сцена и не мораат да вртат очи само додека никој не ги гледа.
     
    На tessie и Abeja им се допаѓа ова.
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Значи го напнавте до максимум |(
    Ај некоја нека ни каже каде тоа пишува дека ако свадбата ги нема адетите од типот буткање врата, бричење на зетот, кршење погача и сл. дека е
    не е воопшто важно кој го кажал ова, начинот на кој се омаловажуваат свадбите кои не се традиционални е многу дрзок
    Се лутите кога некој ги критикува традиционалните свадби, а самите не покажувате ни тронка разбирање за оние кои сакаат нешто поинакво од вас.
    Сум го кажала моето мислење за свадбите и на други теми, ќе го кажам и сега.
    Свадбата е собирање на роднини и пријатели за заедно да го прославите бракот. Изгледот на прославата е според желбите на младенците. Или уште поточно, изгледот го одредува оној што ја плаќа свадбата.
    Понекогаш тоа се родителите. И нема лутиш.
    А свадбите си личат една на друга затоа што сите оние кои се вклучени во организацијата на свадбата (од цвеќара па до ресторан) си имаат веќе утврдени пакети за нештата побргу и полесно да се организираат и со тоа да се заштедат време, а и пари. Кој сака нешто поуникатно ќе треба подлабоко да си покопа во џебот.
    На крајот на краиштата, секој според своите можности. Затоа што, да бидеме реални, ретко кој од нас може да си ги оствари во целост своите желби за тоа каква свадба сака.
     
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Cka, кај нас пак гаќите на свекрвата ги палат :D
    Не си должна да им одиш на свадби, ама изгледа поинтересно ти е да лупнеш пари за подарок и потоа да мрчиш ]:) :D
    И дај напиши го твоето мислење со нови идеи тука, оти искрено ме мрзи да ти пребарувам во мислењата, тука барем сите ќе можат да прочитаат зошто толку си против традиционалните свадби и што предлагаш да се внесе како новина ;)
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Кога ќе напишеш мислење на форум, го пишуваш за да споделиш мислење и нормално е да се чита. Не можеш да ги делиш мислењата на кој да ги чита а кој не. И на крајот на краиштата, ако сите што коментираме имаме исто размислување, која ќе биде поентата на дискусијата?

    И нема потреба од толку хејтање. Многу од претераните обичаи се искоренети денес, неколку се останати кои се сосема во ред. И тие што ги прават ги прават затоа што така им е ќеиф и пак ќе кажам, не знам која е потребата од толку хејтање и преувеличување. Се напнуваш како ние тука да ти рековме мораш да правиш свадба. Секој со својот став и секој за себе си прави, нели? ;) И многу трагично ако им одиш на свадба од што мораш и за после тоа да ги оговараш. Верувам дека такви гости не им требаат, поголема услуга ќе им направиш ако не отидеш. Сигурно на еден радосен настан не е потребен некој што носи сам по себе негативни вибрации за таквиот настан. Поздрав.
     
    На Bibko и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум била на свадба, па немам многу право да коментирам околу свадбите дури не одам на некоја(за среќа во наредните 4-5 години сигурно ќе немам ниедна, освен ако не остани бремена некоја од другарките во меѓувреме, оти и тоа е трошок голем), ама редовно ми излегуваат слики на фб од свадби на луѓе кои ги познавам онака. И има слики од фотосесијата на зетот и невестата, па фатени во скок со пријатели и први братучеди, в црква итн итн. Сепак најповеќе се прашувам што се случува со целото тоа јадење кај невестата? На масите нема место игла да фрлиш кетеринг, овали, овали, па се е така убаво сервирано да му е грев на човек да се послужи, кога гостите се таму едно 10-15 минути колку да ја земат невестата. А сето тоа дали ќе е кетеринг или дома правено, сепак е скапо.